Во тек е втората промена на чело нз компанијата. Таму доаѓа сестрата на Јордан Камчев
До август 2019 година, таа позиција ја извршуваше нејзиниот брат, Орце Камчев. Но, тој се повлече непосредно пред стартот на истрагата за случајот „Рекет“, во кој тој беше жртва на изнуда од Бојан Јовановски и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева. Во изминативе две години, таа позиција ја имаше Антоније Мариновски
Компанијата на бизнисменот Јордан (Орце) Камчев, Орка Холдинг, направи неколку измени во управувачката структура. Директорската позиција од вчера е на неговата сестра, Кристина Камчева Стојческа. Таа ја презема позицијата од Антоније Мариновски, кој го замени Орце Камчев на управителската позиција на 13 август 2019 година. Ден по заминувањето на Камчев, Обвинителството ја објави истрагата „Рекет“, во кој токму Камчев беше жртва на изнуда од Бојан Јовановски и поранешната обвинителка Катица Јанева.
Во изминативе две години, Орце Камчев беше и неизвршен член на одборот на директори на Орка Холдинг. Со последните измени, тој веќе не ја извршува ниту таа функција.
Досегашниот управител на Орка Холдинг, Антоније Маринковски, дојде од банката Сосиете Женерал. Неговото доаѓање се совпадна со судските процеси во кои е инволвиран Орце Камчев, некаде како жртва некаде како обвинет или осомничен. Во последниве две години, Орха Холдинг има значителен пад во приходите но тоа не ја одразува целата слика бидејќи компанијата има сопственички удели во околу 20 правни лица.
За разлика од адвокатите на Камчев, директорот на затворот „Скопје“, Филип Андов, вели дека на притвореникот му се дава соодветната терапија и секогаш кога се пожалил на нешто му се пружала грижа од домскиот лекар или се повикувала итна помош
Адвокатскиот тим на бизнисменот Орце Камчев денеска повторно реагира дека нивниот клиент, кој се наоѓа во притвор во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, е во тешка здравствена состојба и таму не може да ја прима соодветната терапија.
Во соопштение испратено до медиумите, тие велат дека во затворот нема дежурен доктор кој ќе му ја дава соодветната терапија, туку се испраќаат медицинска сестра или медицински брат да му ја проверат состојбата.
„Првично, денес во текот на утрото, г-динот Камчев имал многу сериозна главоболка и од затворскиот ‘медицински тим’ констатирано било дека има спојување на притисоците и дека има видливи отоци на лицето. Потоа, во 14:30 часот тој се чувствува многу лошо поради што прегледан е повторно во КПУ Затвор Скопје, констатиран е повторно споен притисок, 90 со 70. Предложено му е да биде однесен на Клиниката за кардиологија, но тој одбил, бидејќи од претходното искуство кога е пренесуван смета дека е само дополнително малтретирање за него во состојбата во којашто се наоѓа, бидејќи и таму, секако, не ја добива соодветната терапија со која би се подобрила неговата состојба. Од затворскиот ’медицински тим‘ оваа негова состојба во КПУ Затвор ’Скопје‘ ја третираат со сол и газирана вода“, велат адвокатите, според кои, ваквата негова состојба е опасна и по неговиот живот.
Понатаму, правниот тим во својата реакција бара разумност кај обвинителите и судиите во носењето на одлуките и ги „потсетуваат“ дека целта на мерката ефективен притвор не е за директно да се загрози здравјето и животот на еден човек.
За разлика од адвокатите на Камчев, директорот на затворот „Скопје“, Филип Андов, вели дека на притвореникот му се дава соодветната терапија и секогаш кога се пожалил на нешто му се пружала грижа од домскиот лекар или се повикувала итна помош.
„Медицинскиот тим е професионален кој е под команда на Здравствен дом Скопје. Секојдневно, на секој кој ќе се пожали му се пружа грижа. Камчев ја зема неговата терапија нормално, според тоа што е пропишано. На секое негово пожалување за здравствената состојба му се излегло во пресрет од домскиот лекар, а ако е после 16 часот се викала и Брза помош. Нема никакви сознанија дека му е нарушена здравствената состојбата, сите контроли и тестови му се направени и параметрите се во ред“, вели Андов.
Камчев од 14 март годинава се наоѓа во притвор кој му беше одреден како тогаш осомничен, а сега обвинет во предметот „Плацови на Водно“. Притворот му беше одреден поради опасност од бегство.