Влезот во НАТО како основа го имаше Преспанскиот договор. Критиката на Договорот е пак основата на која опозицијата сака да го придобива дел од јавното мислење до себе, без да се споменувва НАТО. Со актуелните собитија околу Украина се спојуваат сите фрагменти на отпорот кон Договорот и до сега прикриеното русофилство, кај дел од интелигенцијата, па добиваме во јавната комуникации реченица од типот „мислевме дека НАТО ќе не брани нас а сега ние ќе го брниме НАТО“, во согласност со искривената логика дека постојат добивки без сопствен влог во нив !
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Грижливите читатели на медиумите, вклучувајќи ги тука и оние кои не се во мејнстрим ареалот, веројатно до сега забележале дека критичарите на Преспанскиот договор ретко кога го ставале овој документ во контекст на една од придобивките со овој чин: влезот во НАТО, како неспорен огромен чекор на земјава кон својата безбедност. Нормално, се очекуваше дека тоа ќе го забрза и нашиот пат кон ЕУ, но за тоа што истото не се случи, постојат многу надворешни причини а ниту еден за било каква форма на злорадост, која се забележува кај новинарите и уредниците, водителите на т.н. трибини или пак и интервјуа во кои се констатира она а реторипчка патерица „жртвувавме многу а не добивме ништо“. За да не излеземе од контекстот на темата, да појасниме дека зад оваа „дефиниција“ се крие матрицата на критиката на најголемата опозициона партија кон политичкиот противник во стилот „дадовме- не добивме“ при што секогаш се криело како цел името на НАТО! Ова заради голиот факт дека споменувањето на воено-безбедносната организација го расипувало впечатокот.
Практично – ние како мала и незаштитена земја, со привремено име, кое најмалку значи потврда на идентитетот, со влезот во НАТО направивме комплетна заштита на својот идентитет и ја отстранивме опасноста по своите граници, што е основ за комплетна деструкција на тезите на оние „кои го бранат името“.
Во одреден момент, што на некој аналитички центар му се чинел најдобар, белким не заради некакво дневно пролизгување, името на НАТО се издвојува во дневниот вокабулар на про-опзиционото јавно мислење. И тоа преку критика, или поточно – исмејувањена на новопоставената министерка за одбрана. Но заради кои околности::
– се одбегнува вклученост на опозицискиот политичкиот врв воп критиката а акцијата се остава на веќе познати медиумски кербери со нивниот препознатлив уличен вокабулар;
– акцентот се става на изместена цек: не се критикуѕва колективната безбедност на земјата во пазувите на НАТО, туѕку таа, безбедноста, се става наспроти една велесила – Русија. При ова се истопорчува нашата маленкост, со што пак се избегнува директното споменување на НАТО како стожер на одбраната, па се прави слика за нашата небезбедност и тоа во карикатурални формати од типот „Славјанка против Путин“!
– во исклучителни слуучаи, со користени на т.н. врвни експерти се дава екслузива од крешчендото насловено „си го баравте- гледајте“.(.https://www.youtube.com/watch?v=oTwCPMQWAYo).
Оваа добро смислена тактика, добра секако како форма на лесно освојување на јавното мислење, кое и онака е форматирано за критика на оваа власт, претходно и како опозиција, но сега и како дел од дизгините на правата и обврските на членство во колективитети од типот на Алијансата ама и ЕУ, каде исто така извираат не само права (пари од разни фондови, на пример) туку и обврски;
– да се обезвреднува една независна држава како Украина (во она дефиницја за независна земја влегува и изборот на своите надворешни партнери, нели) а да се отвора широк простор за постоењето на претставата за „мајка Русија која ќе ги обедини сите Словени“.
А министерката Славјанка Петровска го допре со една своја изјава, предмет на гореспоменатите исмејувања, само го рече она што е вистина. Таа во ијзвата за ТВ Телма рече дека „целосно го подржуваме територијалниот интегритет на Украина“ и потоа додаде дека „како членка на НАТО ја подржуваме и се залагаме за политиката на отворени врати и правото на секоја земја, па и на Украина за самоопределување“. Потоа додаде дека преку каналите за комуникација со НАТО сме во тек со дипломатските обиди за решавање на спорот.и дека тие напори, на преговорите се поздравени и подржани од наша страна (https://telma.com.mk/ 2022/01/24/петровска-македонија-ќе-ги-следи-одлу/)
Во основа кај неа посебно внимание предизивикува овој дела на една нејзина изјава (одново за Телма):
„Ангажманот на нашата Армија, како и на армиите на сите други земји членки на НАТО, се дефинира на конференциите за генерирање на сили кои конкретно за оваа тема се одржуваат под координација на Врховната команда на сојузничките сили на НАТО во Минск. На овие конференции секоја земја членка става на располагање сили, единици или опрема согласно сопствените можности. Во овој момент, нашата армија како дел од тие структури има обврска и веќе изготвува анализи за можностите за потенцијално наше учество, односно ангажман. Одлуката за евентуално учество е пропишана во која процедура се носи, тука е потребна одлука на Владата. Таквата одлука сè уште не е донесена“, истакна Петровска.
(https://www.mkd.mk/makedonija/politika/pendarovski-i-petrovska-se-podgotveni-ako-treba-da-pratat-vojska-vo-ukraina)
Одеднаш, преку веќе споменатите критики или поточно – злобни, цинични изјави, тоа се ротира во некаква варијанта која како конструкт ја гласи – „ние мислевме дека НАТО ќе не брани нас, а не ние НАТО!“. Таа размисла секако го отфрла кожувчето на сокриените содржини на актуелната опозиција и барем во лапидарна форма ја разоткрива неспособноста на дел од нашата интелигенција да ја свати историјата во која македонскиот народ на свој грб ја добил руската себична „поддршка“, да бидеме сега и ние лапидарни – „помош без копејки“. Или секогаш во корист на сопсствените интереси на велесила, никогаш во корист на една мала земја и јасна поддршка на нејзиниот идентитет и самостојност.