НАТАША МЕШКОВСКА
Спортистот треба да расте чекор по чекор а не веднаш да се пушта на Олимпијада за неколкумина со него да појдат на овој настан – коментира искусната тренерка по повод лошиот резултат на пливачот Никола Ѓуретановиќ во Париз
Гледам по социјалниве мрежи, се огласи „стручниот” тим на Никола. Да беа тие малку совесни, немаше детено да го пуштат на Олимпијада тотално психофизички неспремно.
Да, ние треба да си навиваме за нашите, но исто така треба и да дадеме конструктивна критика, бидејќи тоа е здраво и задолжително за секој јавен настап.
Морале да настапат, добиле покана. Мајката, ја шпекулираат јавноста.
Таа покана може и да не се прифати, а да беа паметни, тоа ќе го направеа. Детето е супер, има талент и има потенцијал, но не е резултатски зрело за Олимпијада. Резутатот негов покажа се! Тој треба да си настапува прво на младински првенства, па на сениорски, па потоа, ако има прогрес, да оди на ОИ. Да расте чекор по чекор, преку искуство. Инаку вака, само го фрустираат. Да бидеш убедливо последен кога цел свет те гледа, која е поентата? И до кога ние ќе одиме со вајлд карти? Се научија тренерите, напрај државен првак, прошетајте се на ОИ. И така 5 Олимпијади, брукање. Заборавате дека историјата на мак пливањето е исполнета со врвни, светски резултати. Со вакви дебакли само подлабоко тонеме. Треба да се исфрлат вајлд картите, па да видиме тогаш овие наши „стручни” тренери до каде ќе стигнат. Да, знам, се работи во тешки услови, се нема пари, базени….ама затоа сте пикнати во управни одбори на федерација, изборете се за подобро. Јас сум ви трн во око дека ви ја кажав вистината, а вам ви требаше да направите дефокус од вашиот неуспех, и ме напаѓате, и тоа разбирам. Ама намалете со омраза, знам дека успешна и паметна жена ви прави да се осеќате лошо, ах вие, мажиња што пукате од „стручност и знаење”.
За жал, спортистите се резултат и последица на нестручно работење, немање доволно добри услови за работа, и желба на тренерите по секоја цена да шетаат, инаку како ќе го видеа Париз. Секоја чест на исклучоците.
И за крај, бидејќи се спомнува факултетот, да ви појаснам, произведуваме кадри за наставници, професори и инструктори по пливање. Добар тренер се кали низ пракса, со години искуство, работејќи со сите категории на деца, тој треба да учи и од други тренери, поискусни, да следи трендови во процесот… итн, итн. Плукајќи по факултетот, си плукате по себе. Има уште многу, ама празник е и ја затвараме темава.