Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

НИШТО НЕ ПОТПИШУВАМ, НО ПРИФАЌАМ СЕ’

March 28, 2023 Filed Under: Колумни

СЛОБОДАН ГЕОРГИЕВ

Александар Вучиќ мораше да се врати од Охрид со некаква победа, иако реално ја нема. Затоа го кажува тоа што го одбил и молчи дека тоа што го договорил важи и без негов потпис. Инаку, јавноста досега го виде потписот на Вучиќ само на писмата до пензионерите и на некои заклучоци на Владата на Србија во времето кога тој беше нејзин претседател од 2014 до 2017 година.

„Мојот збор вреди повеќе од нивните стотина потписи“, повтори Вучиќ години наназад кога сакаше да покаже дека не лаже, си стои на зборот и на остатокот од своите ТВ-новели. Денес му верува само екстремната десница; Заветници, Дверјани, Народни и националдемократи кога од улиците, социјалните мрежи и ТВ екраните (оние што им се достапни) велат дека тоа е велепредавство, бараат не само да се отфрли прифатеното, туку и Вучиќ. Повлечете се и заминете.на нови избори.

На крајот одекнува она што се слушна од оној кој е најгласен во Србија: „Не признав, не потпишав“. Јавноста ова го слушна веќе во саботата вечерта, на 18 март, од терасата на Титовата вила на Охридското Езеро, како и прексиноќа од Сремска Митровица. Истите зборови беа извикувани од телевизијата еден ден подоцна во последното специјално обраќање до нацијата.

Целата приказна и сета суштина на „Косовскиот проблем“ беше сумирана во тие три „одрекувања“. Исчезнаа приказните за барикадите, заканата за народот, заземањето земјиште, присвојувањето на „културните богатства“. Освен тоа, кој денес се сеќава на мостот на Ибар, Газиводе и сите други претходни одрекувања од 2012 година?

„А што прифативте иако не потпишавте“, можеше да се праша Александар Вучиќ, претседателот на Србија и самопрогласен единствен преговарач во име на државата Србија, доколку се дозволат прашања кои не беа однапред нарачани. ..

Filed Under: Колумни

ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ: ОБВИНИТЕЛСТВОТО ОДБИ ДА ГОНИ 40 ЛИЦА ЗА НАПАДОТ ВРЗ АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО 1999 ГОДИНА
МАТНИ ЗДЕЛКИ ВО ЕНЕРГЕТИКАТА
И РЕПУБЛИКАНЦИТЕ ГО КРИТИКУВААТ ТРАМП
СЕРГЕЈ ЛОЗНИЦА: ПУТИН И СТАЛИН СЕ РАЗЛИЧНИ, АМА ИМААТ ИСТА МОЌ И СИСТЕМ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ
СКОПЈЕ, ТАГАТА ЌЕ СЕ ВИКА СО ТВОЕТО ИМЕ (1)

Најново

  • ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ: ОБВИНИТЕЛСТВОТО ОДБИ ДА ГОНИ 40 ЛИЦА ЗА НАПАДОТ ВРЗ АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО 1999 ГОДИНА
  • МАТНИ ЗДЕЛКИ ВО ЕНЕРГЕТИКАТА
  • И РЕПУБЛИКАНЦИТЕ ГО КРИТИКУВААТ ТРАМП

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet