Очевидно е дека власта е во дополнителна нервоза за натрупаните проблеми, создадени од неа самата. Обидот да се натера обвинителството, кое е под постојан притисок од премиерот, да покрене обвиненија против Филипче и Пендаровски е секако јасен знак на владината немоќ

Обвинителството да постапи по допрен глас по обвинувањата на кардиохирургот Жан Митрев, дека за време на ковид пандемијата, екс премиерот Зоран Заев и тогашниот министер за здарвство и актуелен лидер на СДСМ Венко Филипче барале начин како да дојдат до сопствеништво на неговата болница, повика премиерот Христијан Мицкоски. Тој го прозва и екс шефот на државата Стево Пендаровски дека како што рече, постоеле сериозни сомневања дека дел од одлуките на Пендаровски во време на ковид-кризата биле незаконски. Тоа според него, го отвора прашањето за институционална и кривична одговорност.
„Ние знаевме какви мафијашки упади се случуваа особено во тој период кога се носеше таа, би рекол, вонредна состојба, кога со уредби со сила на закон се надсинхронизираше законот и Уставот во Македонија. Има многу сведоштва кои говорат за однесувањето на владата во тој период, вие знаете, сè уште тие законски уредби и одлуки на Стево Пендаровски во тој период стојат непоминати во Собранието, треба да ги видиме и Собранието да се произнесе во периодот што следи, што со тоа, дали можеби има и одговорност тука од страна на поранешниот претседател”.
На овие инсинуации експретседателот Пендаровски одговоримногу бргу.
„Навистина, мислев да не му давам значење на господинот Мицковски, затоа што ја разбирам неговата потреба катастрофалните ’резултати’ од своето досегашно владеење да ги покрива со коментари за работи кои не ги разбира, но, заради јавноста, ќе морам да објаснам некои работи кои за жал на ’експертот за енергетика’ претходно не му ги објасниле неговите ’големи правници“- реагираше поранешниот претседател Пендаровски.
Тој исто така додаде: „Уставниот суд уште пред повеќе од пет години, со мнозинство гласови потврди дека одлуките за вонредната состојба се во склад со Уставот и законите. Второ, уредбите со законска сила ги носеше и ги имплементираше Владата. Дали таму имало злоупотреби, тоа државните институции кои сега се под тотална контрола на Мицкоски можат да го проверат кога сакаат, ако сакаат. Трето, сите одлуки за прогласување на вонредна состојба беа доставени од моја страна до Собранието и тоа веднаш по завршувањето на таа состојба“.
Мене ми е јасно дека и ова образложение нема да го спречи Мицковски да продолжи неосновано да обвинува и клевети, затоа што тоа е, за жал, единствениот начин на кој е научен да владее.
Обвинувањата на Мицксоки кон Пендаровски доаѓаат откако вчера и лидерот на СДСМ го повика кардохирургот Митрев оббвинѕвањата за преземањето на неговата болница да ги одкаже со кривична пријава и обвини дека зад тоа стои ВМРО ДПМНЕ. Филипче најави и тужба за клевета.
Оваа изјава на Мицковски секако е одраз на неуспехот што се покажа со свикувањето на лидерската средба во Клубот на пратениците, кога практично по ниту едно од поставените прашања од страна на позицијата не се доби очекуван одговор во практичното дејствување на парламентот.
СДСМ беше дуеи и исклучен од можноста да учествугва на координациите кај преетседателот на Собранието!
(Р.Г.)




