Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

НЕКОИ МАКЕДОНСКИ ЛИНВИСТИ ПРЕКУ Т.Н. ПРАШАЊЕ ЗА ДИЈАЛЕКТИТЕ САКААТ ДА ГО ВРАТАТ ПРАШАЊЕТО ЗА ЈАЗИКОТ НАЗАД

July 26, 2022 Filed Under: Македонија

Професор Људмил Спасов: Нема откажување од дијалектите, туку дефинирање на стандардизираниот македонски јазик. Нема само добронамерни забелешки туку и  спротивставување на нашата интеграција на ЕУ

ЉУДМИЛ СПАСОВ Македонскиот јазик има свој јазичен, просторен и временски континуитет

По бројните реакции во јавноста околу унилатералната декларација на македонската влада за јазикот, професорот Људмил Спасов објаснува зошто во неа нема ништо спорно.

Унилатералната декларација на македонската влада во врска со македонскиот јазик која е поднесена до ЕУ го дефинира стандардниот литературен македонски јазик и во неа нема ништо спорно, вели за ДВ професорот на Филолошкиот факултет и претседател на Советот за македонски јазик, Људмил Спасов.

Откако беше објавена декларацијата, во јавноста се појавија реакции и коментари во кои се тврдеше дека со неа се негира дека македонскиот јазик има дијалекти кои се зборуваат надвор од територијата на Северна Македонија.

„Овде се работи за стандардниот литературен јазик во македонската декларација. Тој јазик уште од времето на Мисирков, потоа Конески и потоа Комисијата за јазик и правопис е стандардизиран врз основа на следните говори: Битола, Велес, Прилеп и Кичево. Тој јазик се темели на нив“, вели професорот Спасов.

Во документот кој го испрати македонската влада до ЕУ се наведува следното:

„Литературниот македонски јазик е кодифициран во 1945 година. Согласно сознанијата утврдени со акти, широко прифатените теории и емпириските истражувања на современата светска славистика и лингвистичката наука, македонскиот јазик има свој јазичен, просторен и временски континуитет. Овој континуитет се заснова на специфичниот развој на дијалектите што се во неговата основа и биле распространети на територијата на денешна Република Северна Македонија. Македонскиот јазик се определува како словенски јазик, кој се наоѓа во јужнословенската група јазици, кој низ вековите растел, се развивал и се издигнал во наддијалектен, национален стандарден јазик на македонскиот народ.”

Според професорот Спасов ваквата дефиниција е на линија со граматиката на Конески од 1952 година, со која што се стандардизира јазикот, како и на Правописот издаден во 1945 година.

„Целата активност која се развива во втората половина на 19 век, преку Цепенков, Шапкарев и други се заснова врз западното наречје. Мисирков е исклучително јасен кога вели: Македонците од западна, северна, источна и јужна Македонија кога ќе си ги подадат рацете тие ќе се вкрстат околу Битола и Прилеп. Ние во декларацијата зборуваме за стандарден јазик, оној што е официјален и на кој што се пишуваат сите документи не само внатре во земјата, туку и надвор.”

ИНСТИТУТ Добнронамерни критики или злонамерни сопки?

Професорот Спасов вели дека треба да се прави разлика меѓу стандардизиран литературен јазик и македонско јазично подрачје. Второто, вели тој, „се простира и надвор од границите на Северна Македонија и тоа се докажува со научни историски социолошки и други факти.”

Во критиките на ваквата дефиниција, според Спасов, „нема само добронамерни забелешки туку и  спротивставување на нашата интеграција на ЕУ.”

Ние дадовме можност, на кои кои се најрадикални, најлуди, да прогласат мислење кое, општо кажано, е повикување на стари историски митови и трауми. Дозволивме јазикот на историските митови и трауми да го завладее бугарскиот и македонскиот политички простор“

Професорот вели дека во поставувањето услови од Бугарија кон РСМ има туѓи интереси кои имаат за цел да ја спречат интеграцијата на Западен Балкан.

„Од самиот почеток сум против ветото. Тоа беше лош политички инструмент и доведе до лоши политички резултати. Ветото е причина да се скараат „два братски народи“, а во тоа е вмешана и руската геополитичка интрига. Тоа е целенасочена политика да се дестабилизира Балканот и нивно оттргнување од сферата на европското влијание“

Вклучувањето на Бугарите во Уставот на Македонија, Ќосев, го дефинира како „минимален успех“.

ЛЕРИН Се организира курс за изучување на македонскиот (стандарден)јазик

„Дури и да ги смениме учебниците, процесот на нормализирање на односот на одредени слоеви од македонското општество кон Бугарите ќе трае со години, ако не и со децении. Ако треба да има процес на историско помирување и вистинска историска анализа тоа без сомнение треба да се случи и од двете страни“

Тој е на мислење дека нашите учебници треба да се препишуваат во духот на „модерен, отворен, граѓански, толерантен“ патриотизам кој бара контакти со соседите и е европски, објави Еуроњус БГ.

Центарот за македонски јазик во Грција е новоформирана невладина организација која се обидува да го заштити и промовира македонскиот јазик во Грција. Од неодамна Центарот почнува со бесплатни онлајн курсеви по македонски јазик за почетници. Ова е несомнено само доказ за новата атмосфера во која се наоѓа прашањето на афирмацијата на нашата идентитетска посебност.

(користени се повеќе дневни извори на вести)

 

Filed Under: Македонија

СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ: ОДИМЕ КОН ДРЖАВИ КОИ НЕ СЕ ДЕМОКРАТСКИ
ДИРЕКТОРОТ НА ФЗО СМЕТА ДЕКА НИЕ БАРАМЕ ЗДРАВСТВО КАКО ДА ИМАМЕ ШВЕДСКИ БУЏЕТ – ЗНАЧИ ЛИ ТОА ПОКАЖУВАЊЕ НА ПРИДОНЕСОТ ЗА ЗДРАВСТВО?
ДАЛИ МИЦКОСКИ СЕ СОГЛАСУВА СО ОРБАН ДЕКА БРИСЕЛ Е НЕПРИЈАТЕЛ?
(НE)ОЧЕКУВАНО СЦЕНАРИО
ПСИХОЛОГИЈАТА И ВОСПИТУВАЊЕТО НА ДЕЦАТА: КАКО ДА БИДЕТЕ ВИСОКО ЧУВСТВИТЕЛЕН РОДИТЕЛ

Најново

  • СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ: ОДИМЕ КОН ДРЖАВИ КОИ НЕ СЕ ДЕМОКРАТСКИ
  • ДИРЕКТОРОТ НА ФЗО СМЕТА ДЕКА НИЕ БАРАМЕ ЗДРАВСТВО КАКО ДА ИМАМЕ ШВЕДСКИ БУЏЕТ – ЗНАЧИ ЛИ ТОА ПОКАЖУВАЊЕ НА ПРИДОНЕСОТ ЗА ЗДРАВСТВО?
  • ДАЛИ МИЦКОСКИ СЕ СОГЛАСУВА СО ОРБАН ДЕКА БРИСЕЛ Е НЕПРИЈАТЕЛ?

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet