Каде е Македонија во оваа војна која навидум не е во нашиот дво? Па да прашаме во пасошко? Можеби таму нешто знаат
Кога пред неколку месеци во емисијата „Центар“ на Васко Ефтов гостуваше висок претставник на црногорската полиција (во пензија) се отвори и темата – од каде толку силни врски на нашата полиција со црногорската? Гостин рече дека таа е стара врска, уште од времето на СФРЈ. За потеклото на овие врски ова го посочи Факултетот за безбедност (отворен при крајот на 70-тите во Идризово) кој во она време бил единств ен од тој тип во федерацијата. Многу кадри од црногорскиот МВР си посакале да добијат високошколска диплома (и тогаш имало доста „гимннзијалци во оваа служба) па нивното доаѓање во Македонија било повод за заедничко дружење со шопска и лозова (белким црногорска, нели).
Гостинот рече дека Кавачкиот клан е создаден вод самата црногорска МВР во време на транзицијата, како и во другите социјалистички земји, па оттаму се отворила и шанса истиот да ги користи „услугите“ на македонското МВР!
Ова дојде како сознание токму кога изби аферата со пасошите заради кои одговараа и се осуден и брзометно две дузини службеници од одделнеито кое издава домашни документи. Тие ја признаа вината и се осудени благо.
Според министерот за внатрешни работи на Северна Македонија, Оливер Спасовски, Министерството за внатрешни работи, заедно со Регионалната канцеларија за безбедност и истраги при американската амбасада и Интерпол, од 2019 година ја истражуваат мрежата на вработени во МУП кои издавале македонски пасоши на познати криминалци ..
„Амбасадата на САД е во тесна соработка со Министерството за внатрешни работи, како и со други министерства и институции во Северна Македонија, за постигнување заеднички цели во спроведувањето на законот и владеењето на правото, вклучително и соработка во регионалното спроведување на законот и борбата против тероризам “, рече тој. во одговорот на Амбасадата на САД до РСЕ, без да го коментира конкретниот случај.
МВР ја нарекува акцијата „Двојна“, и наведува дека се спроведува сериозно со години, од 2019 година, и со поддршка на меѓународни партнери. Досега, во акцијата „Двојно“, беше откриено дека вкупно 215 лица, меѓу кои и еден македонски државјанин, се стекнале со македонска патна исправа со туѓ идентитет.
„Утврдено е дека во еден дел се работи за лица кои се членови на меѓународно организирани криминални групи, картели за дрога, лица вклучени во сериозни криминални дејствија, односно лица со висок ризик и лица за кои е распишана меѓународна потерница,“ рече тој.за акцијата на министерот Спасовски на прес -конференцијата на 6 април.
Министерот рече дека истрагата траела 26 месеци и дека пасоши со лажен идентитет биле издадени и пред 2017 година. Оа треба да се чита дека се од период во кој сегашното раководство на МВР нема никаква вина.
Во акцијата беа приведени девет вработени во МВР, едно лице беше во бегство, но тоа не е полицаец туку надворешен посредник.
Од ВМРО ДПМНЕ – спротивно на интересите на истрагата – и објавија и имињата на неколку луѓе што ги нарекуваат познати криминалци од регионот, кои, според нивните тврдења, добиле македонски пасоши. Според нивното соопштение, тоа се турскиот државјанин Седат Пекер, албанскиот Флоријан Мусај, црногорските државјани Стефан Жикиќ и Јован Вукотиќ и Валид Иса Хмаис, за кои тие тврдат дека е главниот соработник на италијанската мафија. Според опозицијата, сите овие лица добиле македонски пасоши во 2019 година за време на министерството на Спасовски.
МВР изјави дека ВМРО ДПМНЕ се обидела да ја саботира акцијата со вакви најави, дадени пред да бидат приведени деветмина припадници на МУП, па министерот Спасовски најави и кривична пријава против таа партија.
„При реализација на оваа акција се соочивме со обид за саботажа, кој не успеа. „Податоците за истрагата беа пласирани директно од ВМРО ДПМНЕ и нејзиниот претседател Христијан Мицкоски, што можеше директно да го загрози она што го направија нашите полицајци, но и стратешките партнери и Интерпол“, рече Спасовски.
Од посочените криминалци, во рамки на темата ннајинтересен е секако Јован Вукотиќ, безбедносно интересна личност и висок член на кланот Шкаљаецуте. Да, ова значи дека не влегува лесно во сторијата на полицаециот – гостин во емисијата „Во центар“. Инаку тој е секако многу крупна ѕверка. Тој во 2020 година бешем слободен како птица иако веќе беше два пати осуиден и беше под посебно внимание на американските служби. Имено, Судот никогаш не му изрече никаква мерка на споменатото лице – не му беше изречена мерка надзор, задолжително пријавување во полицијата во Котор или одземање патни исправи, а тоа го потврди советникот за односи со јавноста на Високиот суд во Подгорица, Аида Музуровиќ. Инаку, Вукотиќ беше екстрадиран од Србија во Црна Гора на 8 февруари 2020 г., која го бараше да спроведе кривична постапка пред Високиот суд во Подгорица за тешко убиство во обид и нелегално држење оружје. Групата Шкаљари, чијшто водач е Јовица Вукотиќ, е тесно поврзана со групата на Лука Бојовиќ, кој паск издржува 18-годишна затворска казна во Шпанија, за што беше осуден за организиран криминал. Знаеме дека и македонски државјани беа веќе вклучени во тој превоиз на дрога од латинска Америка кон шпанските пристаништа! Двата клана работеа заедно за криумчарење и дистрибуција на наркотици низ Европа.
Според оперативните податоци, Јован Вукотиќ често престојувал во Белград, но доаѓал и во Нови Пазар, Копаоник и Златибор, каде се сретнал со членовите на кланот на Лука Бојовиќ.
Податоците испратени од црногорската полиција до нивните колеги во Србија укажуваат дека Вукотиќ „претежно вршел активности за криумчарење дрога и извршување на најтешките злосторства“, пред се поврзани со конфликти со Кавачкиот клан, со кого неговите војувале од 2014 година. Оваа војна започна кон крајот на 2014 година, како што пишавме во претходниот дел од фељтонот, кога исчезнаа 300 килограми кокаин во шпанското пристаниште Валенсија.
Првата жртва во војната беше Горан Радоман, близу до Шкаљарите, по чија смрт имаше серија убиства од двете страни. Досега, повеќе од 30 луѓе загинаа во кланскиот конфликт, а ликвидации се случија и во Црна Гора и во Србија, каде клановите имаат блиски соработници. Иако безбедносните служби го означуваат Јовица Вукотиќ како еден од водачите на Шкаљаеитњ, кој дејствува заедно со неговиот брат Игор и сограѓанинот Игор Дедовиќ, она што е интересно е дека тој бил осуден само двапати и дека постапките против него биле да се избројат на прстите на едната рака, завршувајќи или со ослободителна пресуда или од некој близок кој ја презеде вината. Вукотиќ помина девет месеци во затворот Спуск, од ноември 2014 година до август 2015 година, за помагање во обидот за убиство во 2002 година, кога имал 21 година. Тој беше осуден и на три месеци затвор за пиштол што беше пронајден во неговиот оклопен џип при претрес во населбата Шкаљари во Котор. Последната и конечна пресуда за пукањето во дискотеката „Мадам Коко“ во јули 2012 година, кога Дејан Дековиќ беше ранет, потврдува дека луѓето за кои се верува дека водат кланови ретко одговараат, па дури и кога тоа го прават, казните се симболични. Јован Вукотиќ тогаш беше ослободен, додека неговиот брат Игор беше осуден на осум месеци затвор, а Јован Јовановиќ, за кој се верува дека е член на овој клан, на 14 месеци затвор. Обвинителството првично ги сомничи за обид за убиство, но тоа подоцна беше изменето и тие се обвинети за предизвикување општа опасност, за што казнената политика е поблага. При претресот во куќата на Вукотиќ и оклопното возило, во декември 2016 година, беше пронајден пиштол, но не беше можно да се поврзе сопственоста на оружјето со него, бидејќи вината ја презеде Петар Дамјановиќ од Никшиќ, кој за тоа беше затворен. Дамјановиќ беше убиен кратко по излегувањето од затвор, а неговото тело беше пронајдено закопано во ноември минатата година во населбата Кобиjaа во Цетиње. Улогата на водачот, кому наводно му е даден и македонски пасош, но и конфликтните односи со неколку силни групи, доведоа до тоа Вукотиќ да биде неколку пати во центарот на борбите со огнено оружје во Котор и Белград, поради што ангажираше обезбедување, претежно српски државјани, поранешни припадници на воени и паравоени формации Освен војната меѓу Шкаjарс и Кавчани, за Јован Вукотиќ се пишуваше и на страниците на „жолтиот печат“ поради врската со манекенката од Белград, Дејан Žивковиќ, инаку ќерка на Радомир Žивковиќ, поранешниот српски амбасадор во Конго На Во јавноста има многу малку фотографии од Вукотиќ, а на нејзините профили на социјалните мрежи, манекенката ги објави нивните заеднички фотографии, каде што, сепак, лицето на Јовица секогаш беше замаглено.