Ахмети го очекува пат за Хаг, пред меѓународните судии и тоа во условои кога го има багажот на неостварените и нереални амбиции со кои настапи пред своите бирачи. Мицковски ќе има проблерм да гхи убеди своите членови на партијата дека и покрај поразите е како создаден од шпицен кандидат да остане на позиција на вечен кандидат за премиер. Заев се отргна од опасноста по премиерската функција со некакви сериозни политички гамбити!
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Перипетиите околу составувањето на нова влада покажуваат дека ништо кај нас не може да биде лесно во општествениот живот. Посебно не во политиката каде попстојано недостасува комотност на составувачот на извршната власт. Зоран Заев се соочи со многу пречки, кои делумно извираат и од неговните појдовни позиции во обраѓањето кон гласачката јавност, обично редуцирани на она – „никако не во сојуз со ДУИ, која мора да оди во опозиција“. Може да се најдат илјада и една причина да се поддржи таа солуција ама има и една значајна кочница – дали потои резервна варијанта во однос на хипотетичкиот сојуз со поранешниот партнер од Мала Речица?
Проблемот во овие избори лесно се воочува од стартот на кампањата за изборите кога штабот од тетовското предградие имаше свој аполо лозунг „Сега е шансата да добиеме Албанец премиер“! И тука немаше одредени типови на сопирачки, особено кога потенцијалните на ново- старите партнери во власта од македонскиот блок, СДСМ и ВМРО ДПМНЕ во еден миг мораа да се изјанат во однос на ова – во политички смисол – „полетување на Месечината“ на третата партија по големииа во земјата и обете му рекоа „не“ на Ахмети, барајќи ја својата оценка во вообичаената логика на сите политички избори во светот. Имено, лидерската позиција во новата Влада му припаѓа на оној кој ќе има највеќе пратеници во Парламентот.
За СДСМ имаше и една друга врата за формирање на парламентарно мнозинство – да ги земе за нови партнери оние од Алијансата на Села, ама ова значеше дека зад комотната позиција на новоизбраниот партнер, кој на ова би гледал без амбиции за коректна соработка, веќе истрча со исто такви барања кои го теераа Зоран Заев во ќошето на арингот и се закануваа со скорешен политички нокдаун! Плус, настарана од комотноста на Села во таа комбинација, токму Заев ќе мораше да наоѓа уште двајца пребегалци од столчињата на опозицијата, пред се од своите лути ривали, како кога се менуваше Уставот после Преспанскиот договор. Овој пат нема да требаа можеби осуммина пишман-аџии, ама барем два-тројца ќе беа нужни! Ова знаачеше дека таа врата за формирање на мнозинство е помала од капиџик и бара нови, чудни комбинации. Можеби пребезите и ќе се случат, што зависи од тврдоглавоста на Мицковски во давањето на отставка на шефовската позиција, кога пребезите се пропорционални во однос на неговото непризнавање на поразот, но тие веројатнои ќе будат во фуннкција на пацифизирање на барањата на ДУИ.
Од друга страна, конфликтите во рамките на Шампитата за барање на престолот во овој миг ја отежнуваат поцијата на бегалците, бидејќи, постојат неколку групи на претенденти кои не се под влијание на Будимпешта и тие во овој миг не би сакале да ги покажуваат нозете, бидејќи, ги намалуваат своите шанси во олчите на популарноста кај членството, за кое во мигот е потребно меко а не радикално спуштање на промената.
Кај ДУИ очевидно се прифати потребата за измена на клчучната парола, со ситуација која не би наликувала на пораз во победата, претходно прославена и овенчана со епидемија на ковид-19 во штабот во Мала Речица. За обхаснување на оваа промена на „годишното доба“ се задолжи вечниот корисник на „политички мускули“ – Аратан Груби. Првата варијанта на објаснување на ротацијата во амбициите за Албанец – премиер беше дека иако нема да имаат шед на Владата, ДУИИ ќе има заменик на премиер кој ќе има право на некаков врзан потпис што коренито го менува нашиот политички пејсаж! Дури и лично тој беше подоцна избран за оваа функција што пак е посебна катастроифа како кадровско решение. Именуваниот до сега беше приман само како придружноик на Ахмети, нешто како додатен бодигард, но никогаш како фигура која може да размислува за политичкиот систем, да речеме. Додатна утеха, во реторичките натапи на Груби лежи во фактот дека тој сликовито објасни дека во три држави истовремено ќе има министри за надворешни работи – Албанија, Косово и Македонија, па тоа е некакво замајувачко позиционирање во сеалбанскиот трилинг. Овој пат Груби нема да може да биде на две позиции и таа „придобивка“ му ја отстапува на идниот министер Османи.
Заев демантираше дека премиерот ќе има врзани раце и јасно ја објасни церемонијалната улога на заменикот што ќе го избере ДУИ и кој ќе треба да ги забавува гостите во време кога премиерот ќе биде зафатен или физички отсутен, но сеедно, овој момент предизвика револт или беше искористен како мотив за да се оспорува идната коалиција меѓу двата партнери. Дел од таа вина секако има и кандидатот за иден премиер Насер Зибери чиј внук, сега и пратеник, се обидува да ја оспорува идната коалиција. Иако Зибери сениор рече дека нема коментар за новата ситуација (претходно пак истакна дека Ахмети секогаш ќе има најдобар потег во одредување на иднана на полтиичките коалиции) ама реакцијатас на внукот не ја одразува само семејната нервоза, туку рефлектира позиции на залулување на некогаш семоќните позиции на лидерите на партијата.
Реалниот дострел на барањата на ДУИ се секако во компзоицијата на идната Влада. Најдобрата министерка во претходната Влада, онаа на министеркатаљ за труд, која јасно покажа со прст кон дувлото на ДУИ во Фондоит за пензиско и инвалидско осигурување, кое таму опстојува подолго време. И вториот, исто толку успешен и заслужен министер – Димитров треба да му остави плодовите на својот трудс да ги бере анемичниот Османи. Фактот што ДУИ преку своте министри за финансии, економиј и информатичко општество ќе биде доволено близу до тендерите на државата секако затвлора еден интересовен круг во Мала Речица, кој е доволен да биде дел од некаков „пакс американа“.
Но во позициите на лидерите на големите секако нема веќе никогаш да биде исто после овој август.