Премиерот смета дека хистеријата околу загадените водоводи ја шират проиводигтелите на минерлнa вода. Но истовреме најпраив еден протекционашки потег и свој сопартие го направи ексклузивен добавувач на минерлна вода на Гостивар!? На државна сметка

Покрај обвинувањата дека опозицијата е вмешана во ширење хистерија околу (не)исправноста на водата за пиење во Скопје, премиерот Христијан Мицкоски неодамна излезе и со сомнежи дека зад ова има и комерцијални цели.
„Она што мене посебно ме загрижува е што мислам дека тука и други, би рекол повеќе комерцијални обиди бидејќи за еден ден наеднаш голем дел од маркетите ги испразнија своите количини на флаширана вода“, рече Мицкоски.
Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, ги повтори обвинувањата кон опозицијата што се слушаа и изминатите денови во однос на ширењето на информациите дека во водата во Скопје има бактерија ешерихија коли.
Паниката се прошири на 12 август, а голем број граѓани купуваа флаширана вода од маркетите. Пораката за неисправноста на водата се ширеше по социјалните мрежи, групи со родители со деца од основните училишта и од градинките. Дел од родителите носеа и вода во градинките.
„Разбирам дека имаме работа со безидејна и очајна опозиција која се обидува да креира и конструира хистерија на начин на кој можеби и се претерува, но, во ред, тие ја одбрале таа тактика да соберат политички поени, но ние ќе се бориме со проекти, со работа и со посветеност зашто на таков начин не можете поинаку да им се спротивставите и да им парирате“, рече Мицкоски.
Тој нагласи и оти очекува со новите измени во Кривичниот законик да има санкции и за лица коишто, рече, свесно создаваат хистерија односно вршат своевиден хибриден напад, создаваат чувства на немир и страв кај граѓаните. На овој начин тој призна дека во КЗ нема основ за обвиненија кои ги пласираше скопскиот градон ачалник! На ова алармиртаа и некои правни експерти ден после изјавата на градоначалникот. За користењето на зборот тероризам и да не говориме!
Додека власта ја обвинува опозицијата за ширење хистерија, од најголемата опозициска партија СДСМ досега неколкупати ја повикаа Владата да направи целосни анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите откако, како што велат, секојдневно излегуваат информации за небезбедна вода во различни места во државата.
Наместо срамна здравица пред камери, објавете го извештајот за водата во Гостивар, побара опозициската СДСМ откако Кризниот штаб вчера објави дека водата од гостиварскиот водовод е безбедна за пиење.
При објавувањето на информацијата, членовите на штабот, меѓу кои и функционери од власта, пиеја вода од чешма во Гостивар пред камери.
„Во Гостивар вчера видовме слика што ќе остане запаметена. Политичари и функционери држат здравица, пијат вода пред камери, велат ’на здравје‘ и дека е ’многу вкусна‘. А, цел месец граѓаните пиеја вода загадена со фекалии. Цел град беше отруен, 5.000 луѓе беа заболени. Прво најавуваа дека резултатите ќе бидат готови дури на 20 август. Сега, под притисок на јавноста, наеднаш велат дека водата е чиста – шест дена порано. Како до вчера, 20 август, а денес нагло сè е во ред?“, рече на прес-конференција Маја Борозан од СДСМ.




