БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Вмро-дпмне не е монолитната партија што ја тресеше Македонија. Јас мислам дека денеска не се во состојба да истресат ниту една слива џанка
Со што тргува Мицковски во Клубот на пратениците!?
Колку луѓе може да покрене за успех на референдумот, посебно ако се согласи со промена на името.
Јас мислам многу малку во сите случаи: и ако повика на бојкот и ако не повика на бојкот и ако повика да се гласа за и ако повика да се гласа против.
Вмро-дпмне не е монолитната партија што ја тресеше Македонија. Јас мислам дека денеска не се во состојба да истресат ниту една слива џанка.
Политичката ориентација на Мицко тие ја доживуваат како мочка врз својата уфилмувана победоносност затоа што, помалку или повеќе, им е јасно дека таа лидерска позиција ги води во судир со целиот модерен свет и дека во таа битка ќе наебат, тие убаво чувствуваат дека со одбранетото име, всушност, ќе останат со празни раце, со ништо, тие чувствуваат дека лидерот им ги сјебал сите варијанти и сите опциии, дека се внесени во губитничка смртоносна спирала од која не можат да излезат.
Бројот на луѓето што се против договорот со Грција, е поголем од тој што е во таа категорија затоа што го слуша лидерот на вмро-дпмне.
Но, со приближувањето на денот на гласањето тој број ќе се намалува затоа што развојот на ситуацијата ќе ги соочува тие луѓе со реалноста која е драстично различна од нивните соништа.
Со други зборови вмро-дпмне е во дибра мерка дефакторизирана фирма која се обидува да се пласира врз основа на старите рејтинзи.
За Вмро-дпмне нема добитничка опција. Но за фамилијата има. Хаосот, распадот, имплозијата, крајот на историското време на Македонија, што ќе следат по неуспешниог референдум се нивната шанса.
Можете ли да замислите дека постои ваква стока!?
Македонија ќе ја има/ ВМРО-ДПМНЕ ќе ја нема
Се потврдија тезите дека Македонија може да ја биде само преку совладување на злосторничките, антимакедонски, антицивилизациски политики на вмро-дпмне, и на вмро-дпмне како организација и идеја.
Тие не се против референдумот туку се против Македонија, тие се за се што е против Македонија, ако е Македонија светскиот трговски центар, тие се авионите на Амир Ата.
Не како решение на Мицко. Ху из т факинг Мицко. Туку како закономерност на идејата која ги обликува луѓето како ретардирани будали. Не ја обликуваат тие идејата туку идејата ги обликува нив: фолклорно, аморфно, кафеанско, разбирање на Македонија кое нема врска со реалноста ниту тука ниту во светот.
Имам еден куп критички забелешки на разговорите во Клубот, но мислам дека во преден план треба да се истакне тоа што го истакна Заев: демонстрацијата на државотворно поведение, свест и одговорност на власта за ситуацијата во која се наоѓа земјата и за начините преку кои може да ги отвори перспективите.
Тоа се вика водење на реална и одговорна политика. Со спремност да се прифатат сите ризици и да се направат сите можни компромиси.
И, истовремено, начин да се изведе опозицијата на чист терен на кој или ќе го прифати поразот на својата ретроградна и ступидна политика во однос на Договорот со Грција или ќе се разголи како антиевропска сила спремна да ја жртвува по втор пат Македонија поради своите криминални наследства.
Таа се реши за втората опција.
Односно остана доследна на своите принципи.
Остануваат две работи, тесно поврзани: позитивна, добро осмислена кампања за успех на референдумот, јас сум оптимист и верувам дека на крајот луѓето ќе разберат што е што и, второ, темелно разработена политичка и медиумска и културна акција за разобличување и пораз на злото наречено вмро-домне!
(Од фб на авторот)