Договорот од Преспа создава модел за решавање на идентитетските судири кои водат до конфликт не само на Балканот туку и во целиот свет – пишува професорот Едвард Џозеф деновиве
Како и што се очекуваше по самиот на кој американскиот претседател и лидерот на Северна Кореја постигнаа некаков договор со кој се одрзнуваат односите меѓу двете земји и се оди кон демилитаризација на корејскиот полуостров, веднаш се јави повик во дел од политичката јавност во САД еден од потписниците да добие Нобелова награда за мир. Се разбира, се работи за Трамп и за веќе вообичаениот „Обама феномен“ – уште на почетокот на мандататот да ви ја дадат наградата, што е сигурно сигурно.
Но, во другиот дел од светот, пред се во Европа, има предлог, посебно по потпишувањето на Договорот меѓу Грција и Македонија клучните актери во решавањето на 30- годишниот спор да ја добијат споменатата награда.
„Двајцата лидери кои заслужуваат да добијат Нобеловата награда за мир не се сретнаа оваа недела во Сингапур, туку во недела ќе се сретнат на брегот на езерото кое граничи со Грција, Македонија и со Албанија. Премиерите Алексис Ципрас од Грција и Зоран Заев од Македонија – земја што ќе биде официјално позната како Северна Македонија – ќе потпишат договор за решавање на горливиот децениски конфликт.
Всушност, договорот е многу повеќе од тоа. Тој создава модел за решавање на идентитетските судири кои водат до конфликт не само на Балканот туку и во целиот свет, пишува професорот Едвард Џозеф во текст објавен во американскиот „Форин полиси“.
„Она што го прави македонскиот случај толку загрижувачки е постојаниот предизвик за самото постоење на македонски идентитет од страна на неговите три поголеми, помоќни соседи, Грција, Бугарија и Србија“ пишува Џозеф и потсетува на бурната историја на Македонија со соседите кои иако декларативно ја признаваат, сепак на еден или на друг начин, го негираат нејзиниот идентитет – јазикот од Бугарија, црквата од Србија и целокупниот идентитет од Грција. Текстот потсетува и на конфликтот во 2001 со албанската етничка заедница, по кој следуваа уставни измени.
„Договорот сé уште се соочува со жестоко противење од националистите во двете земји кои ги нападнаа премиерите дека се предавници. За да се избегне ваков исход, итно е потребно Ципрас и Заев не само да добијат поддршка, туку и светски признанија“, пишува Џозеф.
Џозеф пишува и дека „визијата на Ципрас е извонредна“, бидејќи за разлика од речиси сите негови претходници, Ципрас разбрал каква е предноста да ја ослободи Грција од непотребен товар во односите со НАТО и со ЕУ, како и во односите со соседот. Второ, Ципрас во таа пригода ја воочил при доаѓањето на неговиот реформистички колега во Скопје, Зоран Заев.
Џозеф оценува дека договорот ќе биде удар за Москва и за противниците на Европа.
„Со членството во НАТО македонските граници се обезбедени. Тоа го комплицира аспирациите на оние кои сакаат да го разграбат соседно Кососво. Договорот го најавува напредокот и за Босна, земја која конечно може да напредува во претпоследната фаза пред членството во НАТО, со што се спречуваат плановите за поделба на земјата, а со враќањето на НАТО и на ЕУ, најголемата земја во регионот, Србија, може да ја отрфли романтичната врска со Русија и дефинитвно да влезе во сојуз со Западот“ пишува Џозеф.
„Ако ги преживее политичките предизвици“ договорот меѓу Македонија и Грција, ќе претставува модел како и навидум нерешливи спорови можат да бидат решени со добра волја.