По Преспа никој не може да оспори дека во Северна Македонија живеат Македонци, кои говорат македонски јазик – вели речиси тридеценискиот преговарач
Преговарачот во речиси тридеценискиот спор за името меѓу Северна Македонија и Грција, кој конечно беше надминат со Преспанскиот договор, Метју Нимиц, во еден момент на двете страни им посочил дека целиот овој спор за името му наликува на спор за англискиот јазик, но потоа бил критикуван за тој коментар
Како нешто најчудно и нелогично го гледаа спорот за името Македонија сите оние кои од страна го набљудуваа или од време на време се информираа за процесот, но Нимиц нагласува дека оние кои биле директно влучени во процесот можеле да разберат дека станува збор за прашање кое задира во сржта на идентитетот и националното чувство на безбедност на засегнатите.
Поранешниот специјален претставник на генералниот секретар на Обединетите нации, Метју Нимиц, за кого светските медиуми објавија дека е човек, кој целата своја кариера ја посветил на еден збор, во деталната анализа за Nationalities Papers, академското списание кое го објавува Кембриџ Јуниверзити за Асоцијацијата за студии на националностите, дава детален преглед на спорот и неговото конечно решавање.
Преговарачот Метју Нимиц во еден момент на двете страни им посочил дека целиот овој спор за името му наликува на спор за англискиот јазик, но потоа бил критикуван за тој коментар. Во текот на преговорите на двете страни им го посочувал примерот со Грузија/Џорџија (Georgia), едната држава во Европа, другата во САД, на англиски се изговара исто и се користи истата придавка, но грчкиот преговарач му забележал дека станува збор за држави на различни континенти и за „држави кои не се бореле една со друга во балканските војни“.
Како нешто најчудно и нелогично го гледаа спорот за името Македонија сите оние кои од страна го набљудуваа или од време на време се информираа за процесот, но Нимиц нагласува дека оние кои биле директно влучени во процесот можеле да разберат дека станува збор за прашање кое задира во сржта на идентитетот и националното чувство на безбедност на засегнатите.
Поранешниот специјален претставник на генералниот секретар на Обединетите нации, Метју Нимиц, за кого светските медиуми објавија дека е човек, кој целата своја кариера ја посветил на еден збор, во деталната анализа за Nationalities Papers, академското списание кое го објавува Кембриџ Јуниверзити за Асоцијацијата за студии на националностите, дава детален преглед на спорот и неговото конечно решавање.
Потсетува дека првиот предлог што го дал во текот на долгогодишните преговори бил Република Македонија (Скопје), но тогаш предлогот беше одбиен од македонската страна, а кај Атина имаше волја да го земе предвид
– Откако спорот беше решен со Преспанскиот договор во јуни 2018 година, повеќето набљудувачи од страна се прашуваа зошто беше потребно толку многу време. Сепак ова беше прашање кое одеше директно во срцето на идентитетот и националното чувство на безбедност, вели Нимиц.
Нагласува дека во овој за многумина необичен случај, менувањето на името на новата независна држава, вклучувал длабоки проблеми поврзани со идентитетот на две посебни страни и нивното различно сфаќање за историјата, културата и идната на регионот.
– Решавањето на спорот за името меѓу Грција и нејзиниот северен сосед креираше важна нова можност за поконструктивни односи и побезбеден Балкан. Договорот од Преспа, потпишан на брегот на Преспанското Езеро, кое ги дели двете држави е решение за спорот и основа на нов почеток, вели Нимиц.
Нагласуваќи дека Договорот беше поздравен од светските метрополи како голем чекор за регионот, истакна дека важно е да се препознае дека Преспанскиот договор немал широка поддршка и во двете земји и, како што напиша „едвај ги добиел потребните парламентарни гласови и гласовите на граѓаните и во Грција и во нејзиниот северен сосед“.
Нимиц нагласува дека македонското прашање преставува стратешка мултидимензионална контроверза, која била на агендата на Европа од 19 век.
– Иако генералната перцепција е дека проблемот во голема мера е решен со Преспанскиот договор, нема гаранција дека контроверзата со името нема повторно да се појави во регионот и да предизвика нови проблеми во иднина, забележува Нимиц, кој во својата анализа ги посочува различните агли на пристапување на спорот кај двете страни.
Медијаторот Метју Нимиц на почетокот посочува две важни историски поенти – прво, Македонија никогаш не била самостојна држава, барем не по смртта на Филип во 336 година п.н.е. и најдобро се објаснува како историски конструкт чии граници се нејасно дефинирани во рамки на турската империја и второ – луѓето кои го населуваат регионот на Македонија се мeнувале низ годините и се повеќе микс од разни етникуми – Грци, Бугари, Македонци, Албанци, Турци, Власи, Евреи и други.
Според Нимиц географски „Македонското прашање“ по падот на Османлиите е решено со Балканските војни. Во 1991 година поранешниот „македонски“ дел – од 1946 година консолидиран како Народна (потоа Социјалистичка) Република Македонија, прогласи независност.
– Луѓето на оваа поранешна југословенска република зборуваат македонски јазик, се викаат Македонци и на референдум донесоа Устав со кој нивната држава се вика Република Македонија. Следниот чекор за оваа нова балканска држава беше признавање во ОН како една од земјите наследнички на Југославија и меѓународно признавање, пишува Нимиц.
Додека во Република Македонија се славеше независноста, од Грција на новиот северен сосед се гледа со недоверба и како на долгорочна потенцијална безбедносна закана.
– Нова и нестабилна држава на својата северна граница ја загрижува Грција поради можните аспирации за обединување на историска Македонија, не веднаш, но во иднина и не сама, туку со помош на помоќни пријатели кои се непријатели на Грција. Одговорот од Грција на ова е во Советот за безбедност на ОН каде ги убедува дека постои закана за безбедноста на Грција и целиот регион, првенствено поради името на новата држава. По голема дипломатска победа на Грција Советот за безбедност го прифаќа ставот и носи резолуција во 1993 година со која ја прифаќа новата држава под привременото име „поранешна југословенска Република Македонија“, пишува Нимиц.
Во време на масовни националистички протести во Солун и ембарго од Грција, како и тензичната атмосфера во цела поранешна Југославија и ембарго од ОН за Србија и Црна Гора, младата независна македонска држава, според Нимиц, за среќа е водена од искусен и почитуван лидер – Киро Глигоров – кој успева без насилство да извојува независност за својата држава и народ.
Привремената спогодба од септември 1995 година ги нормализира односите. Грција го трга економското ембарго, а Сонцето од Вергина се трга од знамето на државата, а спорот со името се префрла пред Советот за безбедност на ОН.
На крај Нимиц изразува и изненадување што привремената спогодба речиси 24 години сосема добро функционира како основа за односите меѓу Грција и поранешната југословенска Република Македонија, посочувајќи дека нејзино потпишување било тешко договорено и постигнато по целонеделни преговори во Њујорк, каде ниту една од страните не сакала да се сретне со другата..
(продолжува)