Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

НЕКА СЕ МРЕСТАТ МАЛКУ РИБИТЕ ВО ОХРИД

March 5, 2019 Filed Under: Македонија

Градоначалникот Мерко имаше идеја од Радожда до Подмоље да изгради Автострада на Сонцето и на тој начин да го унипти биодиверзитетот на Езерото а да се солобдат киломнетри погони за раздавање“ на идни сопственици на плажи. Сега тоа се чини как ода се прави партизански

АВТОСТРАДА НА СОНЦЕТО Пред една децнеија мерко сакаше да го асфалтира крајбрежниот појас и да навлезе во Езерото

Можеби мина една деценија откако го слушнав сегашниот градоначалник на Струга Мерко, како ццинично реагира на забелешката на еколозите дека трските и блатото од Калишта се најважен сегмент на Езерот во мртење на рибите. Значи, како и деновиве и тогаш беше загроена трската во тој делк на Езерото а тој само промрморе – „нека се мрестат сега (рибите) во Охрид“. Да потсетиме дека Мерко имаше идеја да одземе пропроционално дел од природното богатство – водата на Охридско езеро со т.н. „Автострада на сонцето“, која требаше да го бетонира приобалниот појас а трските да останат или подлабоко на исушената површина или да се исечат а од Радожда до Подмоље да се ослободи простор на кој би никнале и на десеттици километри песочни плажи, вештачки опесочени! Тоа би донело таму неколклу дизуни закупувачи на новите плаќи а за општината ненадејни приходи.

Таа идеја пропадна со пиисок на јанвоста ама сега во Струга се случува еколошка катастрофа, на која не реагира локалната самоуправа и Министерството за животна средина, не презема одговорност за да го спречи идното урбаното дивеење во Охридското Езеро.

Дали сте запознаени со она што се случува во Струга? – ова прашање му го постави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Лилјана Затуроска на една од последните седници за пратенички прашања на министерот за животна средина Садула Дураки, барајќи да даде одговор за најновиот еколошки скандал во Струга со палењето трска на крајбрежјето. Дураки одговори дека со палењето на трската на крајбрежјето на езерото во Струга е нанесена штета врз животната средина.

– Во делот на трската има многу видови животни, флора и фауна, риби, место е каде се хранат и живеат одредени птици, но и желки. Министерството беше во постојани контакти со Инспекторатот за животна средина и Инспекторатот за шуми и имаат постапено во местата каде е запалена трската. Во постојано набљудување сме на оваа ситуација, заедно со инспекторатите на Хидрометеоролошкиот институт во Охрид, која го набљудува екосистемот во Охридското Езеро – рече Дураки.

ПОДМЕТНАТИ ПОЖАРИ Огновите горат ноќе, како и околчувањата

Посочи дека мислењето на експертите на оваа институција треба да даде јасни упатства за начинот на третманот на појасите со трска во Охридското Езерто и со почитување на законодавството истото ќе може да се реставрира и обнови делот што е оштетен.

Рече дека на 22 јануари годинава на владината седница е донесена Годишна програма за заштита на природата за 2019, при што се предлага да се изготви Студија за валоризација на природните вредности во Охридското Езеро во рамки на проект од УНДП. Студијата, рече тој, ќе даде податоци за состојбата на биодиверзитетот и ќе определи категорија на заштита, предлог на надворешните граници на заштитеното подрачје, видови заштитени подрачја и нивна распределба…

– Согласно Законот за заштита на природата ќе се изготви студија за валоризација на природните вредности на заштитеното подрачје на Охридското Езеро, со цел утврдување на реалната состојба и обебзедување на експерти за изготвување на актот за прогласување на Охридското Езеро за заштитено подрачје по вторпат. Охридското Езеро веќе е прогласено за заштитено подрачје, но со сето ова што го набројав, повторно ќе се прогласи. Мерките што се преземаат во сорабока со УНДП и министерството се финансира грант на невладината „Крсто Јон“ од Струга и главна цел е заштита и локализација на трската во Охридското Езеро, посочи Дураки.

ДАЛЕКУ ОД БРЕГОТ Противпожарните екипи се често немоќни

Затуроска му порача на Дураки дека не треба да ја набљудуваат ситуацијата, туку веднаш да реагираат, затоа што истата е алармантна.

– Додека изработувате програми и студии се ќе се уништи. Ништо конкретно не кажавте што конкретно ќе преземете – трската се пали, се става чакал, се преминува во градежно земјиште. Ќе се градат хотели внатре во Охридското Езеро и кажувате ќе изработувате студија неколку години! Одземете ги ингеренциите на локалната самоуправа, таму се случува еколошка катастрофа, му одговори Затуроска на министерот Дураки.

 

Filed Under: Македонија

ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ: ОБВИНИТЕЛСТВОТО ОДБИ ДА ГОНИ 40 ЛИЦА ЗА НАПАДОТ ВРЗ АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО 1999 ГОДИНА
МАТНИ ЗДЕЛКИ ВО ЕНЕРГЕТИКАТА
И РЕПУБЛИКАНЦИТЕ ГО КРИТИКУВААТ ТРАМП
СЕРГЕЈ ЛОЗНИЦА: ПУТИН И СТАЛИН СЕ РАЗЛИЧНИ, АМА ИМААТ ИСТА МОЌ И СИСТЕМ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ
СКОПЈЕ, ТАГАТА ЌЕ СЕ ВИКА СО ТВОЕТО ИМЕ (1)

Најново

  • ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ: ОБВИНИТЕЛСТВОТО ОДБИ ДА ГОНИ 40 ЛИЦА ЗА НАПАДОТ ВРЗ АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО 1999 ГОДИНА
  • МАТНИ ЗДЕЛКИ ВО ЕНЕРГЕТИКАТА
  • И РЕПУБЛИКАНЦИТЕ ГО КРИТИКУВААТ ТРАМП

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet