По смртта на афроамериканецот во бруталната полициска интервенција во Минеаполис, протестите се проширија низ целата земја. Горат автомобили, летаат камења – бесот на луѓето е исто толку голем колку и структурниот расизам
Протестите во САД по најновото убиство на афроамериканец од страна на полицијата во Минеаполис се прошируваат во се повеќе градови, со спорадични безредија. Забележливо е тоа што на протестите во Минеаполис, Атланта, Њујорк, Лос Анџелес, Далас, Вашингтон и во други градови, учествуваат многу луѓе кои не се афроамериканци. Тие покажуваат дека целото општество има проблем со расизмот, а не само едно малцинство.
Во Атланта демонстрантите го нападнаа седиштето на Си-Ен-Ен. Телевизијата покажал слики во живо од сопственото седиште, покажувајќи како демонстрантите фрлаат предмети врз полицајците пред влезот на седиштето на телевизијата.
Демонстрантите се собраа и пред Белата куќа во Вашингтон. Некои од нив ги превртуваа полициските барикади. За време на протестите во Детроит, пак, со огнено оружје пак бил убиен еден млад човек, соопшти полицијата во градот.
По Минеаполис, вонредна состојба беше прогласена и во Атланта во во неколку соседни градови во сојузната држава Џорџија. Околу 500 припадници на Националната град ќе бидат ангажирани за заштита на луѓето и имотите, порача гувернерот на Џорџија, Брајан Кемп.
Во Минеаполис пак Националната гарда беше ангажирана еден ден порано , но според извештаите на медиумите, на улиците едвај било забележливо присуство на силите за безбедност. Протестите продолжија во текот на целата вечер и покрај воведениот полициски час, а забележан се и случаи на вандализам во продавниците.
Инаку полицаецот од Минеаполис кој беше снимен како со колено го притиска вратот на Џорџ Флојд, додека тој лежи на земја врзан со лисици беше уапсен во текот на вчерашниот ден. Дерек Шовин е вработен во полицијата на Минеаполис 19 години. Во моментов не е познато кои се очекуваните тешки обвинувања.
„Ова е последно во долгата листа на убиства на невооружени афроамериканци од страна на американската полиција и вооружени цивили“, вели Бачелет во изјавата.
„Ужасната сум што морам да го додадам името на Џорџ Флојд до оние на Бреона Тејлор, Ерик Гарнер, Мајкл Браун и многу други невооружени афроамериканци кои умреа низ годините од рацете на полицијата“.
Џорџ Флојд, 46-годишен работник во ресторан почина во градот Минеаполис во понеделникот откако полицаец при апсење повеќе од пет минути го притискаше со коленото врз вратот.
„Властите во САД мора да преземат сериозни мерки за да ги сопрат ваквите убиства и да обезбедат дека ќе има правда кога тие ќе се случат“, вели Бачелет.
Убиството на Флојд предизвика насилни протести во Минеаполис, но и во други градови во САД. Полицаецот и двајца негови колеги се отпуштени од работа, но градоначалникот на Минеаполис најави дека ќе се бара и кривична одговорност.
Поранешната чилеанска претседателка која сега е комесар на ОН за човекови права, ја поздрави одлуката на американското сојузно обвинителство да отвори истрага за случајот, но предупреди дека тоа не е доволно.
„Во премногу случаи во минатото, таквите истраги доведуваа до оправдувања на убиствата на сомнителни основи, или беа решавани со административни мерки“, вели Бачелет.
Таа ги повика и демонстрантите да се смират, откако веќе втор ден во Минеаполис протестите се одбележани со судири со полицијата, палење на продавници и други објекти и грабежи.
Градоначалникот на Минеаполис денеска побара да се ангажира и Националната гарда за смирување на состојбата.