Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

НЕМАМЕ ДОВОЛНО СУДИИ ИЛИ НЕМАМЕ ДОВОЛНО ПРАВДА?

July 22, 2026 Filed Under: Македонија

Во ЕУ има 15,7 судии на 100 000 жители, а во Македонија 20,1

ПРОБЛЕМИ Ако се суди според Уставниот суд таму постојано недостасуваат судии и тоа е видливо дека е игра на владеачката партија

Постојано се вели дека кај нас нема доволо судии. Настрана што постојјната власт ја укина Академијата за судии и нема поим како да ја врати ова институција на вистинскиот колосек, што покажува дека малку се грижи за кадровската екипираност на третата власт а концетрирана е на притисок врз посојните кадри, за што говори послдниот апел кој дојде од Брисел. Треба секако кон бројките да се гледа со раионални очи – имаме ли навистина доволно судии ако Европската Унија во 2024 година имала 15,7 професионални судии на 100 000 луѓе, што е намалување во споредба со 17,7 во 2014 година.

Македонија, според податоците на Евростат, во 2024 година имала 20,1 судии на 100 илјади жители. И кај нас, исто како во ЕУ, бројот на професионални судии има тренд на намалување, и е намален за повеќе од четири споредено со 2019 кога имало 24,3 судии на 100 илјади жители.

Меѓу земјите на ЕУ, Хрватска и Словенија регистрирале највисоки соодноси, со 43,3 и 40,2 судии на 100 000 луѓе. Следат Луксембург (36,0), Бугарија (35,4) и Романија (35,3). Од друга страна, најмалку имале Ирска со 3,6 судии на 100 000 луѓе, по што следат Австрија (4,3), Шпанија (6,2), Чешка (6,7) и Италија (7,9).

Во регионот најмногу судии на 100 илјади жители има Црна Гора – 42,49, потоа следи Србија со 40,18, Бугарија – 35,37, Грција – 26,06, Македонија – 20,15 и Турција – 16,66. За Албанија и Косово нема податок за 2024 година. За Албанија последниот податок е за 2023 кога имала 8,87 судии на 100 илјади жители, додека за Косово е од 2019 година кога има 23,33 судии на 100 илјади жители.

Во повеќето земји од ЕУ, жените професионални судии се позастапени. Само во Ирска уделот на машки судии (56,4%) е поголем од бројот на жени судии (43,6%). Во Словенија, судијките претставуваат 81,4% од сите професионални судии (694 жени наспроти 159 мажи), што е највисок удел меѓу земјите од ЕУ, а веднаш по нив следува Латвија со 79,7% жени судии (408 наспроти 104). Судството во Германија е речиси рамномерно поделено, при што судијките претставуваат 50,7% од сите професионални судии (11 139 наспроти 10 813).

Во Македонија речиси две третини од професионалните судии се жени (61,4%) во 2024 година. Во регионот највисок процент на жени судијки има Грција (75,5%), потоа следи Србија (73%), Босна и Херцеговина (64,8%), Бугарија (64,4%), Црна Гора (63,3%) и Албанија (55%).

Професионален судија, според дефиницијата на Евростат, се вработени официјални правни професионалци (со полно или скратено работно време) овластени да слушаат граѓански, кривични и други случаи, вклучително и во апелациони судови, и да донесуваат одлуки во суд, кои се регрутирани и се платени за да работат како судии. Оваа категорија ги исклучува непрофесионалните судии како што се судиите-поротници и магистратите-поротници.

Никој не амализираше инаку како во време на груевизмот во судовите се бираа поротници надвор од критериумите – многу беа со ниско образование и без никаков поим што треба да работат. Дека тоа не било случјно се покажа кога ВМРО ја изгуби власта и кога отсутните поротници често беа причина за постојано одложување на закажани седници!

Filed Under: Македонија

ЗАШТИТА НА ВОДИТЕ: ФЕКАЛИИ, СЕПТИЧКИ ЈАМИ И ПЕСТИЦИДИ
АНАЛИЗА: РЕфОРМАТА НА ПЕНЗИСКИОТ СИСТЕМ , КОЈ ЌЕ ГО ПЛАТИ „ЦЕХОТ“?
ПОДБИВНАТА ПТИЦА НА КРИЗАТА
ЗАМИНА АКТЕРКАТА СО ТАЖНА ЖИВОТНА ПРИКАЗНА
ШТО ПОКАЖА САМИТОТ НА НАТО ВО АНКАРА: КОМИЧАРИ ВО РИЗИЧЕН ТАНЦ

Најново

  • ЗАШТИТА НА ВОДИТЕ: ФЕКАЛИИ, СЕПТИЧКИ ЈАМИ И ПЕСТИЦИДИ
  • АНАЛИЗА: РЕфОРМАТА НА ПЕНЗИСКИОТ СИСТЕМ , КОЈ ЌЕ ГО ПЛАТИ „ЦЕХОТ“?
  • ПОДБИВНАТА ПТИЦА НА КРИЗАТА

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet