Како тогашна министерка за одбрана Урсула фон дер Лајен дојде во земјава како поддшка на потпишаниот Преспански договор. Ова секако ја предодредува нејзината мисија на туркање на Запаниот Балкан кон Унијата
Западниот Балкан мора да се сфати посериозно, а Северна Македонија е светол пример за позитивни постигнувања, порача уште кко кандидатка за претседател на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен, за време на состанокот со европските либерали, пренесуваат германските медиуми.
Таа пледираше за отворени врати кон земјите од источна Европа и Западниот Балкан кои сакаат членство во ЕУ.
Фон дер Лајен особено ја потенцираше Северна Македонија како „светол пример“ за тоа, „што е можно да се постигне, кога луѓето пред себе имаат јасно поставена цел – во случајот членството во ЕУ.“
„Убедена сум дека мораме посериозно да му пристапиме на Балканот“, рече Фон дер Лајен. Да се потсетиме дека Фон дер Лајен ја посети Северна Македонија во септември 2018 година, непосредно пред одржувањето на референдумот за името, тогаш како германска министерка за одбрана.
Од Скопје, германската политичарка тогаш порача дека посакува „обединета и единствена Европа“, давајќи притоа поддршка за успех на референдумот.
Со разлика од само девет гласа Урсула фон дер Лајен стана првата жена која ја освои претседателската функција во Европската комисија. Неизвесноста траеше до самиот крај, бидејќи Лајен доби поддршка од 383 пратеници од вкупно 747. Од Урсула фон дер Лајен, како идна германска шефица на Европската Комисија се очекува да внесе кохезија и цврстина во оваа институција. Фон дер Лајен во својата политичка програма ја потврди европската перспектива на Западен Балкан. Во своите политички цели, документ доставен до европските пратеници пред гласањето, наведе дека сака да ја потврди европската перспектива за Западен Балкан и ја истакна важноста од продолжувањето на реформскиот процес за целиот регион.
„Тоа е Европа и затоа што е можно повеќе ќе ги поддржувам силните односи меѓу Западен балкан и Европската Унија.Реформите мора да се спроведат, но исто така и вратата на ЕУ мора да биде отворена за Западен Балкан.“ – изјави Урсула фон дер Лајен – претседател на ЕК.
Меѓу главните заложби во нејзината визија за Европа се поголема заштита на климата, минимална плата во рамки на целата Унија, заедничка европска одбранбена политика и јакнење на правата на Европскиот Парламент. Во нејзиниот говор пред пратениците во Европскиот парламент во Стразбур истакна дека изречената доверба кон неа е цврста верба во Европа. Канцеларката Меркел беше првата која го честиташе изборот на својата долгогодишна блиска соработничка.
„Задоволство ми причинува што уверена и посветена Европејка ќе биде претседател на Европската Комисија. Иако губам своја долгогодишна министерка, добивам нов партнер во Брисел.“ – иозјави Ангела Меркел – канцелар на Германија.
Политичките аналитичари оценуваат дека победата на една од најблиските соработнички на германската Канцеларка, Ангела Меркел, всушност е победа на националните влади кои ја поддржаа, а пораз за Европскиот парламент кој се надеваше дека ќе добие свој претставник, но и знак дека во следниот период ќе има сериозни превирања и борби во 28-члениот блок. Анализирајќи го изборорт на шеф на една од главните институции на Европската Унија, Блумберг оценува дека и овојпат победија националните интереси, потенцирајќи дека идејата на Макрон и Меркел иако не целосно, беше спроведена.
Инес Пол дјавува од Брисел дека до последен момент беше неизвесно дали Урсула фон дер Лајен ќе биде избрана за претседател на Европската Комисија. Нејзиниот одличен говор и недостатокот на алтернативи сепак ги убедија пратениците.
И во ова интернет доба постојат моменти во кои изречениот збор е решавачки. Тоа стана јасно кога во вторникот Урсула фон дер Лајен се обрати пред Европскиот парламент во Стразбур во обид да ги придобие пратениците. Формално, зборот треба да има одлучувачка одлука во парламентот. Но во реалноста, парламентарните одлуки се договораат уште пред да се разменат било какви аргументи. Овојпат не беше така. Урсула фон дер Лајен можеше многу да добие или да изгуби. Таа мораше да се докаже на големата и понекогаш хаотична европска сцена. Мораше да ги придобие скептиците, да им се додвори на сојузниците, и да ги смири противниците. И мораше да креира адекватен европски момент.
Сето тоа и успеа на фон дер Лајен, обезбедувајќи поддршка да стане претседател на Комисијата со мнозинство од само девет гласови. На изненадување на нејзините конзервативни колеги, оваа убедена феминистка го апострофираше значењето на социјалните и еколошките политики, и уверливо ја потенцираше потребата од родова еднаквост. Нејзината најдобра идеја, сепак, беше да го одржи говорот на три европски јазици. Говореше на француски за новиот елан за иднината на ЕУ, на англиски за да ги истакне фактите и барањата како што е повисокиот данок за големите корпорации и за родова еднаквост. Конечно, фон дер Лајен се обрати и на германски, емотивно аргументирајќи дека таа, родена во Брисел, е најдобар избор за врвната позиција.
Не беше тајна дека фон дер Лајен не беше прв избор за функцијата. Таа знаеше дека ќе мора да се бори против овој хендикеп со финеса и темелност во обид да се претстави во најдобро светло. Можеше и да изгуби, но изненади со тоа што хендикепот го претвори во предност. Им контрираше на анти-Европејците и на оние кои ја отфрлаат Унијата отфрлајќи ги нивните провокации. Ќе мора да остане на овој одлучен курс и да го затвори десното крило. Иако тоа не е гаранција за успешно претседателствување, но е добар почеток и добар ден за Европскиот парламент кој направи демократски избор.
Најголеми губитници се германските социјалдемократски пратеници. До самиот крај тие инсистираа на принципот на избор на водечки кандидат (шпиценкандидат) за претседател на Комисијата. Како да не им беше важно тоа што ниту еден од тие кандидати не можеше да обезбеди мнозинство. Или дека ЕУ ќе западнеше во сериозна криза доколку не победеше фон дер Лајен.
Европскиот парламент го кажа своето. И докажа, уште еднаш, дека политиката е уметност на можното.