Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

НОВА ТРКА ЗА РЕКТОРСКАТА ФУНКЦИЈА: РЕПРИНТ ИЛИ НОВИ ПОГЛЕДИ КОН ОВАА ФУНКЦИЈА

April 14, 2026 Filed Under: Македонија

Актуелната ректорка Билјана Ангелова и професорот на Машински факултет Дарко Данев во трката за прв човек на УКИМ

БИЛЈАНА АНГЕЛОВА Во нејзиниот досегашен мандат остана главно незабележлива

Актуелната ректорка Билјана Ангелова и професорот на Машинскиот факултет во Скопје Дарко Данев влегоа во трка за прв човек на Универзитетот “Свети Кирил и Методиј“. Единствено тие двајца поднесоа кандидатури за ректорската позиција до крајниот рок за пријавување што истекол задсиноќа на полноќ.

Во условите на огласот што беше објавен од ректорската управа, а се однесува на следниот тригодишен мандат што треба да стартува на 16 септември годинава стои дека, кандидатот освен што треба да е државјанин на Македонија, треба да е од редот на редовните професори, да поднесе програма за работа како и биографија и библиографски податоци.

Професор д-р Биљана Ангелова од Економскиот институт е актуелна ректорка на Универзитетот . И, е втората жена на таа позиција по Радмила Кипријанова. Таа најверојатно ќе биде поддржана од владините структури.

Ангелова во Економскиот институт е вработена од 1992 година, каде во континуитет била избирана во сите научни и наставно-научни звања. Во 2007 година првпат е избрана во највисокото научно звање научен советник- редовен професор во областа на деловни финансии, а во 2012 година повторно е избрана во редовен професор во областа на финансиски менаџмент.

ДАРКО ДАНЕВ Влегува во трка со паролата „Од УКИм набљудувач до УКИМ создавач“

Во периодот 2006 – 2008 година била раководител на втор циклус студии по Меѓународен менаџмент, а од 2008 година до денес раководи со насоката Финансиски менаџмент. Била прв раководител на студиите од трет циклус по организациски науки – менаџмент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во периодот 2012-2016 година. Од ноември 2009 до септември 2016 година била директор на Економскиот институт.

Професорот Дарко Данев од Машинскиот факултет во Скопје влегува во трката за ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, претставувајќи се како кандидат кој целиот свој академски и професионален развој го изградил токму на УКИМ. Со мотото „Од УКИМ-набљудувач до УКИМ-создавач“, Данев ја почнува својата кампања, нагласувајќи дека универзитетот за него не е само институција, туку втор дом во кој ги поминал додипломските, постдипломските и докторските студии, како и целата академска кариера – од асистент до редовен професор.

Данев двапати бил декан на Машинскиот факултет, период во кој, како што посочува, биле воведени стипендии за најдобрите студенти и биле отворени лаборатории каде студентите работеле на реални проекти со компании, со што се доближувале до пазарот на труд.

Изборот на новиот ректор треба да се направи во текот на мај и јуни, а мандатот стартува во септември, пред почеток на новата академска година.

Првите реакции покажуваат дека тој има приврзеници и тоа главно од независниот кадар на УКИМ.

Filed Under: Македонија

ЕКОНОМИЈА: КОЈ СО ОРБАН ТИКВИ САДЕЛ…
ШЕЌЕРИНСКА: НАТО E БУДНО, ПРЕСРЕТНАВМЕ ЧЕТИРИ БАЛИСТИЧКИ РАКЕТИ А ЗАШТИТЕНА Е И СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
НЕСПЕХОТ НА ОРБАН: ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА УНГАРИЈА, ПОМИСЛЕТЕ НА БУГАРИЈА
ДА НЕ БЕШЕ УНКО, НЕМАШЕ ДА БИДЕ ГОРАН, ДА НЕ БЕШЕ ГОРАН НЕМА ДА БЕШЕ ДЕЈАН
ВЛАДАН ЃОКИЌ: МОЈАТА ПРЕМИЕРСКА ИЛИ ПРЕТСЕДАТЕЛСКА УЛОГА ЌЕ ЈА ОДРЕДАТ СТУДЕНТИТЕ И ГРАЃАНИТЕ

Најново

  • ЕКОНОМИЈА: КОЈ СО ОРБАН ТИКВИ САДЕЛ…
  • ШЕЌЕРИНСКА: НАТО E БУДНО, ПРЕСРЕТНАВМЕ ЧЕТИРИ БАЛИСТИЧКИ РАКЕТИ А ЗАШТИТЕНА Е И СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
  • НЕСПЕХОТ НА ОРБАН: ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА УНГАРИЈА, ПОМИСЛЕТЕ НА БУГАРИЈА

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet