Слоганот на францускиот претседател Емануел Макрон за потребата да се заштити Унијата од другите Европејци. Истовремено постоjaт голем број на нерешени прашања на Западниот Балкан, кои што го оптоваруваат напредокот кон членство.
ЈЕЛА ДЕ ФРАНЧЕСКИ
Доаѓањето на Џо Бајден за претседател на САД означува нова можност за конечно решение на српско-косовскиот спор и можност за забрзување на европската интеграција на Западниот Балкан, вели Даниел Хамилтон, виш соработник во Центарот Вудро Вилсон во Вашингтон.
Моменталното расположение во Брисел не е поволно за понатамошно проширување, вели Хамилтон. Тоа е тренд, кој трае подолго време.
„. Ниту актуелната Европската комисија, не размислува за тоа“ вели Хамилтон.
Хамилтон се потсетува на слоганот на францускиот претседател Емануел Макрон за потребата да се заштити Унијата од другите Европејци. Истовремено постоjaт голем број на нерешени прашања на Западниот Балкан, кои што го оптоваруваат напредокот кон членство.
Застојот на европската политика кон проширувањето, што го „злоупотребуваaт Кина и Русија“, администрацијатa на Бајден, може успешно да го отстрани, смета Хамилтон.
„Претседателот, кој што веројатно го познава Балканот од било кој друг американски претседател во историјата на САД е спремен за соработка со ЕУ за воспоставување нов тип на трансатлантско партнерство, како и давање меѓусебна поддршка. Но, тоа подразбира и земјите во регионот, подобро да се поддржуваат. Веќе постојат иницијативи, како идејата за создавање на мини-заеднички пазар, како и воспоставување на мини-Шенген. Таква спремност за взаемна соработка, е добредојдена во очите на САД“. вели Хамилтон.
Хамилтон исто така зборува за отворање на канцеларија на американската Меѓународната финансиска корпорација во Белград, прва, и единствена во светот. Според него, таа можност треба да се искористи.
Аналитичарот Хамилтон се осврна на најновото взаемно признавање на Косово и Израел и одлуката на официјална Приштина да отвори Амбасада во поделениот Ерусалим.
„Курти смета дека најдобриот дел од тој Договор се однесува на взаемното признавање. Косово, и натаму се бори за пошироко меѓународно признание во светот. Факт е ѝ дека Израел стори нешто важно за Косово. Ерусалим е наследен од Трамп и таму е префрлена американската амбасада. Прашање е дали таму и ќе остане. Во меѓувреме, ЕУ и во овој случај губи на влијанието, зашто неколку нејзини членки не го признаваат Косово. Какво влијание може да се очекува од ЕУ, кога постојат поделби во самата Унија?“ смета Хамилтон.
САД и ЕУ треба да посветат координиран фокус на останатиот дел од неинтегрираната Европа, смета Хамилтон. Европа, според него, никогаш нема да биде обединета, ниту, пак, слободна, додека Западниот Балкан не се вклучи во главните европски текови.