„На светот навистина му треба нешто што ќе го насочи кон доброто. Има голема потреба и оваа година да се додели Нобеловата награда за мир“ – изјавија од Нобеловиот комитет
Минатата недела Нобеловиот комитет во Осло објасни дека наградата за мир е доделена на затворената иранска активистка за борба против угнетувањето на жените во Иран и за промовирање на човековите права и слободи – Наргес Моамади. Веднаш следуваше реакција на иранското Министерство за надворешни работи заради наводната политизација на одлуката на Нобеловиот комитет за доделување на овогодинешната награда за мир. „Постапката на Нобеловиот комитет е политички потег во согласност со интервенционистичката и антииранска политика што ја спроведуваат некои европски влади“, рече портпаролот на министерството Насер Канаан. „Комитетот ја додели Нобеловата награда за мир на лице кое е осудено за кршење на законот и извршување на криминални дејствија, а ние ја осудуваме како пристрасна и политички мотивирана одлука“, се вели во соопштението што го пренесоа иранските медиуми.
Наргес Мохамади е една од водечките ирански активисти за човекови права, Мохамади водеше кампања за правата на жените и укинување на смртната казна. Поздравувајќи ја Мохамади како „борец за слобода“, шефицата на норвешкиот Нобелови комитет го започна својот говор со зборовите – на фарси – „Жена, живот, слобода“, што е еден од слоганите на мирните протести против иранската влада..
Во изјава за The New York Times (NYT), добитничката рече дека наградата и поддршката и даваат уште поголем ентузијазам и надеж.
„Се надевам дека ова признание ќе ги направи Иранците кои протестираат и се залагаат за промени уште посилни и поорганизирани. Победата е блиску“, изјави Мохамади на платформата X.
Мохамади во моментов отслужува повеќекратни казни во затворот Евин во Техеран со вкупно околу 12 години затвор, според организацијата за човекови права Front Line Defenders.
Обвиненијата против Мохамади вклучуваат ширење пропаганда против државата. Мохамади е заменик-шеф на невладината организација Центар за заштита на човековите права, основана од Ширин Ебади, добитничка на Нобеловата награда за мир во 2003 година.
Мохамади е 19-та жена што ја освоила наградата стара 122 години и прва откако Марија Реса од Филипини ја освои наградата во 2021 година, заедно со Русинот Дмитри Муратов, рускиот новинар кој е на црната листа на Путин.
Вредноста на наградата изнесува 950.000 евра, односно 11 милиони шведски круни. Таа обично се врачува на 10 декември, на годишнината од смртта на шведскиот индустријалец Алфред Нобел, кој ја основал наградата во својот тестамент во 1895 година.
Инаку, биле вкупно 305 номинации за Нобеловата награда за мир во 2023 година. Тоа е најмал број номинации во оваа категори во последните четири години, објави норвешкиот Нобеловиот комитет во Осло.Меѓу номинациите поднесени до крајниот рок, 1 февруари 212 се поединци, а 93 се организации, објави Норвешкиот Нобеловиот комитет во Осло.
Осум години по ред бројот на кандидати надмина 300. Сегашниот рекорд од 376 кандидати е постигнат во 2016 година“, се вели во соопштението на Одборот. Одборот не ги објавува имињата на предлагачите и номинираните за медиумите или за оние кои се натпреваруваат за престижната награда.
Со оглед на тоа што војната во Украина веќе влезе во втората година, тензиите меѓу суперсилите и неколкуте преврати во Африка во последниве години, состојбата на работите е секако мрачна, велат експертите.
Напнатоста се одразува и со повлекувањето на поканата за рускиот амбасадор на банкетот за Нобеловата награда во Стокхолм.
„На многу начини, би било соодветно ако одборот не додели никаква награда оваа година“, изјави шведскиот професор по меѓународни односи Питер Валенстин за АФП, пренесува Хина. „Тоа би било добар начин да се укаже на сериозноста на светската ситуација“. Последен пат тоа се случи, во 1972 година, кога беснееше Виетнамската војна.Но, непронаоѓањето на кандидат кој ја заслужува наградата ќе се смета за неуспех.
„Тешко е да се замисли дека тоа би можело да биде резултатот, но нема да кажам дека е невозможно“, изјави за агенцијата Франс прес секретарот на Норвешкиот Нобелови комитет, Олав Њолстад.
„На светот навистина му треба нешто што ќе го насочи кон доброто. Има голема потреба и оваа година да се додели Нобеловата награда за мир“.
Академијата помина низ големи реформи откако изби скандалот #MeToo во 2018 година, притискајќи за поглобална и родова еднаква книжевна награда.
„Во последниве години, постои поголема свест дека не може да се остане во евроцентрична перспектива, треба да има повеќе еднаквост и наградата треба да ги одразува времињата“, рече Карин Францен, професор по литература на Универзитетот во Стокхолм.
Во последниве години, три жени ја добија наградата: Ерно, американската поетеса Луиз Глук и Полјачката Олга Токарчук и двајца мажи: австрискиот писател Петер Хандке и танзанскиот писател Абдулразак Гурна.
Критиките за недостатокот на родова и географска разновидност ги зафатија и наградите за наука, а комитетите за доделување тврдат дека го земаат тоа предвид.
Да потсетиме дека наградата на УНЕСКО за слобода на печатот претходно беше доделена на затворени новинари во Иран
Тие платија висока цена за нивната посветеност да известуваат и да ја пренесуваат вистината, изјави претседателот на меѓународното жири на медиумски професионалци. Оединетите нации објавија дека главната награда на светската организација за слобода на печатот им била доделена на тројца затворени ирански новинари за, како што наведуваат, „нивната посветеност на вистината и одговорноста“.
Меѓу наградуваните новинари се Нилуфар Хамеди, која ја објави веста дека 22-годишната Махса Амини почина во септември минатата година, откако беше приведена од полицијата задолжена за строго почитување на хиџабот, како и Елахе Мохамади, која пишуваше за погребот на Амини.
Трета наградена новинарка беше Наргес Мохамади, која има долгогодишно новинарско искуство и е една од најистакнатите активисти во Иран, пренесува Танјуг, повикувајќи се на АП.
Заинаб Салби рече дека храбрата работа на трите наградувани ирански новинари „доведе до историска револуција предводена од жени“.
„Тие платија висока цена за нивната посветеност да известуваат и да ја пренесат вистината“, рече Салби.
Светската награда за слобода на печатот на УНЕСКО е именувана по Гилермо Кано, колумбиски новинар кој беше убиен пред канцелариите на неговиот весник Еспектадор во Богота на 17 декември 1986 година.