Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

НИНА АНГЕЛОВСКА: ДОЛГОТ НА ЗЕМЈАТА ВО ПЕРИОДОТ 2008-2016 ГОДИНА Е ВДВОЕН АМА БЕЗ ЕКОНОМСКИ ЕФЕКТИ

March 9, 2020 Filed Under: Македонија

Растот на јавниот долг од 2008 до 2016 година е удвоен. Тој би требало да продуцира повисок економски раст, но продуцирал раст од 2,4%. Сега долгот е стабилизиран и продуцира раст од 3,5 и 2,7. Ако јавниот долг не продуцира нова економска вредност,не е оправдан – смета министерската за финансии Нина Ангеловска.

ИЗВОЗ Агенцијата Стандард и Пурс смета дека главна подлога на ратот на македонската економија е стабилниот извоз во земји кои не се во криза

Кредитната рејтинг агенција „Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава на ББ- со стабилен изглед. Од агенцијата посочуваат дека македонската економија продолжила да расте во текот на 2019 година, како и дека реализацијата на економскиот раст ги надминала нивните првични очекувања од 3%. Како што наведуваат, она што е позитивно е дека економскиот раст е широко базиран, вклучувајќи го и раст на земјоделството, индустријата, градежништвото, во интервал од 3% до 5%. Потрошувачката и извозот исто така бележат раст, додека инвестициите започнале да растат по период од послаба реализација.

Агенцијата очекува растот да остане широко базиран и на производствената и на расходната страна и посочуваат дека е важен моментот дека не се очекува забавување во економиите кај главните трговски партнери на земјава. Македонскиот извоз, наведуваат, ќе остане фокусиран на Европа, главно на Германија.

Според Стандард и Пурс, најверојатно ситуацијата со корона вирусот нема директно да влијае на македонската економија, но може да се почуствува посредно преку трговските партнери на земјава, поради проблемите кои ќе се јават во глобалните синџири за набавка.

Агенцијата ги оценува како позитивни напорите на Владата да привлече странски директни инвестиции во зоните, кои континуирано сезголемуваат  годиниве. Ова, како што посочуваат, особено е видливо на извозната страна, која од 2015 година наваму расте со стапки од и над 10%.

Во извештајот се посочува и дека агенцијата очекува земјава во следните неколку месеци да ги почне преговорите за членство во Европската унија.

ВИРУС Според Министерството за финансии а повикувајќи се на Стандард и Пурс, најверојатно ситуацијата со корона вирусот нема директно да влијае на македонската економија

Јавниот долг од 2008 до 2016 година е дуплиран, а притоа за овој период продуциран е значително понизок економски раст, во просек од 2,4%. Растот на економијата, не го оправдува ова зголемување на јавниот долг. Министерката за финансии Нина Ангеловска во емисијата „Топ тема“ во која гостуваше со поранешниот министер за финансии Трајко Славески посочи дека ако долгот не е пропратен со соодветен економски раст – како за периодот од 2008-20016 кога е удвоен, не е оправдан.

– Ако го погледнеме растот на јавниот долг од 2008 до 2016 година е удвоен. Тој би требало да продуцира повисок економски раст, но продуцирал раст од 2,4%. Сега долгот е стабилизиран и продуцира раст од 3,5 и 2,7. Ако јавниот долг не продуцира нова економска вредност,не е оправдан – рече министерската за финансии Нина Ангеловска.

КРЕДИТЕН РЕЈТИНГ Земјава го подобри кредитниот рејтинг

Министерката за финансии посочи дека јавниот долг сега е стабилизиран, како резултат на консолидација на буџетскиот дефицит и отплата на старите обврски по пониски камати, како и водењето на прудентна политика на јавен долг. Долгот во 2019 година изнесува 48,9% отсто, кој ако се одземе негарантираниот долг, кој претходно не се пресметувал, е на пониско ниво од 2016 година. Дефицитот ако во 2012, 2013, 2014, 2015 изнесувал околу 4% – сега е преполовен. Исто така, неколкукратно се намалени каматите по кои се финансираат старите обврски. Во 2020 треба да се отплатат стари долгови во износ од 700 милиони евра.

 

Filed Under: Македонија

ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ
ДАНАИ ЛИОДАКИ : ЉУБОВТА Е ЗАЕДНИЦА, НЕ АПЛИКАЦИЈА
ПУТИНОВ ПОКЕР ИЛИ РУСКИ РУЛЕТ 128: КУЛТУРА НА СТРАВОТ НАМЕСТО БУНТ – АНАТОМИЈА НА РУСКАТА ВОЕНА МАШИНЕРИЈА

Најново

  • ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
  • СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
  • УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet