Дури и нобеловците како што Ангус Дитон се уверени дека опасната болест може лесно да ги заостри социјалните нееднаквости. Смртноста и заболувањето од ковид е далеку позачестена кај сиромасите во т.н. богати земји отколку во сиромашните. Во Лондон е многу полошо на тој план отколку во Центрачна африканска република. Веројатно подобро минуваат земјите кои имаат понизок просек на староста кај населението, бидејќи годините играат значајна ролја во заболуваето од ковидот
Во последните месеци приходите од капиталот растат со големо забрзување и како и заштедите кај дел од вработените кои становите ги претвориле во домашен офис. Берзите го потврдуваат она што можеби не е многу видливо кога вестите се далеку од растот на акциите.. Во исто време дел од вработените губат работа, газдите имаат повод да прогласуваат технолошки вишок. Оние работници кои се врзани за одредени грабнки кои се први на удар (угостителство, сообраќај) или кои живеат од издавање на деловен простор сега се „аут“ и не можат да знаат дали работите ќе се поправат а згора ја немаат и онаа „варијанта Б“ која кај наас значи заминување во странство, за една сезона или за стално, бидејќи сите границисе се цврсто закатанчени.
Сер Ангус Дитон е економист – добитник на Нобелова награда и емеритус професор во Принстон, кој ги истражувал за економските неправди во текот на целата своја кариера. Што се нетовите согледувања на оваа тема?
„Нееднаквоста ја премина границата кога имаше можност сите да се надеваме дека кога-тогаш ќе се збогатиме и сега таа е многу сериозна закана. Загрижен сум за светот во кој богатите пишуваат правила што другите мора да ги слушаат“, изјавил тој во Принстон уште во 2015 година додека се славела неговото „Нобело“. Не неодамна на таа тема одново говореше во интервју за Лизи Берден и Бен Чу, новинари на лондонските весници Телеграф и Индепендент.
Неговото прво сознание на тема – работниците и кризата со ковидот е дека се зголемувва неднаквоста меѓу самите вработени. „Многу луѓе работат во служби за итни случаи, супермаркети или месна индустрија. Овие работи, за разлика од некои други, не можат да се вршат од дома, а тоа е најочигледна поделба. Постојат и други поделби во САД што не ги разбираме целосно. Зошто црните и латиноамериканците се снаоѓаат толку лошо? Некои луѓе го обвинуваат здравствениот систем затоа што болниците достапни за Афроамериканците се многу помалку опремени. Но, причината може да биде и нивната работа“.
Нобеловецот сугерира дека работодавачите ја одржуваат вработеноста на ниво која значи дека се уште можат да „цицаат“ на сметка на трудот. Укажува дека дури и оние професии кои се „на првата линија на фронтот“ не заработуваат толку колку што можеби се очекувало (бидејќи се анализирале САД и Британија, веројатно рзвиениот свет се уште може да смета на увоз на евтина работна сила во сите профили).Видливо е според нобеловвецот дека се зголемува бројот на самоубиствата
Има и други индикатори („смрт во очај“) како резултат на прекумерна употреба на дрога или алкохол. Постојат многу шпекулации дека социјалната изолација и пандемискиот очај ќе го зголемат бројот на такви смртни случаи, но за тоа се уште нема веродостојни податоци. Американските податоци, по нобеловецот сега говорат за 160.000 „смртни случаи во очај“ годишно; а во нормална година пред две децении, биле 60.000. Имаме, според тоа, сто илјади дополнителни „смртни случаи од очај“ годишно и скоро никој од мртвите немал високо образование. „Тоа е огромна поделба. Очекуваниот животен век на 25-годишен маж – понекогаш наречен ’очекуван животен век на возрасните’ – го достигна својот врв во 2012 година и не го достигна повторно. Сепак, очекуваниот животен век на дипломираните студенти продолжува да расте, така што целиот пад на очекуваното траење на животот им припаѓа на луѓето кои немаат универзитетска диплома. Таа огромна поделба е постара од пандемијата, а пандемијата само ќе ја влоши“
Да го оставиме сер Дитон и да видиме каква е ситуацијата кај нас. На планот на социјалните разлики. Државниот завод за статистика (ДЗС) мери минимално, но континуирано намалување на GINI коефициентот кој ја мери разликата меѓу богатите и сиромашните.
GINI во 2015-та изнесувал 0.337, во 2016-та бил 0.336 а во 2017-та (последни достапни податоци) се спуштил на 0.325. Сепак тоа се мерења далеку осд корона периодот! Да потсетиме дека GINI е мерка на нееднаквоста на приходите. Вредноста на коефициентот е дефинирана во распон од 0 до 1, при што ниска вредност индицира подеднаква распределба на приходите или богатството, а висока вредност на нееднаквоста. Доколку GINI изнесува 1 тоа би значело дека во конкретното општество едно лице го поседува целиот приход, а сите други немаат приходи. Од земјите во регионот освен Словенија која стои фантастично добро и на глобално ниво, солидно котираат и Албанија со 0.290, Србија со 0.291, Црна Гора 0.319, Хрватска 0.322, Босна 0.331, Грција 0.358, Бугарија 0.374.
Јавното мислење не го дели ставот со статистиката – се прценува главно дека разликите меѓу богатите и сиромашните не само што не се намалуваат туку и се зголемуваат.
„Па погледнете само какви автомобили се возат низ Скопје, тоа доволно кажува. Се почесто може да се види Порше, Ламборџини или Хамер. Такви коли беа незамисливи за овде пред 10 – 20 години. Од друга страна над 90% од другите возила се стари десетина година и чинат во просек по две илјади евра“, вели жител на главниот град во јавна анкета.
„Јас мислам дека сиромашните се’ се посиромашни, а богатите се се побогати. Па на обичниот работник платата е замрзната со години, а трошоците растат. Како тогаш би се намалиле разликите?“ вели жителка на Скопје.
Пензионерите пак се присетуваат на старите и како што велат добри времиња. „Во бившата држава скоро сите бевме исти. Секако дека тие што беа во Партијата не се мереа со нас, ама барем не се покажуваа јавно. Во Југославија беше срамота да покажеш дека имаш повеќе од другиот“, вели пензионер од Скопје.
Она што онака, на прва топка, може да се каже за ситуацијата со короната е дека државата, преку значајно задолжување обезбедува средств а со кои колку – толку се обезбедуваат редовни приходи а I gubeweto na rabota не е толку изразено, иако е логично тоа да се зголемува. Видливо е дека разните форми на донаторство и социјална грижа кои функционираа како дел од самозадолжувања на граѓански здруженија, сепак олабавуваат со еланот, како што короната ја продолжува „зимската офанзива“.
Ова е секако методот кој е произлезен од нуждата на одговорна држава ама е тешко да се замисли на подолг рок. Впрочем, методот го има и проблемот на намален приход за државната каса, заради намалена потрошувачка.
Генерално, социјалните разлики во време на корона не може да се подобруваат, можат евентулно да стагнираат. Македонската влада преку разни ваучери се обидува да ги претвори посиромашните во потрошувачи кои барем малклу треба да можат да го „држат носот над водата“. Во однос на здравствените услуги забележливо е дека кога капацитетите во здравството се пополнуваат, сиромасите се на „промаја“ а приватните болници, каде слободни места има, се однесуваат како вистински „воени профитери“.
Во развиените земји ситуацијата на овој план наликува на вистинско популационо чистилиште. Навистина, прашање е дали големиот број на заразени и починати би бил толкав ако не расте невработеноста, како во САД, на пример.
– Здравствено осигурување при вработување е целосно глупав систем што го уништува пазарот на трудот за работничката класа, а тоа беше точно дури и пред пандемијата. Ковид-19, се разбира, што покажа уште еден аспект на таа глупост – милиони останаа без работа, а исто така го изгубија и здравственото осигурување. Ова не се случило во Велика Британија, каде луѓето сè уште можат да контактираат со Националната здравствена служба. Никој на улиците или стадионите не извикува благодарност до американскиот здравствен систем – вели погоре споменатиот нобеловец. – Ако направите табела со очекуван животен век на вертикалната оска и приходот по глава на жител на хоризонталата, ќе ја добиете линијата Престон, наречена така по Семјуел Престон. Постои многу јасна позитивна врска помеѓу здравјето и приходот. Во сиромашните земји, очекуваниот животен век е исто така краток, па луѓето се двојно оптоварена – не само што имаат ниски примања цел живот, туку живеат и пократко. Ако ги земете податоците од Оксфорд и го споредите бројот на жртви на пандемија на милион жители со БДП по глава на жител, корелацијата е повторно силна, но токму спротивното од она што би го очекувале – бројот на смртни случаи на милион жители е далеку поголем во побогатите земји. Богатите земји имаат одлични болници, одлична здравствена заштита, тие се организирани … Дали повеќе сакате да се соочите со пандемија во Лондон или во Централноафриканската Република? А сепак, ако ги погледнете податоците, Лондон е многу полош од повеќето африкански метрополи. Се разбира, насекаде се развива пандемија, и кога сè ќе заврши – за една или две години, се надевам – ќе испитаме, и таа корелација може да исчезне. Можеби нашите податоци се лоши. Можно е ниската стапка на смртност во сиромашните земји да произлегува од фактот дека таму никој не смета точно. Но, засега се чини дека навистина постои мистерија и дека бројот на смртни случаи во посиромашните земји е навистина далеку помал отколку што би очекувале. Ова е делумно затоа што нивната популација е многу помлада. Ако тој формат потрае, светот ќе стане многу порамноправен?!
Ова тема очевидно има многу димензии, многу разлики ефектите врз совијалните рзлики во однос на стпенот на развиеноста на одделна држава, на социјалната политика која се води во неа а гледаме и во однос на степенот на опфатот со здрвствена заштита.