Во текот на преговорите се обидувале да ги разбијат крајностите и кај едната и кај другата страна и да ги доведат Скопје и Атина до точка до која ќе можат да ја увидат взаемната корист од решавањето на спорот за името
Во Скопје велевме: aјде да зборуваме за географија, не за идентитет. Во резолуцијата на Советот за безбедност на ОН не се прави обид за промена на идентитетот на вашите луѓе. Така што опуштете се од стравот дека ќе би биде земен вашиот македонско идентитет. Но името на државата мора да биде одраз на географската реалност. Затоа да зборуваме за географија. Македонија е географски концепт, и тоа е една поголема област. Може ли да се согласиме за тоа?
Овој голем регион со векови беше под отоманско владеење. И беше поделен во 1912-1913 за време на Балканските војни. Мора да признаете дека вашата тетирорија е дел од mакедонскиот регион, и е само дел. Ајде да бидете точни во врска со ова: тоа е мал дел од околу 38 проценти. Така што може да се додаде одредница на вашето име, со цел попрецизно да се одрази географската реалност. Размислете за зачувување на вашето име Република Македонија, но додавате соодветена одредница, вели Нимиц.
Тој понатаму го објаснува пристапот, што го имале кон Атина. „На Атина исто така и велевме: да разговараме за географија, не за идентитетот. Никој не се обидува да ви го земе македонскиот идентитет, далеку од тоа. Сите знаеме дека Филип и Александар беа дел од хеленскиот свет и македонското наследство е хеленско. Целиот свет го знае тоа. Затоа, опуштете се и не се плашете се дека ќе ви биде одземен вашиот идентитет. И вашите луѓе кои живеат во северна Грција се нарекуваат себе си Македонци (грчки Македонези). Добро – тоа никогаш нема да се промени. Луѓето на вашиот северен сосед се нарекуваат себеси Македонци, тоа е нешто многу поразлично. Да разговараме за географијата. Сите се согласуваме дека Македонија е географски концепт и дека Османлискиот македонски регион е поделен во 1912-1913 година. Грција досега го освои најголемиот дел, но треба да признаете дека беше само околу половина од таа територија, појаснува Нимиц во својата анализа.
Вели пресвртот во обидите да се реши спорот се случил кон крајот на 2000 година, кога Атина ја прифати идејата дека името што ја вклучува Македонија ќе биде прифатливо ако во себе содржи соодветна географска одредница.
Кога премиерот Зоран Заев во 2017 година, додава Нимиц, посочи дека вакво нешто може да биде прифатливо и за Скопје, со оглед на решавањето на сите други прашања, вклучително и заштита на идентитетот на македонскиот народ – почна да се надзира основата на договорот.
– Во мојот пакет предлози од 17 јануари 2018 година, кои ги иницираа последните и успешните рунди преговори, од двете страни беше побарано да земат предвид пет имиња – Северна Македонија, Горна Македонија, Македонија-Скопје, Вардарска Македонија (реката Вардар поминува низ земјата) и Нова Македонија, потсетува Нимиц,
Додава дека Атина најнегативно гледала на предлогот Македонија-Скопје, бидејќи стравувала дека со текот на времето тоа Скопје ќе исчезне, а Северна Македонија, пак најнеблагонаклоно гледала кон предлогот Нова Македонија. Тоа било од различни причини, а како што наведува Нимиц, делумно и поради тоа што идејата за „Нова“ Македонија подразбирала „дека тие беа новодојденци во регионот и со тоа имаа помалку легитимна врска со него“.
Конечно Скопје се определи за Република Северна Македонија што доведе и до Преспанскиот договор, а со него се појавија и прашањта за обемот на употребата на името.
– Како посредник уште пред повеќе години инстистирав новото име да се користи во меѓународната комуникација, а за внатрешна употреба да си остане Република Македонија. Има повеќе такви случаи во светот, системи на двојно име Финска/Суоми, Ирска/Еире, Албанија/Шиприа, дури и Грција самата го користи името Грција за меѓународна употреба, а внатрешно го користи името Хелас. Системот со двојно име ќе имаше предност поради тоа што ќе биде прифатен од јавноста, вели Нимиц.
Грција пак бараше ерга омнес – едно име за секаде. Јас постепено го прифатив тоа поради три причини: Грците не би продолжиле понатаму без ерга омнес, двете имиња може да доведат до расправии дали некоја комуникација е домашна или меѓународна и трето беа аспирациите на Скопје да стане дел од ЕУ, а во рамките на ЕУ ќе постои вистинска разлика на тоа што е домашно, а што заедничко во ЕУ, вели Нимиц, кој нагласи дека иако беше тешка отстапка, Скопје сепак прифати ерга омнес.
Тоа беше жртвата на македонската страна, која за возврат доби отворени врати за влез во НАТО и Европската унија. Но уште Нимиц напоменува дека во текот на преговорите, но и по донесувањето на Договорот на моменти имал чувство дека има граматичка улога, бидејќи сега решението за името требало да се примени во пракса, во именувањата, а особено прашањето во која форма да се користат придавките, со оглед на тоа што македонската страна изрично беше против придавката северномакедонски.
– Со Договорот од Преспа се стави клуч на македонскиот идентитет на граѓаните, а лидерите можеа самоуверено да го уверат својот народ дека е признат како македонски, дека тие ја постигнаа својата главна цел во преговорите, имено, признавањето на нивниот национален идентитет, посочува Нимиц.
Во анализата напоменува дека преговорите биле во рацете на двајца изворедни министрите за надворешни работи, поранешниот грчки министер за надворешни работи Никос Коѕијас и шефот на дипломатијата на Северна Македонија Никола Димитров.
– Министерот за надворешни работи Никола Димитров добро го познаваше спорот за името, беше учесник во претходната фаза на преговорите. Сериозен, стабилен и незаменлива преговарач, тој имаше длабока љубов кон македонското наследство и традиција и беше одлучен да ја одведе својата земја во евроатлантските интеграции, вели Нимиц, но додава дека на крајот заслугата им припаднала на двајцата сега поранешни премиери, Заев и Ципрас.
– И двајцата премиери беа млади (имаа по 44 години на денот на потпишување на договорот) и претставуваа една нова генерација на Балканот…Успехот кој беше постигнат во двете земји, треба да се напомене дека беше возможен поради ефикасното политичко лидерство и мобилизацијата на поддршката. Според мислењето на многумина овие двајца млади балкански лидери поставија пример со долгорочна визија, за носење тешки одлуки под притисок и храбро лидерсто, што многу малку глобални лидери изгледа се способни да го сторат денес, вели Метју Нимиц на крајот на текстот.
(Nationalities Papers)