БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Самата кандидатура е исклучителен чин во кариерите и во животите на двајцата премиери, но и на нивните држави и народи, на општествата и културите во кои се издигнале до врвот на политичката пирамида и на кој врв работат на прашањата за мирот и соработката, теми за кои се доделува Нобелот за мир
Во свечена атмосфера на Универзитетот ФОН, денеска беше објавена кандидатурата на премиерите Ципрас и Заев за Нобелова награда за мир. Апликацијата ја поднесе добитничката на нобеловата награда за мир госпожата од пријателски Тунис, Уидед Башамауи, подржувајки ја иницијативата на европратеникот Колуглу, на професорот Нано Ружин и на мојата маленкост. Во таа прилика, пригодни излагања имаа господинот Сефер Цановски, прв човек на ФОН, пратеникот Колуглу, професорот Ружин, госпожата Башамауи и уште еден господин.
Еве го тука тоа на Бранко Тричковски:
Почитувана госпоѓо Башамуи, почитувани господа Колуглу, Цаноски и Ружин, почитувани гости, драги пријатели,
Имав огромна привилегија и чест да учетствувам во иницијативата, подготовката и, еве, сега, во официјаланото објавување на кандидатурата на господинот Алексис Ципрас, претседател на Владата на Република Грција и на Зоран Заев, претседател на Владата на Република Македонија, за Нобелова награда за мир. Радосен сум што идејата која зрееше повеќе од една година се вообличува на ваков начин и во ваков формат. Ние бевме на прагот да ја поднесеме апликацијата минатата година, но некои дибронамерни и благородни сугестии нашите анализи ни покажаа дека поради чувствителноста на процесот, тој чекор треба да го одложиме за една година. Мислам дека донесовме добро решение.
Самата кандидатура е исклучителен чин во кариерите и во животите на двајцата премиери, но и на нивните држави и народи, на општествата и културите во кои се издигнале до врвот на политичката пирамида и на кој врв работат на прашањата за мирот и соработката, теми за кои се доделува Нобелот за мир.
Се рзбира, канидатурата се темели на Преспанскиот договор за решавање на спорот околу името на нашата држава. Многумина од нас и денеска ја препознаваат грандиозноста на тој договор.
Тој, прво, реши едно долгогодишно билатерално прашање кое ги оптоваруваше односите меѓу двете земји, второ, со тој документ се симнува од дневен ред и едно ргионално прашање кое го кочеше целиот регион во неговата геополитичка и безбедносна ориентација и, конечно, решено е едно, пар екселанс, европско прашање, прашање на европската безбедносна и надворешна политика и политиката на проширување и интеграција на регионот. Преспанскиот договор има уште две важни значења. Тој е, односно, може да биде, нова парадигма, спротивна на се порасширените популистички и националшовинистички изблици и во регионот, но и во останатиот дел на Европа и по таа линија може да биде охрабрувачки знак во рамкие на решавањата на актуелните проблмеи во Европската унија. Тој е Добрата вест за Европа.
За Грција решавањето на овој проблем е од големо значење затоа што тој спор ја оптоваруваше нејзината улога на лидер во регионот, особено улогата на локомотива во евроатлантските процеси на Западниот Балкан. Истовремено, решавањето на спорот за името ќе ја релаксира нејзината позиција во другите невралгични точки што ги има во други аспекти на надворешната политика.
За Македонија, тој документ има конситутивен карактер. Колку и да ни е тешко да признаеме, мораме да разбереме дека со политичката концептуализација на митот за вмро од страна на вмро-дпмне, ние го затворивме односно го доведовме до испотрошеност илинденскиот циклус, а со неотпорноста и деформациите од најразлични видови кои во транзицијата го доведоа во прашање самиот опстанок на државата, ја дведвме пред исцрпување и асномска Македонија. Ние остануваме, се разбира, на тие темели, но тие темели не можат да не издржат нас, затоа што во меѓувреме им станавме претешки. Мораме да се менуваме. Прашањето на идентитетот за кое тука се дига врева, само во еден дел произлегува од искрената загриженост зад која стои недоволна упатеност. Другите реакции се реакционерни изблици кои не се во состојба да го разберат прашњето на идентитетот во процесите на движење и развој или многу дбро го разбираат како напредок кој ги загрозува нивните реакционерни позиции и контексти во кои тие беа можни. Идентитетот не е сардина во конзерва, идентитетот не е туна Рио маре,идентитетит е отворена категорија која може да постои и функционира само како отворена. Да го слушале вмро-дпмне, Македонците не би излегле од пештерите.
Истовремено, тој договор преточен во уставни измени ќе ја засили кохезивната моќ на државата и општеството и ќе ги релаксира меѓунационалните односи.
Тоа е!
Овој договор немаше да биде можен без виизонерството, политичката култура ширината, европскоста и човечноста на господата Ципрас и Заев. Но и на нините министри за надворешни работи Димитров и Коѕијас. Коо одиграа една велемајсторска каспаровскотаљска шаховска дипломатска партија која заврши со најблагородно реми. Како и на многу луѓе кои на еден или друг начин беа вклучени во процесот. Се разбира со посебно внимание и пиетет сите се однесуваме кон придонесот на специјалниот пратеник Метју Нимиц кој даде огромен придонес. Се поклонуваме пред неговата посветеност професионалност и морален интегритет.
Договорот е триум жф на дипломатиите и на државните политики на двете држави, на европската надворешна политика, на напорите на САД како стратегиски партнер, на многу политички лидери од западниот свет кои се вложија во разни форми и интензитети.
Особено сакам да ја истакнам благодарноста кон нашата гостинка, професрката Башамуи, од пријателски Тунис, добитничка на Нобеловата наградат за мир во 2015 година, која врз основа на увид во материјалите за преспанскиот процес и за политичките консидерации кои со него се решавааат, прифати да го вложи својот нобеловски би рекол интегритет и да ја пополни апликацијата за кандидатурите со што се исполнети највисоките услови на нобеловиот комитет. Благодарност и до европратеникот Колуглу кој даде се од себе да стигнеме до тука кај што сме денеска и во својство на иницијатор заедно со господинот Ружин и со мојата маленкост и во својство на безрезервен подржувач.
Ве известувам дека имаше и други неформални иницијативи за кандидатурите на двајцата премиери. Прв, ми се чини, беше Едгар Џозеф, од Меѓународната кризна група, потоа се јавија некои европратеници, граѓански организации и сл. Истовремено, ве известувам дека имаме најсериозни најави дека со кандидатурата се согласни или ќе ја подржат, во рамките на правилата на Нобеловиот комитет, ова го потенцирам, многу високи личности и институции во Европа и САД.
Јас верувам дека кандидатурата на Ципрас и Заев има големи шанси, реални шанси, таа не е израз на нашите желби туку е плод на тешка и ризична и напорна работа на двајцата лидери. Нека им е со сереќа. Нивниотниспех ќе гомиздигнемопштото динро на овие простори на повисоко ниво.
(Ја прифаќам поканата на господинот Сефер Цаноски да одржам предавање на темата пред студентите на ФОН)