Нема зголемување на платите. Но има зголемување на цените, поскапена струја за 30%, а субвенциите кои ги имаше се укинати. Од друга страна, гледаме енормно трошење на народните пари. Власта стана како туристичка агенција – во неполни четири месеци, две-три патувања во Америка, Дубаи, приватни авиони, Будимпешта и од се ова не гледаме никаков бенефит, смета Даниела Колева.

Според сознанијата кои струјат во јавноста а што ги изнесува и опозицијата меѓу Велигден и Празникот на трудот илјадници работници власта остави без плата. Иако поминаа недели од законскиот рок – 15 во месецот, конкретно април – дури и платите на вработените во државни институции сè уште не се исплатени. Се набројуваат Министерството за културата со околу 3.000 вработени, вработени во Министерствот за економија, во Државниот пазарен инспекторат исто така немаат земено плата… Лоша е и исплатата на платите во приватниот сектор, што се вели ако не и полоша.
„До таму ДПМНЕ ја донесоа земјава –не зборуваме веќе за економски развој, туку дали Владата ќе може да ја исполни најосновната обврска – исплатата на заработената плата! Ова не е само скандал, ова е кршење на основните права на работниците, уривање на нивното достоинство и уште една потврда за целосната неспособност на Владата предводена од ДПМНЕ. Ова е врв на игнорантност и понижување на македонскиот работник. Тотална незаинтересираност на власта за работниците“ – велат од СДСМ.
Прашауваме кој ќе ја сноси одговорноста? Платата не е награда. Платата е законско, загарантирано право. Додека функционерите од власта се расфрлаат со папаја, манго и луксузи, работникот живее од трошки и едвај крпи крај со крај. Во овие десет месеци, животот на илјадници семејства се претвори во преживување од месец во месец. Животниот стандард е на историско дно, цените и сметките растат, а Владата одби секое барање за покачување на платите. Македонскиот работник е најпотценет во регионот – велат од опозиционите редови во Собранието.
„За речиси една година од владеењето на ДПМНЕ, не гледаме ништо позитивно, освен лошо и катастрофално водење на државата, каде што граѓаните се ставени на последно место. Додека 500 илјади граѓани живеат со 150 денари на ден, владата се луксузира со два тона егзотично овошје и бесцелни патувања низ светот со народни пари“ – рече Даниела Колева, претседателка на Форумот на жени на СДСМ, во гостувањето во „Студио 10“ на 24 телевизија.
Таа се осврна на животниот стандард на граѓаните, кои едвај врзуваат крај со крај, каде што нема никаква контрола врз цените кои вртоглаво растат, а власта не покажува никаква грижа за основните потреби на граѓаните, од кој било аспект.

– Во времето на владеењето на СДСМ имаше континуиран раст на платите и со тој раст стигнавме до тоа една просечна плата да покрива 90% од синдикалната кошничка. Сега, со две просечни плати не може да се наполни една синдикална кошничка. Зборуваме за најосновни потреби на едно семејство. Замислете, премиерот даде изјава во која промовираше многудетни семејства, а од друга страна, кошничката се пресметува за семејство од три члена – и ова е класична манипулација. На граѓаните не им останува ништо друго освен да се задолжуваат, затоа што со две просечни плати не може да се издржи месецот – рече Колева.
Таа потенцираше дека станува збор за основни трошоци за живот кои луѓето не можат да ги покријат, а што да се каже за сите оние што дома имаат член со попреченост, еднородителски семејства, семејства со болни од карцином, многудетни семејства, семејства со студенти и средношколци?
– Граѓаните се ставени на последно место и никој не ги прашува како живеат. СДСМ кога беше на власт донесе исклучително важни мерки. Во 2022 година над 2 милијарди евра од буџетот, без никакви кредити, беа дадени на граѓаните и на фирмите. Повратот на ДДВ беше исто така финансиска помош, како и субвенционираниот студентски оброк, регресот за годишен одмор, покачувањето на платите. Еве, во секторот за култура се чека цела недела за да се исплати плата – рече Колева.
Таа потенцираше дека власта ништо не прави за граѓаните. Немаат ниту една мерка за јакнење на стандардот на граѓаните.
– Нема зголемување на платите. Но има зголемување на цените, поскапена струја за 30%, а субвенциите кои ги имаше се укинати. Од друга страна, гледаме енормно трошење на народните пари. Власта стана како туристичка агенција – во неполни четири месеци, две-три патувања во Америка, Дубаи, приватни авиони, Будимпешта и од се ова не гледаме никаков бенефит, рече Колева.
Дополнително, власта го одложува и процесот на усогласување на платите и не ги почитува колективните договори во голем дел од институциите. Околу 60.000 вработени во јавниот сектор требаше да добијат зголемена мартовска плата за 12.6%, согласно Општиот коелктивен договор. Додека цените и сметките секојдневно растат, власта одбива одбива да ги покачи платите во различни сектори, одбива да ја зголеми минималната плата на 500 евра.
Десет месеци што беа доволни да излезе на површина неспособноста, неодговорноста и целосната незаинтересираност на оваа Влада за животниот стандард на граѓаните.
Последните податоци покажувата дека за да се покрие синдикалната минимална кошничка, потребни се речиси три минимални плати. Семејство со минимална плата не може да си дозволи ни храна, ни лекови, ни сметки. Тоа не е живот – тоа е борба за преживување.
Пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, на послдната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати прашање до министерот за култура Зоран Љутков, кое се однесуваше на неисплатените плати, непочитувањето на колективниот договор за исплата на платите на културните работници .
Министре, ова ќе биде мое прво и последно прашање до вас, затоа што знам дека ги слушате реакциите – не од мојата партија или пратеничка група, туку од сите. Кажавте дека сте биле член на СКРМ во време на потпишувањето на колективниот договор, и јас очекувам – бидејќи вие секогаш сакате правда и исправување на криминал – дека, ако нешто било незаконско во тој колективен договор, требало да реагирате и да укажете, како што денес тврдите. Сакам да знам дали и зошто сега го напаѓате колективниот договор. Дали планирате да го промените членот 65 од истиот колективен договор? Во завршната одредба на овој колективен договор стои дека тој останува во важност до моментот на потпишување на нов колективен договор. Значи, тој е важечки според сите одредби. И вие знаете дека секогаш со мартовската плата во културата се прави усогласување со минималната плата, откако таа започна да расте. И токму моето прашање до вас: зошто не ги направивте новите решенија на време? Зошто урнек-решенијата се испратени на 10 април до установите, знаејќи дека имате безмалку околу 100 културни установи – 49 под Министерство за култура и 49 под локална самоуправа?И зошто дури на 10 април се добиени тие урнек-решенија и не се потпишани од тој што ги изработува? Дали не бевте во државата? Дали во Министерството за култура ова е времето кога се користат ланските одмори, па сега немате таму помош? Или имавте некоја друга намера?“

За пуста функција и преку трупови ќе газите, јаден министер, јадна култура му напиша Тони Михајловски на Љутков, значајна порака во овие околности.
Актерот Тони Михајловски додаде за министерот „јаден он и јадна култура сосе туризам“. Реакцијата доаѓа откако откако вработените во културата останаа без плати за Велигден. „Смешни, и расипани, сте како Нушиќ да ве составувал. Кога ќе се поткачите една скала над другите веднаш почнувате да серете врз нив. За пуста функција и преку трупови ќе газите. Заборавате кои сте биле и сите што ве знаат ги бришете од “живи” за да “умре” со нив и вашата вистина. Ама не умира пустата туку о.ц “како шило врти врти и ќе излезе на другата страна” Тони Михајловски потоа и додаде:
„Ја умревте културата. Ја распнавте и заковавте клинци и ја оставивте да умре. Симболично или не баш пред Велигден. Знаете што следува, нели. Таа ќе „воскресне” и ќе ви покаже дека е поголема и побитна од сите вас во институциите оптан топтан. Се гледаме на „барикадите” пошто на сцена не заслужувате да се гледаме, а реално и слабо одите у театар. Вечерва имаме претстава. Онаа популарната. Онаа што „министерот” не ја гледал пошто била добра. Јаден он и јадна култура со се туризам. Најверојатно ќе играме за да не ја изневериме публиката која платила карти а ние сеуште немаме плата. И најверојатно заради среќните робови кои се најголеми непријатели на Слободата“.