Петиот уапсен заради обидот за убиство на црногорскиот криминалец Звицер е Украинец, згора и полицаец вработен високо во хиерархијата во украинското МВР. Неговото постоње беше сокривано неколку дена а се споме нуваше некој Македонец. Навистина, постои еден македонски пасош во целата таа пукотница, што е фалсификуван
Последната вест од Киев по обидот за убиство на Радоје Звицер (37) покажува дека нема Македонец во групата која извршила вооружен напад врз споменатиот Црногорец, шеф на т.н. кавачки клан еден од најмоќните на Балканот. Постои едни лице кое е последно уапсено кое се презива Чернобров ама после неколку денови се покажа дека тој е висок полициски офицер кој очевидно помагал во целата операција. Има и еден фалсификуван македонски пасош во целата таа беганица после престрелката ама таа му припаѓала на еден црногорски гангстер. Групата е уапсена при обид за бегство од Украина а сега се говори дека може да биде уапсен и еден пратеник во Парламентот на Украина!
Како клучен фактор во престрелката сега се појавува и сопругата на Радоје Звицер, која истрчала на паркингот каде се случил нападот и со револвер во рака и со истрели кон напаѓачите направила тие да бегаат. Убиството е наводно нарачано од шкаљарскиот клан”, конкурнтска банда од Монтенегро. Танмара Звицер е уапсена, истовремено е и повредена а пишптолот што го имала не е најден!
Радоје Звицер е ранет на 26. мај во у Киеву и натаму е во тешка состојба. Лекарите не говорат за тоа дека може да го спасат. Украинските весници објавуваат многу информации за уаопсените па дури и снимки на повредите на Звицер!.
Извесно е дека напаѓачите на Звицер биле нишлиите Милан Бранковиќ и Петар Јовановиќ. Во групата биле и Црногорците Стефана Ѓукиќ (можно е фалсификуваниот македонски негов!) и Емила Тузовиќ. Постојат неколку нсимки од групата што ги објави порталот Detectiv.info com. Полицијата смета дека Тамара Звицер (35) ј миг му го спасила животот на сопругот а оценува дека напаѓачите не биле сосема профсионални и направиле низа грешки, па лесно биле фатени.
Тамара Звицер формално е сопственичка на ресоран и има и руги легални бизниси. И самата е нападната во Котор во 2016 година, додека го возела своето мало дете. На неа пукал Јован Вукотиќ, водалот на противничкиот „шкаљарски клан“. Тој побегнал, фатен е во Белград и изручен на Подгорица, токму заради овој случај.
Уапсениот Черебров е наредник на Специјалниот киевски полк, шо веднашѓ не беше објавено и внесе многу шпекулации. Една од нив е дека тој бил извршител понлог на народен праеник, со кого е фотографирн а кој го олеснил боравокот на напаѓчите во Украина.
Наводно тој би лзадолжен да направи отстапница за најмените револверисти. Наводно српката полиција доставила добри податоци до Киев а тамошните колеги требале да ги уапсат револвристите кога ќе почне нападот за да постои некакво сериозно дело. Но очевидно тие биле побрзи, а уапсени се на границата со Молдавија. Настанот се случил во елитен дел на Киев
Аналитичарите велат дека уапсените направиле многу грешки – два пати се нашле во близина на застреланиот, биле на два пати фатени од камерите во таа операција. Испукале седум куршуми во телото на Звицер, пет се сериозни, кој се враќал од џогирање и сакале да го „оверат“, како што обично се прави, ама тохгаш налетале на лутата сопруга Тамара; го оставиле оруќјето во возило кое се обиделе да го запалат, без многу успех. При палењето еден од групата сериозно е изгорен! Цело време работеле со истите мобилни и биле лесно следени.
Ѓукиќ и Тузовиќ се дел од огранокот на шкаљарскиот клан (пристанипте каде доаѓа дрогата!). Првиот имал врски во нашата земја која веројатно и му набавила пасош и затоа целиот случај е интересен и за нашата полиција, според црногорските медиуми. По него е распишана меѓународна потерница.
Според Игор Клименко, кој ја води истрагата уапсените влегле во Украина на почетокот на мај, таму купиле возила и оруќје. Главни причини за ривалството на балканските кланови е пдоелбата на пазарот со дрога. Имале вонцарински обезбеден излез од земјата.
Тешко ранетиот Радоје Звицер долго време не живее во родниот Котор, доста веме м инува во Белград. Судирот со Шкаљаскиот клан настанал откако исчезнала пратка на кокаин во Валенсија во 2014 година.
Долго веме се криел и вои Приптина, во т.н. штек-станови во населбата Емшир. Двајца соработници му се уаспени на Косово ама тој секогаш успевал да побегне. Имал документи на име на граѓанин на БиХ Јосип Бабиќ.
Дека мафијашите имаат силни врски во политиката и полицијата покажува фактот дека на слобода е висинскиот лидер на кланот – Слободан Кашќелан, кој лани во Праг бешеуапсен и изручен на црногорската полиција. Со кауција од ден милион евра тој е пуштен да се брани од слобода (!)
Досега оваа група има убиено најмалку 46 лица. Најважна жртва е Горан Радоман, убиен во Белград, во чиј стан во Валенсија исчезнале 200 килограми кокаин..
(текстот се базира на извори во повеќе медиуми)