Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

НИКОЛОВСКИ НА ТВ 24: ПЕНЗИИТЕ СЕ ЕКОНОМСКА А НЕ СОЦИЈАЛНА КАТЕГОРИЈА А ОНИЕ КОИ ТВРДАТ ПОИНАКУ СЕ МАНИПУЛИРАНИ ОД ПРОРУСКИТЕ ПАРТИИ

March 20, 2024 Filed Under: Македонија

Во своето гостување на Студио 10 лидерот на Партијата на пензионерите јасно кажа дека не постои земја во светот каде пензиите се покачуваат по системот „за сите иста сума“

НИКОЛОВСКИ Оваа влада во годините зад нас даде девет социјални пакети за пензионерите

Партијата на пензионери не е идеолошки оптоварена. Тоа е програмска партија и може да соработуваме со сите. Но, нашата партија е формирана кога пезионерите беа маркинализирани, пензиите доцнеа, се зголемуваа по 500 денари. Со партијата пензионерите се вклучени во политичкиот живот, за да не одлучуваат други за нив туку самите да имаат учество за подобрување на правата на пензионерите како парламентарна партија, вели генерал Илија Николовски, пратеник и претседател на Партија на пензионерите во СТУДИО 10 на ТВ 24.

– Првпат во историјата на Македонија имаме пензионерски протести и дел од барањата беа издржани, но подоцна пензионерите беа изманипулирани од проруски партии. Сега пензионерите видоа дека листите треба да одат преку партијата на Бачев, Единствена Македонија, по што настана раскол – вели Николовски.

Тој додава дека има разбирање за барањата, но кога ќе се види кои се тие пензионери што протестираат тоа се оние кои имаат високи пензии и сите се поврзани со ВМРО-ДПМНЕ. Има и нереални барања, како што е она за секој пензионер да има покачување од 5.000 денари, вели Николовски и додава дека неговата партија веќе ги има опфатено другите барања на пензионерите како што е зголемувањето на минималната пензија на 70 отсто од платата, а просечната пензија да биде 60 отсто од платата.

– Единствено нешто што ние не сме барале е линеарното покачување оти пензијата е економска категорија, а не социјална. Со линеарно зголемување ќе дојдеме до нефер однос кон оние кои повеќе вложувале во Фондот – вели Николовски.

За претстојните избори Николовски вели дека ќе останат во владејачката коалиција сега оти тоа е проевропска коалиција која се залага за влегување во ЕУ. Николовски вели дека за Македонија друга алтернатива нема. Исто така, Партијата на пензионерите ќе донесе одлука за поддршка на претседателската кандидатура на Стево Пендаровски.

 

Filed Under: Македонија

БРИСЕЛ ЗА КАНДИДАТИТЕ ЗА ВЛЕЗ ВО УНИЈАТА
АФЕРАТА ЗА ПРИСЛУШКУВАЊЕ НА ВМРО-ДПМНЕ СЕ ЛИЗГА НА СОПСТВЕНИТЕ ПРОТИВРЕЧНОСТИ
ДАЛИ Е ОВА ПОЧЕТОК НА КРАЈОТ? ГО ПРИНЗАВА ЛИ ТОА ПУТИН
ЛИНА ЃОРЧЕСКА СЕ ВРАЌА ВО ФОРМА
СОВРШЕНИ ЖРТВИ (2)

Најново

  • БРИСЕЛ ЗА КАНДИДАТИТЕ ЗА ВЛЕЗ ВО УНИЈАТА
  • АФЕРАТА ЗА ПРИСЛУШКУВАЊЕ НА ВМРО-ДПМНЕ СЕ ЛИЗГА НА СОПСТВЕНИТЕ ПРОТИВРЕЧНОСТИ
  • ДАЛИ Е ОВА ПОЧЕТОК НА КРАЈОТ? ГО ПРИНЗАВА ЛИ ТОА ПУТИН

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet