Актуелниот вицеканелар и министер за финансии одговара на стереотипните очекивања штио некој би го имал за Германец: вреден, висококвалификуван и помалку здодевен. По тоа е многу сличен на канцеларката во заминување. Двајцата се трпеливи и можат долго да бараат компромиси со партнериоте
МАКС БРЕНДЛЕ
Новото свикување на германскиот Бундестаг требаше да биде избрано во недела, 26 септември. Одамна се чинеше дека новата влада ќе се состои од коалиција на конзервативната унија на Ангела Меркел (ЦДУ-ЦСУ) и Зелените. Се чини дека оваа коалиција би го одразила цајтнотот во Германија: ниедна тема не беше поважна од борбата против климатските промени. Но, дојде до големо изненадување кон средината на август-Зелените и ЦДУ ја загубија поддршката во сите анкети и сега ги предводат долго отпишаните социјалдемократи.
Последната голема победа на СПД беше во 1998 година, кога Герхард Шредер освои 40% од гласовите. Оттогаш, СПД учествува во владата само како послаб партнер во коалицијата на Ангела Меркел, а нивната популарност постојано опаѓа, па на последните избори во 2017 година освоија само 20% од гласовите. Сепак, според последните анализи на завршените избори тие се на првото место со освоени 27,5 отсто пред ривалот, кој падна на 24,1 отсто, додека Зелените освоија 14,5 отсто.
Како што предвидуваа анкетите победата е тесна ама го исфрлува СПД повторно да стане најсилната партија. Како се случи тоа?
Ангела Меркел беше шеф на германската влада 16 години и ја водеше земјата низ многу кризи. Затоа ужива голема доверба кај Германците. Но, очигледно е дека многу гласачи дури пред крајот на летните одмори сфатија дека таа навистина заминува. Од тој момент, темата за климатските промени веќе не доминира во јавните дискусии, туку прашањето кој би можел да биде нејзиниот наследник. Меѓутоа, личните грешки и недоволно осмислената изборна кампања ги натераа шпиценкандидатен на Зелените и на ЦДУ да ги загрозат своите шанси за успех. Зелените ја номинираа 40-годишната Аналена Бербок. Со својот талент за политика, Бербокова успева да допре до голем број луѓе, но и недостасува лидерско искуство во извршната власт. Тоа е една од причините зошто германските гласачи не ја гледаат како наследничка на Меркел, некој што наскоро ќе треба да преговара со Путин и Бајден.
Во ЦДУ, Армин Лашет се бореше за кандидатурата на канцеларката, која, како и Ангела Меркел, го следи умерениот курс на политичкиот центар. Како премиер на најнаселената држава Северна Рајна-Вестфалија, тој има политичко искуство, но му недостасува препознатливиот профил на економски либерал или конзервативец. Очигледно е дека граѓаните не веруваат дека Лашет е способен да покаже упорност во кризата.
Затоа сега Олаф Шолц, кандидатот на СПД, доби шанса да победи на изборите в недела. Во многу аспекти, тој одговара на стереотипните очекувања што некој може да ги има од Германец: вредни, високо квалификувани и малку здодевен. Во тој поглед, тој е многу сличен со канцеларката во заминување – и двајцата се трпеливи и долго време бараат трезвени и аналитички политички компромиси.
Шолц израснал во Хамбург, најголемиот пристанишен град на северот од Германија. Како млад социјалдемократ, тој се уште се залагаше за левичарски, антикапиталистички идеи. Но, како и долгата коса што ја имаше во тоа време, тие беа изгубени за време на неговата политичка кариера. Тој беше генерален секретар на СПД за време на владата на Герхард Шредер од 2002 до 2005 година, кога СПД, и покрај големиот социјален отпор, спроведе неолиберални реформи во Германија. Во тоа време, имаше популарна изрека во кругови блиски до канцеларот Шредер: „Ако не се занимавате со левичарски утопии на 20-годишна возраст, немате срце. И ако се уште ве прогонуваат на 40 години, немате разум“.
СПД продолжува да ги следи гласините дека нивната реформска политика ставила многу работници и вработени во неповолна положба и со тоа ја довела во прашање клучната тема на партијата – социјална правда. Но, се чини дека по речиси 20 години, оваа траума може да се надмине. Како министер за труд, Олаф Шолц воведе бенефиции за Курзарбејт во глобалната финансиска криза во 2009 година: наместо да отпуштаат работници, компаниите имаа можност да ги испратат дома, а потоа државата ќе им надомести 60 проценти од платата. На овој начин, многу компании успеаја да ја надминат кризата. Имаше помалку невработени и на крајот на кризата производството можеше брзо да продолжи, бидејќи, нема потреба од повторно вработување и обука на нови работници. Германија, исто така, успешно го користи овој инструмент денес како мерка за поддршка на економијата за време на епидемијата на корона вирусот. Со барањата за повисока минимална плата и повисоки даноци за богатите, Олаф Шолц денеска повторно ја рекламира СПД како заштитник на социјално загрозените. Затоа неговиот слоган во изборната кампања е: „Почит кон тебе“.
Со брилијантна победа на изборите во 2011 година, Шолц успеа да освои апсолутно мнозинство во Хамбург и да стане градоначалник на економски силна пристанишна метропола. Во тоа време, беше кажано дека со мирно однесување и политички стил, тој може да биде успешен само во студениот Хамбург. Но, сега, кога станува збор за наследството на подеднакво нехаризматичната Ангела Меркел, очигледно е дека таков стил функционира во цела Германија.
Кога избувнаа немири и грабежи на самитот на Г -20 во Хамбург во 2017 година, Шолц, како градоначалник, беше принуден да преземе одговорност за грешките во концептот на безбедносни и полициски операции, но сепак успеа да избегне оставка. Обвинувањата за неговата одговорност во надгледувањето на сложените банкарски трансакции, исто така, произлегуваат од тој период, што резултираше со многу загубени даночни приходи. Досега, овие наводи не го нарушија значително неговиот кредибилитет во очите на гласачите. На крајот на 2019 година, тој беше поразен на изборите за претседател на СПД. Но, денес, во изборната кампања, неговата партија стои обединета
(Макс Брендле, директор на регионалната канцеларија на Фондације Фридрих Еберт за Србија и Црна Гора)