Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

НИКОЛОСКИ КАКО КОРЕКТОР НА ПАРТИСКИОТ ШЕФ

December 14, 2021 Filed Under: Македонија

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, изјави дека Бугарија не е проблем за Македонија на патот кон ЕУ, а Мицкоски вели Македонија е жртва во спорот со Софија, но дека за една недела ќе ги почнела преговорите со ЕУ

РАЗЛИКИ Кој од овие двојца не ја сменил навреме касетата?

Нејасно е кој е ставот на ВМРО-ДПМНЕ за блокадата на Бугарија на патот на Македонија кон ЕУ. Лидерот на партијата, Христијан Мицкоски зборува едно, а потпретседателот Александар Николоски друго.

Вчера (7 декември) Мицкоски од Штип изјави: „Очекувам земјата да ги започне преговорите со ЕУ за нешто повеќе од една недела од денеска, затоа што тоа го заслужи не само поради реформите, туку едноставно, поради сето она што го направија македонските граѓани и Македонија заслужија да има почеток на преговорите“.

И уште додаде: „Ние ги споделуваме тие вредности со ЕУ и навистина ова е крајно време ЕУ на дело да ги покаже своите вредности и да ги напушти оние хегемонистички барања на нашиот источен сосед коишто немаат никаква врска со европските вредности, туку тоа се барања коишто се можеби соодветни за 2-3 века во минатото, а не за два или три века во иднината“.

Денеска на средбата со германската амбасадорка Анке Холштајн Мицкоски, како што стои во соопштението на партијата, рекол дека „Македонија не смее повеќе да биде заглавена во чекалницата на ЕУ и да биде жртва на спорот со Бугарија создаден во време на оваа влада“. Тој ѝ рекол на Холштајн дека „државата треба да добие датум за преговори и покрај фактот што владата не испорача резултати во борбата со криминалот и корупцијата“.

Неколку часа по средбата на Мицкоски со Холштајн Александар Николоски (и тој беше на средбата) зборува друго – дека почетокот на преговорите со ЕУ не зависел од Бугарија туку од Македонија. Точно онака како што зборува официјална Софија, иако конотацијата во неколку сегменти е различна.

„Јас останувам на тоа што сум го кажал, дека почетокот на преговори со ЕУ зависи од Македонија, не зависи од Европската унија и од Бугарија. Европските ставови се како ние ќе си ја завршиме домашната задача. Од една страна има поддршка Македонија да почне преговори со ЕУ, но исто така мора да сме фер и да ги слушаме до крај и читаме, дека постои сериозна загриженост во однос на владеење на право, степенот на корупција, реформите во јавна администрација и економската состојба“, изјави тој во гостувањето на Сител.

Тој на индиректен начин го демантираше Мицкоски за неговото тврдење дека идната недела ќе сме добиеле датум за првата меѓувладина конференција. „Заев лаже дека добива датум за преговори. Додека лажат за датум нивни луѓе од Владата во нетранспарентен процес добиваат дозвола да градат фотоволтаици или друг тип на централи, а гледаме тоа се фирми на контроверзни бугарски бизнисмени. Додека со едната рака зборуваат за ЕУ, од друга страна ја уништуваат таа можност затоа што се корумпираат, себеси, тие околу нив и општеството“, рече Николоски.

 

Filed Under: Македонија

ШТО СЕ’ СЕ КРИЕ ЗАД ДОГОВОРОТ ЗА СТРАТЕШКО ПАРНЕРСТВО СО БРИТАНЦИТЕ?
ПОЛИТИКА КОЈА НЕ Е ЗА ЕУ, ЗЕМА И АНТИЕВРОПСКИ КРЕДИТИ
СИ ЏИПИНГ: РУСИЈА Е НАШ ВАЗАЛ ОТСЕГА ПА НАТАМУ
КАНСКА КОНКЛАВА: БРАК ОД ЉУБОВ
ПУТИНОВ ПОКЕР ИЛИ РУСКИ РУЛЕТ (129): КРЕМЉ ЌЕ БИДЕ ОБЕСХРАБРЕН, САМО УКРАИНА Е ВООРУЖЕНА ДО ЗАБИ

Најново

  • ШТО СЕ’ СЕ КРИЕ ЗАД ДОГОВОРОТ ЗА СТРАТЕШКО ПАРНЕРСТВО СО БРИТАНЦИТЕ?
  • ПОЛИТИКА КОЈА НЕ Е ЗА ЕУ, ЗЕМА И АНТИЕВРОПСКИ КРЕДИТИ
  • СИ ЏИПИНГ: РУСИЈА Е НАШ ВАЗАЛ ОТСЕГА ПА НАТАМУ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet