На ФБ постојано има асоцијации за тоа дерка таинствена русокоса се сретнува со експремиерот Груевски. Таа стана потоа и Унгарски конзул во земјава. И Алтернатива ја поддржа Арсова како кандидат на нивната партија за градоначалничќка на Скопје
ВМРО-ДПМНЕ застана зад Даниела Арсовска: Убеден сум дека го имаме идниот градоначалник на Скопје,рече шефот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски само потврди деа ќе ја поддржат Даниела Арсовска за кандидат за градоначалник на Град Скопје. Тоа според него е со цел, натпартиски човек да ги обедини сите. Таа според него е докажана личност. Медиуните се полни со асоцијации дека Арсовска е потенцијална русокоса која се сретнувала со Груевски во Будимпешта а фактот што потоа доби подршка и од Унгарија како нејзин конзул во зермјава секако ги засилува тие шепотења за „чардашот“ на оваа децениски подржувач на ВМРО ДПМНЕ од наводно независ ни позиции.
„Во Скопје има недостаток од градоначалник и тим кој ќе го унапредат градот. Делови на Скопје немаат вода за пиење, имаат проблем со канализација, Партизанска се поплавува, нема Луна парк, а има бетон, бетон и бетон. Бетонот го загрозува квалитетот на животот. Епилогот е создавање на апатија, гадење од политика кај граѓаните, демотивација. Затоа на Скопје му е потребен менаџер на градот. Личност кој ќе ги обедени сите“, рече Мицкоски.
Застанувањето зад Даниела Арсовска, според Мицкоски е сигурна победа на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.
Арсовска е на чело на Сојузот од 2014 година. Претходно беше член на Управниот одбор и претседател на Услужна комора. Таа е член и на Советот за јавно приватно партнерство во Владата на Република Северна Македонија.
Арсовска има магистратура по економија од Универзитетот во Оксфорд и Универзитетот во Шефилд. Независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Даниела Арсовска се сретна со претставник на Алијанса за Албанците. Со оглед дека таа ќе биде поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, тоа значи дека ќе ја добие и поддршката на албанската опозиција која влезе во коалиција со оваа партија.
„Конструктивна средба со Арбен Таравари генералниот секретар на Алијанса за Албанците, доктор и актуелен градоначалник на Гостивар и Беким Сали, кандидат за градоначалник на општина Чаир од Алтернатива. Разговараме за идеите и решенијата за Скопје за новата програма за градот. Заедно заклучивме дека се неопходни квалитетни и ефикасни решенија за Скопје и скопјани“, напиша Арсовска.
СДСМ и официјално го промовираше актуелниот градоначалник Петре Шилегов како кандидат за градоначалник на Град Скопје. Адвокатот Александар Тортевски, еден од основачите на партијата “Твоја”, ја најави својата кандидатура за претстојните локални избори, како кандидат за Град Скопје. Тој вели дека во вторник на официјална прес конференција ќе ја соопшти официјалната одлука.
-Се уште не сум ја објавил официјално кандидатурата. Во вторник ќе имаме официјална прес конференција и ќе промовираме дел од кандидатите. Јас сигурно ќе одам за Скопје, напиша Тортевски на Твитер.
Ана Петровска, поранешната директорка на Државниот инспекторат за животна средина ќе биде кандидат за градоначалник на Град Скопје на коалицијата Зелен хуман град на претстојните локални избори. Петре Шилегов од СДСМ ќе ја бара довербата на граѓаните на Скопје за нов мандат. Даниела Арсовска влегува како независен кандидат. А Петар Георѓиевски-Камиказа е кандидат на Левица.
Доста сложена е сликата во Центар, каде се уште, викендов зас нас не беше јасна позицијата на власта во однопс на кандидатот кој ќе ја добие поддршката. Саша Богдановиќ не се откажува од тоа одново да биде кандидат за градоначалник на Центар, додека високи функционери го форсираат Горан Герасимовски, а потпретседателот Венко Филипче за позицијата ја „мести“ директорката на Инфективна клиника, Милена Стевановиќ, додека на анкетите високо котира директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Ирина Бухова. Внатрепартиските калкулации одат дотаму да со денови нема согласност и единствено за кандидат.
Засега, според извори во СДСМ, сигурно е дека Бухова би им донела победа според реакциите на граѓаните, анкетите и проценките кои се правеа изминативе месеци. Токму тука се судираат копјата и дилемите на партијата. Но, Филипче ја форсира Стевановиќ, што според калукациите, може да донесе многу незадоволство бидејќи таа докторската и менаџерската функција би ја напуштила во сред пандемија кога има илјадници заразени, докторите трансферираат од клиника на клиника и работат со ротации поради недостаток на кадар. Во моменти кога има и независни листи, а ВМРО-ДПМНЕ оди со кандидат поддржан и од „Глас за Македонија“ на Солза Грчева, тоа може да биде губење на изборите за СДСМ.
За овие тврдења, нема потврда, но и негирање од СДСМ. „Скопје1“ испрати прашања на кои не добивме одговор за тоа каква е поддршката за Стевановиќ на анкетите, но и дали Бухова сепак ја има најголемата поддршка од жителите на Центар. Оттаму не одговараат ниту дали има несогласувања и околу прашањето кој да биде кандидат.
„Скопје1“ веќе објави дека СДСМ до последниот рок нема да го каже кандидатот за градоначалник на Центар за локалните избори. Анкетите се завршени одамна, но се тактизира. Ова, остава впечаток за обид за елиминација на актуелниот градоначалник, Саша Богдановиќ кој ни самиот не знае која ќе биде одлуката на партијата. Слична ситуација имаше во Куманово, каде актуелниот градоначалник Максим Димитриевски за еден ден ги собра потписите за независен кандидат, откако СДСМ до последно молчеше дали одново ќе биде нивни кандидат. Глобус проценува дека МПЦ веројат о ќе дува во грбот на Богдановиќ заради начинот на кој се водеше „!битката“ за викокатниците пред Холидеј Ин, иако тоа нема да го прави јавно – тој замина за Косово за да се венча пфред попови на СПЦ. Зад него – исто така потајно – би биле и бизнис кгуровите кои се врзани за проектот „облакодери во сфрцетот на градот“, кои не се наивни а врзани се и за некои круигови на наводно независните интелектуалци. Зад него се и жителите на Центар кои живеат во субстандарни објекти а на кои им ветил дека нема да ги руши, иако се грдотија на градот (Крњево), но тие не се релебантен број. Кпонечно зад Богдан овиќ нема да бидат жителите на најстрогиот центар на Скопје, сигурно!
Функционери од СДСМ засега го форсираат претседателот на општинскиот одбор во Центар, Горан Герасимовски да биде кандидат за градоначалник во општината. Неговото име постојано кружи во медиуми кои се повикуваат на партиски извори. Впечатокот на јавноста е дека на овој начин се проверува пулсот на жителите на Центар, за тоа дали ќе му дадат поддршка, иако, неофицијално на анкетите не котирал високо.
За овие неофицијални информации, засега нема одговор ниту од Саша Богдановиќ, кого го прашавме дали можеби би бил кандидат на друга партија, ако не биде кандидат на СДСМ.
Актуелниот градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев, на претстојните локални избори ќе се кандидира за уште еден мандат како кандидат на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, дознава Фокус.Тука може да се каже дека странскиот фсактор одамна типува на Јанчев како замена на очајнјиот лидер на ВВМРО ДОМНЕ, познат по неговите антизападни позиции. Оттаму Јанчев е веројатно охрабреб да остане во редовите на „демохристијаните“.