Писмата, кои десетици илјади деца ги испраќаат до Дедо Мраз секоја година, откриваат повеќе за тоа на што децата се надеваат, како и за што се загрижени овој Божиќ, за време на пандемијата, објави Асошиетед прес
Во спредба со вообичаените желби за играчки, овојпат, децата имаат барања за вакцина, за посета на нивните баби и дедовци, како и желби животот да се врати во нормала како претходно.
Канцеларијата за сортирање на писмата кои се испраќаат за Божиќ во Бордо, Франција, вели дека едно, на секои три писма, ја спомнува пандемијата.
Пишувањето писма до Дедо Мраз е традиција меѓу децата веќе многу години. Писмата содржат список на играчки кои децата би сакале да ги добијат од Дедо Мраз и потврда дека биле умни изминатата година. Некои социјални научници утврдиле дека писмата на момчињата и девојчињата се разликуваат. Девојчињата пишуваат подолги, покултурни писма од момчињата, во кои ја опишуваат природата на Божиќ. Исто така, девојчињата почесто посакуваат подароци за други луѓе.
Голем број поштенски служби им дозволуваат на децата да испраќаат писма до Дедо Мраз. Одговорите на овие писма ги пишуваат поштари или надворешни волонтери.
Пишувањето писма до Дедо Мраз има образовно значење за поттикнувањето на писменоста и електронската комуникација. Писмото до Дедо Мраз е најчесто првото детско искуство во допишувањето. При пишувањето и праќањето на писмото, на децата им помагаат родителите или учителите и со тоа учат за содржината на писмата, обраќањето, поздравите и употребата на адресата и поштенскиот број.
Според студијата на Светскиот поштенски сојуз и истражувањето на националните поштенски операции, Поштенската служба на САД го има направено првиот обид за одговор на писмо до Дедо Мраз. Овој обид започнал во 1912 година, а во 1940 година го добил името „Операција Дедо Мраз“. Неговата цел била секое писмо пратено до Дедо Мраз да стигне до добротворните организации, големите компании, до локалните претпријатија и поединци и тие да се погрижат на секое дете од брег до брег да му биде исполнета новогодишната желба.
Според истражувањето на Светскиот поштенски сојуз од 2007 година, најголем број на писма за Дедо Мраз стигнале до Поштенската служба на Франција, дури 1.220.000 писма, од 126 земји. Таа година, Поштенската служба на Франција ангажираше луѓе кои ќе одговорат на огромниот број на писма пратени до Дедо Мраз, кои доаѓале од Русија.
Други интересни информации во врска со писмата кои децата ги пишуваат до Дедо Мраз според истражувањето на Светскиот поштенски сојуз од 2007 година:
– Држави чии национални поштенски оператори дале одговор на писма пратени до Дедо Мраз и нвиниот број во 2006 година: Германија (500.000), Австралија (117.000), Австрија (6000), Бугарија (500), Канада (1.060.000), Шпанија (232.000), Финска (750.000), Франција (1.220.000), Велика Британија (750.000), Ирска (100.000), Нов Зеланд (110.000), Португалија (255.000), Полска (3000), Словачка (85.000), Шведска (150.000), Швајцарија (17.863), Украина (5.019).
Канадската пошта има посебен поштенски број за писмата кои се пратени до Дедо Мраз. Од 1982 година над 13.000 канадски поштенски работници доброволно пишуваа одговори на писмата. Адресата на Дедо Мраз е: Северен Пол, Канада. Во 2009 година, илјада работници одговорија на 1.1 милион писма и 39.500 барања по електронски пат, на 30 јазици, како и на Брајова азбука за слепи.
Во Велика Британија, традиционално некои деца ги палеле божиќните писма во оган, така што тие магично ќе стигнат до Северниот Пол со помош на ветерот. Подоцна се востановило дека поефикасен начин е да се користи нормалното праќање на писмата преку пошта, па оваа традиција се изгубила во современиот живот.
Во Мексико, како и во други латиноамеркинаски држави, децата понекогаш ги завиткуваат своите писма во мал балон од хелиум и го пуштаат во воздухот надевајќи се дека магично ќе стигнe до Дедо Мраз.
Во 2010 година, бразилската национална поштенска служба, формираше партнерства со јавните училишта и социјалните институции, со цел да ги охрабри децата да пишуваат писма и да ги употребуваат поштенските броеви и марки. Во 2009 година, оваа служба одговори на 2.000.000 божиќни писма и донираше 414.000 подароци на најсиромашните граѓани на Бразил.
Низ годините, Дедо Мразот од Финска добил над 8 милиони писма. Тој добива околу 600.000 писма секоја година од 198 различни земји, а Того е најновата земја додадена на списокот. Децата од Велика Британија, Полска и Јапонија се највредните пишувачи.