Бугарската амбасада не испрати свој претставник на комеморацијата по повод 80-те години од депортацијата на македонските Евреи. Па, ако се признае тој чин и одговорноста ќе се признае и окупацијата на македонија, нели. Претседатеклот Пендаровски рече – за да има помирување, треба да има извинување за депортацијата на македонските Евреи
![](http://globusmagazin.mk/wp-content/uploads/2023/03/mars-na-nezaboravot.jpg)
„Познато ми е како живееле Евреите во сите делови на Македонија. А Македонија е голема, таа не е само тоа што е денес. Меѓу Евреите и другото население на Македонија отсекогаш постоеле најдобри односи. Тие сите се чувствуваат Македонци. Единствено што одеа во различни цркви“ ќе каже во едно дамнешно интерв ју познатиот трагач по наци-злосторници Симојн Визентал за скопски „Вечер“. Се споменуцваат во тоа интервју Александар Белев, комесар за еврејски прашања во Бугарија и бугарските министри Богдан Филов, Петре Габровски, Борис Јоцов, Добри Божилов, Никола Михов, Никола Захариев, Христо Петров, инженер Димитар Василев и инженер Васил Радославов со документи од 22 февруари и 2 март 1943 година кои стоеле зад одлуката за ликвидирање на македонските Евреи,
Сигурно дека содржината на целото интервју, направено од покојниот колега Хари Миновски е особено интересноденес денес, кога се одбележува носењето на македонските Евреи во логорот во Треблинка.
Со комеморативна програма, беодамна во Битола беа одбележани 80 години од холокаустот на македонските Евреи. На комеморацијата присуствуваа Шефот на Мисијата на ОБСЕ г-дин Килиан Вал, заменик амбасадорот на Германија, Ото Граф, други претставници на дипломатскиот кор, министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, претставници од Советот на општина Битола, претставници на Еврејската заедница во Република Македонија и Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, како и други делегации и гости.
„Никаде во Европа, морбидниот концепт наречен ’конечно решение на еврејското прашање’ не бил поефикасно спроведен отколку во тогашната окупирана Македонија. И во хебрејскиот и во македонскиот јазик изворното значење на зборот правда, упатува на она што одговара на вистината. Правда значи да се препознае и именува вистината и таа да биде почитувана од сите. За да има помирување, треба да има извинување за улогата на профашистичката влада во Софија во тоа време во депортацијата на македонските Евреи“. Ова го порача претседателот Стево Пендаровски во обраќањето пред споменикот на 7.144 депортирани македонски Евреи – поранешен скопски Монопол кои токму од ова место пред 80 години во три конвои биле спроведени до железничката станица и депортирани во логорот Треблинка.
-Меѓу шесте милиони Евреи кои настрадаа беа и нашите сонародници. Во нивната судбина можеме да ги препознаеме сите етапи на Холокаустот. Првиот чекор бил дискриминацијата. Фашистичкиот режим во тоа време во Софија го донел Законот за заштита на нацијата со кој македонските Евреи биле систематски дискриминирани. Лишени од државјанство и правна заштита, Евреите биле отпуштани од јавните служби, децата исфрлани од училиштата, семејствата протерувани од нивните домови. Вториот чекор бил изолација. По наредба на Комесаријатот за еврејски прашања, Евреите морале во јавност да ја носат жолтата давидова ѕвезда. На тој начин, вековниот симбол на еврејскиот идентитет беше злоупотребен за да ги стигматизира Евреите како различни, туѓи и опасни. Третиот чекор бил дехуманизацијата – истакна Пендаровски.
![](http://globusmagazin.mk/wp-content/uploads/2023/03/simon-vizental.jpg)
Речиси сите Евреи од Скопје, Битола и Штип, посочи Пендаровски, од скопскиот Монопол биле депортирани во Треблинка каде што во гасни комори згаснаа животите на близу еден милион лица, меѓу нив и на македонските Евреи кои претставуваа 98 проценти од севкупната македонска еврејска популација и третина од вкупните македонски жртви во Втората светска војна. Соочени со овие факти, обврзани сме да ги поставиме следниве прашања: дали ние, денешните генерации имаме право да смируваме нечија нечиста совест околу Холокаустот на македонските Евреи? Дали смееме да молчиме пред историскиот ревизионизам што ги рехабилитира злосторниците и ги слави виновниците? Дали треба да заборавиме со чии потписи македонските Евреи беа систематски лишувани од нивните граѓански, економски и човечки права и испратени во смрт, праша Пендаровски.
Тој побара извинување од Бугарија за улогата на профашистичката влада во Софија во тоа време во депортацијата на македонските Евреи.
-И во хебрејскиот и во македонскиот јазик изворното значење на зборот правда, упатува на она што одговара на вистината. Правда значи да се препознае и именува вистината и таа да биде почитувана од сите. За да има помирување, треба да има извинување за улогата на профашистичката влада во Софија во тоа време во депортацијата на македонските Евреи, потенцира Пендаровски.
И покрај сите материјални сведоштва, некои и по осум децении го негираат холокаустот. Ним и денеска од антифашистичка Битола ќе им порачаме – никогаш да не се повтори, истакна министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на комеморација по повод 80-годишниата од депортацијата на битолските Евреи.
И покрај сите материјални сведоштва, некои и по осум децении го негираат холокаустот. Ним и денеска од антифашистичка Битола ќе им порачаме – никогаш да не се повтори, истакна министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на денешната комеморација по повод 80-годишниата од депортацијата на битолските Евреи.
Пред аудиториум од градот и државата, како и гости од Израел, Костадиновска-Стојчевска нагласи дека Битола никогаш нема да го заборави тоа злокобно мартовско утро од пред 80 години кога за последен пат 973 еврејски семејства го пречекорија прагот од своите домови, а потоа со 14 сточни вагони беа депортирани во Треблинка.
-Нивниот најголем грев бил тоа што се Евреи, и толку. За фашистичкиот проект за чиста раса тоа било доволна причина. Денеска ние го чуваме од заборав нивното злосторство за никогаш да не се повтори. Споменот за најголемото злосторство е најголемиот кошмар на злосторниците и нивните поколенија. Едно е да наведнете глава од почит, а сосема друго е да ја наведнете главата од срам. Иако, и за тоа треба да се има доблест. На 11 март битолчани секогаш ја наведнуваат главата од почит за своите 3351 жители, македонски Евреи, за никогаш да не се повтори. Денеска ќе бидеме дел од поворката на живите минувајќи го молкум патот кој го врвеа оние кои не се вратија. Ќе им оддадеме почит на д-р Хаим Абраванел, првиот лекар специјалист, основач на здравствениот дом во Битола, ќе оддадеме почит на Естреја Овадија со партизанско име Мара, која загинала на неполни 22 години бранејќи ја својата Македонија од фашистичкиот окупатор, прогласена за народен херој. Естреја била една од стотиците македонски Евреи кои се приклучија на партизанските одреди заедно со мојот дедо. Нека им е вечен споменот.
![](http://globusmagazin.mk/wp-content/uploads/2023/03/izlozba.jpg)
Претседателот на Еврејската заедница во земјава, Пепо Леви, во битолскиот Офицерски дом потсети дека со депортирањето на 7144 Евреи, Македонија загуби 98 проценти од вкупната еврејска популација, а денес во Битола не живее ниту еден Евреин.
-Поминаа 80 години, а никој не се врати, но се уште има живи сведоци кои го паметат тоа студено мартовско утро од 1943 година кои се сеќаваат како бугарските фашисти ги собираа од нивните домови, ги фрлаа во сточни вагони за да ги однесат на пат со неповрат. Тогаш, 3276 битолски Евреи беа однесени во Треблинка и никогаш не се вратија. За жал, идеите за уништување на Евреите постојат и денес. Денес во делови на светот, но и во срцето на Европа, да бидеш Евреин повторно станува многу опасно и затоа потсетуваме, опоменуваме, да не се заборави, посочи Леви.
Учесниците на комеморацијата положија цвеќе на споменикот на депортираните Евреи и бистата на народната хероина Естраја Овадија Мара, а според востановената традиција и годинава се одржа поворка на живите, која почна пред здравствениот дом „Д-р Хаим Абраванел“, а заврши на Железничка станица во Битола.