БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Во општата перцепција на јавноста и од страна на Друштвото на новинарите, чиј статус, во ваква констелација, е крајно проблематичен, да не речеме лажен и бесмислен.
Постојано некого бранат
Прашање е дали во Македонија има новинари.
Има луѓе кои мислат дека се новинари и кои работат работи кои во некои аспекти можат да се означат како новинарска дејност.
Но, дури и според најлабавите критериуми, квалификациите за оваа некогаш престижна професија, едвај би ги поминале десетина души и една ипол редакција.
Нас не носи инерцијата.
Така се случува луѓе или дури полулуѓе, кои во жестокоста на општата битка за доминација во моќта и со ресурсите, да се затечени или свесно исселектирани да бидат припадници на едниците за специјална војна, момци и девојки со исплакнати мозоци, глупаци, корупмирани типови, рекетари и хохшптаплери залепени за тајните домашни и странски служби, да се третираат како новинари. Во општата перцепција на јавноста и од страна на Друштвото на новинарите, чиј статус, во ваква констелација, е крајно проблематичен, да не речеме лажен и бесмислен.
Постојано некого бранат.
Геровски, Мицковски, еве денеска и типовите и редакцијата што решил да ги тужи Рашковски. Со право, макар и со еден дефект затоа што тој како и целата влада и општа власт заедно со јавноста, цело време одбиваат да ги разберат и сфатат и адекватно да реагираат на овие укажувања за состојбите во таканаречената медиумска сфера, кои се погубни за општеството и на кои, можеби, и пречесто укажувам.
Размислете околу тоа како таа атомска бомба на квазиновинарството, тоа отровно јадро, тој македонски Чернобил, да се декомпонира, а не да се спасува и штити, па уште и под паролата за критички став кон власта и политиката. Па, за да имате критички став, прво треба да имате став, па да имате новинарство и новинари.
Неверојатно е како луѓето, а и институциите функционираат врз основа на шемата која не им дозволува да ги согледаат и совладаат промените во животот.