Премиерот Ковачевски тврди дека нема конкретен предлог од Макрон за решавање на македонско-бугарскиот спор. Османи задоволен од последното видување со бугарската колешка, повеќе од претходно
За евентуално поставување рок за вметнување на Бугарите во Уставот, шефот на дипломатијата рече дека во услови на недоверба, кога РСМ има едно лошо искуство на тегнење на условите во последните 17 години, смета дека е од исклучително големо значење прво да се врати довербата преку започнување на процесот, а потоа преку сите можни гаранции ние да пристапиме кон таков чекор
Во гостувањето во „Тема на денот“ во дневникот на Сител ТВ министерот за надворешни работи, Бујар Османи, последната средбата со бугарската колешка Теодора Генчовска ја оцени како една од подобрите, а палењето на влезот на културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола, вели, дека не успеало да влијае на преговорите.
Иако ја оценува како една од подобрите, сепак, шефот на дипломатијата нагласува дека не може да предвиди дали ќе се дојде до решение, односно кој ќе биде исходот.
„Тоа беа дводневни интензивни разговори и преговори во коишто за првпат ги споивме експертските тимови заедно со политичкото ниво на соработка. Без преголем оптимизам, бидејќи е прерано да се каже бидејќи има многу нерешени прашања и дилеми, тоа беше една од подобрите средби што ги имале досега во конструктивна атмосфера „… Тоа што се случи во Битола беше смислен акт токму за да се влијае на овие разговори, за среќа не влијаеше во киднапирање и дефокусирање на нашиот ангажман во тој процес. Мислам дека беа доволни разговори за да се продолжи понатаму, но недоволни за да можам да предвидам кој ќе биде исходот“, рече Османи.
„Министрите Османи и Генчовска, заедно со експерските тимови на министерствата на Северна Македонија и Бугарија, денес продолжуваат со активностите и дијалогот за поплочување на заедничкиот пат на интеграцијата“, се вели во соопштението на МНР.
Генчовска го постави барањето – прво Бугарите во Уставот, па меѓувладина конференција, но за нас тоа е неприфатливо
Точно е дека тоа беше бугарско барање и тука премиерот Петков е коректен дека има такво барање. Но нема договор, бидејќи за нас тоа е неприфатливо. Ние мислиме дека треба да е обратно. Нема дилеми дека треба да се направи, но во однос на чекорите сметаме дека треба да е обратно. И се заклучи дека треба да се врати секој во своите централи. Ние сметаме дека преговрачката рамка треба да биде заедно со меѓувладината конференција, а потоа да влеземе во уставни измени, вели МНР Османи за Канал 5
Точно е дека за време на последната посета на бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска изминатиот викенд во Скопје беше кажано првата меѓувладина конференција на С Македонија со ЕУ да се одржи дури по внесување на Бугарите во Уставот, но тоа беше бугарско барање, а не е договорено, изјави вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи во интервју за „Само вистина“ на Канал 5.
„Точно е дека тоа беше бугарско барање и тука премиерот Петков е коректен дека има такво барање. Но нема договор, бидејќи за нас тоа е неприфатливо. Ние мислиме дека треба да е обратно. Нема дилеми дека треба да се направи, но во однос на чекорите сметаме дека треба да е обратно. И се заклучи дека треба да се врати секој во своите централи. Ние сметаме дека преговрачката рамка треба да биде заедно со меѓувладината конференција, а потоа да влеземе во уставни измени“,
рече Османи одговарајќи на новвинарско прашање дали на средбата во саботата е договорено прво да се отвори Уставот, што би го отворило патот за меѓувладина конференција на РСМ и ЕУ.
Бугарскиот премиер, Кирил Петков, вчера во интервју за БТВ, изјави дека при последната посета на министерката за надворешни работи Теодора Генчовска на Скопје е разговарано првата меѓувладина конференција на Република Северна Македонија со ЕУ да се одржи дури откако Бугарите ќе бидат вметнати во Уставот. Тоа, според Петков, засега е само на ниво на предлог.
Прво беа на ниво на експерти, а сега се водеа на ниво на министри за надворешни работи. И секој пат кажував дека во моментот кога ќе има решение што е прифатливо за двете страни, кое се базира на европските вредности, кое го задржува достоинството на политичарите, институциите и сите граѓани на двете држави и кое ќе биде прифатливо за двете страни ќе може да биде споделено со институциите, изјави тој за време на посетата на Пробиштип
Скопје и Софија треба да изнајдат решение за отворените прашања и штом тоа ќе се постигне, тоа ќе биде споделено со јавноста, додека Франција како претседавач со ЕУ ги олеснува разговорите помеѓу двете страни, но не постои конкретен предлог на маса, изјави денеска во Пробиштип премиерот Димитар Ковачевски.
„Прво, во изминатите 30 дена се шпекулираше дека имало решение и дека некој го криел тоа решение. Јас цело време одговарав дека разговорите за отворените политички прашања помеѓу Република Бугарија и нашата држава се водат на ниво на МНР и овој викенд се уверивме дека разговорите навистина се водат на ниво на МНР. Прво беа на ниво на експерти, а сега се водеа на ниво на министри за надворешни работи. И секој пат кажував дека во моментот кога ќе има решение што е прифатливо за двете страни, кое што се базира на европските вредности, кое што го задржува достоинството на политичарите, институциите и сите граѓани на двете држави и кое што ќе биде прифатливо за двете страни ќе може да биде споделено со институциите“, рече Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање.
Во однос на тоа дали ќе има нова средба по вчерашните разговори на шефовите на дипломатии на Северна Македонија и Бугарија, Бујар Османи и Теодора Генчовска, и што содржи францускиот предлог, Ковачевски нагласи дека нема таков предлог од Франција.
„Франција е претседавач со ЕУ и јас го гледам залагањето на претседавачот со ЕУ, на претседателот на Франција и нормално на француското МНР оваа тема да се стави високо на агендата на претседателствувањето на Франција со ЕУ. Во рамките на нивните ингеренции и капацитет тие помагаат во фасилитирање на разговорите помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија, меѓутоа не постои конкретен предлог на маса којшто ќе каже ова е тој предлог, бидејќи сепак треба ние да изнајдеме решение како соседи што ќе биде навистина основа за да можеме да градиме добрососедски односи и да претставува основа за одржување на прва меѓународна конференција за нашата држава со ЕУ“, рече Ковачевски по посетата на фабриката „Таб Мак“ во Пробиштип.