Оваа опера е дел од веристичкото движење во Италија а поврзана е и со моменти од личното искуство на авторот Руџеро Леонкаало
Операта „Палјачи“ од италијанскиот композитор Руџеро Леонкавало беше изведена на сцената на Националната опера и балет на 7 февруари. Ремек-делото на веризмот, приказната за љубовта, страста и одмаздата преточена во операта „Палјачи“, на нашата сцена ќе се изведе под диригентската палка на Бисера Чадловска, во режија на Дејан Прошев. Сценографијата е на Илина Ангеловска, костимографијата е на Никола Булески, концерт-мајстор е Јане Бакевски, а хор-мајстори се Ѓурѓица Дашиќ и Јасмина Ѓорѓеска.
Настапува домашна солистичка екипа: во улогата на Канио/Палјачо ќе настапи Зоран Сотиров, во улогата на Неда – Дешира Амети Крлиу, во улогата на Тонио ќе настапи Марјан Јованоски, во улогата на Силвио – Драган Ампов, а во улогата на Арлекин – Дејан Стоев во придружба на хорот и оркестарот на Националната опера и балет.
„Паљачи“ е опера во два чина за која музиката и либретото ги напишал Руџеро Леонкавало, а премиерно е изведена во 1892 година. Делумно инспирирана од инцидент во кој е вмешан пријателот од детството на Леонкавало, но и од веристичкото движење на италијанската литература во тоа време, заплетот на операта прикажува група патувачки актери и забавувачи – пајаци – чии членови ќе бидат доведени до убиство со меѓусебно неверство и љубомора. Паљачи стана најпопуларната опера на Леонкавало и често се изведува како дел од двојна програма со стилски и тематски поврзана Cavalleria Rusticana на Пјетро Маскањи.