Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

НОВА НАГРАДА ЗА АВСТРАЛИЕЦОТ СО МАКЕДОНСКО ПОТЕКЛО ГОРАН СТОЛЕВСКИ

November 29, 2022 Filed Under: Ревија

Овој успешен уметник освои признание на угледниот фестивал во Мајнхајм. Сега се очекуваат номинациите за Оскар – тој е кандидат на Австралија во категорија на играни филмови

НА ТЕРЕН Кандидатот за Оскар авторот Стоевски го има снимано главно во Србија – нашата комисија го одби да го суфинансира!

Ноќта пред да започне со снимањето на „Ти нема да бидеш сам“, Нооми Рапас седна на вечера со режисерот Горан Столевски, кој го имаше своето режисерско деби со хорор-драмата за вештерка која скокнува во телото на жителка на едно македонско село. . По завршувањето на друг филм претходно, актерката очекувала да има неврзан разговор за нејзиниот лик., објаснува во интервјуто за „Индиан вајр“ Но, актерката беше доста изненадена кога режисерот со австралиско државјанство а македонско потекло – Столевски и објаснил дека ќе треба да игра во филм со сцени во кои ќе биде гола! Таа го праша за нивото на нејзината удобност во таквите сцени според сценариото. Генерално актерката пред себе имакла нова ситуација – таа не очекувала таква ролја..

Ѕвездата на крајот сфатила дека сценариото на Столевски го опишува нејзиниот лик како „како што била на денот кога се родила“, елоквентен сценски правец што ѝ паднал како оправдување на памет.

„Не можев да заспијам таа ноќ“, вели таа во интервјуто за IndieWire. „Си велев – о, боже, во што се навлеков?“

Ова дело беше прикажано кај нас, на Синедејс. Во мигот ова дело – „Нема да си сам“ победило на 71. издание на Фестивалот Манхајм-Хајделберг во Германија.  Во одлуката на жирито стои дека „Нема да си сам“ е „симфониски компонирано ремек-дело на поетска убавина и трогателна моќ“, како што известува порталот „СКД.мк“.

„Наградата се доделува на длабоко хуман филм кој ги проширува границите на кинематографијата. Преку неговото прераскажување на митот, филмот нѐ принудува да ги искусиме прашањата за родот и идентитетот на неочекувани начини“, одлучило жирито.

Како што е веќе познато дебитантскиот долгометражен филм на Столевски е и австралиски кандидат за најдобар странски филм за Оскар. Тој е роден во земјава во 1985 година. Заминал како мал со семејството на седмиот континент.

СЕКВЕНЦА Филмот на Горан е оценет како „симфониски компонирано ремек дело“ на Фестивалот во Мајхнхајм

По негово сценарио, дејството во филмот се случува во изолирано планинско село во Македонија во 19. век и следи млада вештерка која е оставена сама во шума. Љубопитна како е да се живее како човек, таа случајно убива селанка и го зема нејзиниот облик. Во филмот играат шведската актерка со холивудска кариера, за која нешто говоревме погоре, Номи Рапас, и македонските глумици Сара Климоска, Верица Недеска и Камка Тоциновски. Во продукција на „Козвеј филмс“ на Кристина Кијтон и Саманта Џенингс, се снимаше во Србија, а Македонија нема никава врска со филмот оти не доби поддршка на конкурсот на Агенцијата за филм (!). Ова секако говори за критериумите во тоа македонско тело!

Филмот имаше светска премиера во јануари на фестивалот Санденс во Парк Сити, Јута во САД. Критичарите, како што пренесуваат австралиските медиуми, го споредувале Столевски со реномирани автори како Теренс Малик и Џонатан Глејзер.

По премиерата на Санденс, угледниот холивудски сајт „Вараети“ го вклучи меѓу десеттемина најнадежни режисери за 2022. Во август излезе неговиот втор филм насловен „Of an Age“ , снимен во Австралија, додека истовремено во Македонија го снимаше неговиот прв македонски филм „Домаќинство за почетници“. Конечно, им се допадна на оние ѓто одлучуваат во земјава – доби 21,5 милиони денари (350 илјди евра)  за снимање на „Домаќинство за почетници“ . Тој живее на релација Австралија-Велика Британија а за последното прво место во Мајнхам  освоил и 30 илјади евра за најдобар режисер на дебитантски филм.

„Нема да бидеш сама“ на Горан Столевски е хорор филм кој го гледа светот поинаку, со темна, магична и трагично убава приказна сместена во Македонија од 19 век.

Писателот и режисер призна дека навистина не е љубител на гледање хорор филмови, но го создал You Won’t Be Alone бидејќи сакал да замисли „неограничена приказна“, итакна во едно од последните интервјуа.

„Само решив да направам нешто каде што не размислував за тоа што е остварливо; само да сонуваме без граници“, рече Столевски. „И, исто така, конкретно да се обидам да направам нешто во жанровски контекст, но навистина се однесував на начинот на кој ја правам секоја друга приказна“.

„Обично размислувам за чувствата на луѓето; за чувствата на ликовите. Не толку работите што им се случиле, туку како се чувствуваат и како да останат поврзани со нив и да се обидат на некој начин да го доловат протокот на чувства и потокот на свеста што ги имаат“.

МЕЃУ ЛОНДОН И АВСТРАЛИЈА Авторот главно патува меѓу два континенти

„Во однос на ужасот, секогаш сакав да пишувам од перспектива на вештерка затоа што ми се допаѓа, затоа што сакам да направам нешто сместено во 19 век во овој конкретен дел од светот и се чувствувам како да живеам таму, Дефинитивно би бил обвинет за вештерство дури и во реалниот живот, не нужно во филмовите“.

„Значи, тоа секогаш требаше да биде од перспектива на вештерката. А потоа во истражувањето на историските работи, она за што… бев свесен, но не се концентрирав, но сите знаеме дека жените традиционално беа обвинети за вештерство; тие често се обвинети дека добиваат облик на друго човечко суштество. или на животно“.

„Само си помислив, ако можеш да го направиш тоа, како да живееш надвор од тоа да бидеш човек и надвор од дури и време, затоа што живееш повеќе животи, каков неверојатен начин да се погледне на тоа да се биде жив и човек и самото време. и живеење“.

Filed Under: Ревија

ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ
ДАНАИ ЛИОДАКИ : ЉУБОВТА Е ЗАЕДНИЦА, НЕ АПЛИКАЦИЈА
ПУТИНОВ ПОКЕР ИЛИ РУСКИ РУЛЕТ 128: КУЛТУРА НА СТРАВОТ НАМЕСТО БУНТ – АНАТОМИЈА НА РУСКАТА ВОЕНА МАШИНЕРИЈА

Најново

  • ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
  • СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
  • УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet