Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

НОВАТА ТЕАТАРСКА МИСЛА ПОЧНА ВО СВЕТИ НИКИТА ГОЛТАРОТ А ТАМУ СВОЕ МЕСТО ИМА И БИШ

August 15, 2022 Filed Under: Македонија

Почина Љубиша Никодиновски – Биш, неизоставен протагонист на модерниот театарски израз во земјава

ЉУБИША НИКОДИНОВСКИ БИШ Се израдува дека короната не го прекина МОТ

По кратко боледување, на 73-годишна возраст вчера почина Љубиша Никодиновски-Биш, театарски актер и продуцент и еден од основачите и долгогодишен селектор на фестивалот Млад отворен театар (МОТ) во 1976. Тој е еден од основачите и прв генерален секретар на Македонскиот центар на ИТИ-Унеско. Во 2010 беше прогласен за почесен претседател на МОТ.

Се занимаваше со и театарска критика и есеистика, а бил и раководител на театри. Автор е на број статии и студии од областа на театарот, а во 2009 ја објави

По кратко боледување, на 73-годишна возраст вчера почина Љубиша Никодиновски-Биш, театарски актер и продуцент и еден од основачите и долгогодишен селектор на фестивалот Млад отворен театар (МОТ) во 1976. Тој е еден од основачите и прв генерален секретар на Македонскиот центар на ИТИ-Унеско. Во 2010 беше прогласен за почесен претседател на МОТ.

Се занимаваше со и театарска критика и есеистика, а бил и раководител на театри. Автор е на број статии и студии од областа на театарот, а во 2009 ја објави книгата „Алтернативниот театар во Македонија“.

Како тетарски глумец работел во театарот Кај Свети Никита Голтарот и Театарската работилница ФФ (Зелена гуска) каде што бил еден од основачите и продуцент. Бил и продуцент во МНТ и раководител на театарот Центар, а во МКЦ бил помошник на директорот за драмската програма.

-Последен пат комунициравме во екот на пандемијата 2020., кога се јавивме само да му кажеме дека и покрај се, МОТ ќе има! Нема да го откажеме фестивалот, исто како што тој не го откажувал и во многу други лоши времиња. Не беше добар, не го чувме. Но неговата прекрасна Енка ни вети дека ќе му пренесе. Помина првата фестивалска вечер, и дур скромно на дистанца наздравивме по тој повод, го добиваме следниот мејл:

„MOT twenty twenty

Театарот, каков и да биде светот на крај од лошиот сон, и понатаму ќе опстане.

Да живее Интернационалниот театарски фестивал – МОТ

Да живее мотовската публика.

Со љубов,

Биш“

Не знаме дал сам го пишувал, ил диктирал, но беше од неговиот маил. Ете, тоа беше Биш. До последна капка сила со љубов кон театарот. „Голтар“, Скомрах, Актер, Директор, Продуцент, Уредник, Истражувач, Собирач, Архивар, Сонувач… Не знаеме дал има некој кој барем малку има направено за алтернативниот театар во Македонија како Биш. Ни го отвори „прозорецот кон театарска Европа“, не тераше да веруваме во „Моќта на театарот“, предупредуваше дека „Театарот е на крстопат“ – објавија од Младинскиот културен центар на социјалните мрежи.книгата „Алтернативниот театар во Македонија“.

(Нова Македонија – опремата е на Глобус)

Filed Under: Македонија

СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ: ОДИМЕ КОН ДРЖАВИ КОИ НЕ СЕ ДЕМОКРАТСКИ
ДИРЕКТОРОТ НА ФЗО СМЕТА ДЕКА НИЕ БАРАМЕ ЗДРАВСТВО КАКО ДА ИМАМЕ ШВЕДСКИ БУЏЕТ – ЗНАЧИ ЛИ ТОА ПОКАЖУВАЊЕ НА ПРИДОНЕСОТ ЗА ЗДРАВСТВО?
ДАЛИ МИЦКОСКИ СЕ СОГЛАСУВА СО ОРБАН ДЕКА БРИСЕЛ Е НЕПРИЈАТЕЛ?
(НE)ОЧЕКУВАНО СЦЕНАРИО
ПСИХОЛОГИЈАТА И ВОСПИТУВАЊЕТО НА ДЕЦАТА: КАКО ДА БИДЕТЕ ВИСОКО ЧУВСТВИТЕЛЕН РОДИТЕЛ

Најново

  • СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ: ОДИМЕ КОН ДРЖАВИ КОИ НЕ СЕ ДЕМОКРАТСКИ
  • ДИРЕКТОРОТ НА ФЗО СМЕТА ДЕКА НИЕ БАРАМЕ ЗДРАВСТВО КАКО ДА ИМАМЕ ШВЕДСКИ БУЏЕТ – ЗНАЧИ ЛИ ТОА ПОКАЖУВАЊЕ НА ПРИДОНЕСОТ ЗА ЗДРАВСТВО?
  • ДАЛИ МИЦКОСКИ СЕ СОГЛАСУВА СО ОРБАН ДЕКА БРИСЕЛ Е НЕПРИЈАТЕЛ?

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet