Голем дел од нашите медиуми создаваат стаклен ѕвонец од кој не се гледа каква е реалноста со пандемијата околу нас. Огромен дел од Макдонците не се свесни дека во Вучиќева Србија се избришаa преку ноќ над 2.400 пациенти, откако наеднаш „оздравеа“, без релеватна проверка на нивното здравје со тестови! Дека после натпреварот Ѕвезда- Партизан во Црна Гора вратените навивачи создадоа жаришпте на заболени а ние тој натпревар го гледаме со очилата на нечија супрeмација во заздравувањето на нацијата!? Или дека во Одринско (Грција) се вратила зарзата како и во Бугарија и каде се практикуваа посебни мерки на помали простори… Но, кому му е потребно да шири илузија дека само кај нас е лошо и тоа заради здравствените власти
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Професорот по социологија. информации и меѓународна политика од Оксфорд – Филип Хауард деновиве објави дека целта на ширење на дезинформации не е да има многу повеќе информации во однос на професионалните медиуми. Но дека центрите
за лажни вести тоа го прават со толкаво привлекување на внимание и во „мали дози“ по што добиваат десет пати поголемо внимание отколку оние вести кои ги прават вистинските професионалци.
Не може да се тврди дека кај нас оние кои ги лиферуваат фејк њуз содржините толку многу внимаваат на рационалност во пласманите, бидејќи, ем на тоа работат очевидно многу „продуктивни“ тимови, ем сега, на помалку од еден месец пред парламентарните избори, некому нервозата му прави да претера со својата стахановштина.
ОБЕСХРАБРУВАЊЕ НА ТЕОРИИТЕ НА ЗАГОВОР И покрај тоа, што сè повеќе знаеме за тоа кој произведува лажни вести за пандемија и како да се запре нивниот „тираж“ работите не одат во по волна нсока. Покрај здравствените работници кои ги ризикуваат своите животи и научниците кои работат на терапии и вакцини, треба да се признае постоењето и на друг сегмент од колективниот одговор на пандемијата „ковида-19“. Во изминатите неколку години, тврди и Хауард, т.н чекинг факт агенции или проверувачите на факти низ целиот свет развија можност да ги забележат и обележат лагите што кружат во јавната сфера. Тие сега го свртеа вниманието кон лажните вести за кризата предизвикана од појавата на ковида-19 и им помагаат на социјалните мрежи поефикасно да ги отстранат и обесхрабрат гласиштата, дезинформациите и теориите на заговор.
Во Институтот за Интернет во Оксфорд, според овој професор се спроведуваат пребарувања на масивни, мултиплатформски активности за ширење дезинформации за Ковид-19, поддржани од авторитарните режими. Медиумите што се контролираат од државата во Кина, Иран, Русија и Турција имаат значајна глобална публика и теоретски можат да достигнат една милијарда отворања на англиски јазик на разни социјални мрежи. Некои од овие вести се лажни, но содржината се шири низ целата мрежа до над десетици милиони вистински корисници.
ПАРТИСКИ МАРИФЕТЛАЦИ Супериорноста на политиката опозиција во земјава во сферата на информирањето и пред се во дезинформирањето на јавноста, користејќи ја огромната премоќ во имањето на за себе пристрасни медиуми, од оние мејнстрим се до оние „жолтите“, немајќи во меѓувреме ниту една санкција против себе, својата концентрација на партиски марифетлуци главно ги насочува кон две политички имиња – Зоран Заев, експремиерот и лидерот на владеачката партија СДСМ и министерот за здравство Венко Филипче, чија популарност нагло скокна со појавата на корона вирусот. Тој одиум министерот го доби заради неговиот смирувачки тон во објаснување на работите, неговата стручност а секако и заради фактот што „во стравот се „широки очикте“: јавноста сака да се наслони на некој што гарантира сигурно пловење по опасните води на пандемијата, кога животите на поединците и семејствата висат на конец.
Според толку споменуваната анкета на ИРИ, која веќе ја обработивме во претходни броеви, направена од крајот на јануари па до 10 февруари годинава, СДСМ и Заев имаат предност пред ривалите која не била толку недопирлива. Слоганите за „го продадоа името“ и врзувањето за земјата во своите надворешно-политички насоки „за трулиот Запад“ токму со канонадата од разни информции од антиџападната и антинато логика секако си го стори своето! Особено и кога додатно сето тоа се „потврди“ со продуктивноста на Макрон од Франција, една од двете најважни земји во Унијата, шпто им даде значаен материјал на отровните медиуми кај нас! ..
Појавата на пандемијата со корона вирусот сепак направи еден силен пресвт за кој опозицијата стана свесна веднаш, пред да започне да го мери пулсот на гласачите! Започна да се менува барометарот на идните парламентарни резултати, па се појави потребата најпрвион да се промени генералниот курс за 180 степени во однос на тајмингот за идните избори: тој требаше да се одддалечува од конкреен атум се додека политичката луња не се промени во проценките на објективните, но тајни испитувања на јавното милење. Дури и нивните најверни гласачи и пропагатори беа збунети- од она дека „Заев бега од избори“ се премина на формулат „Заев сака да има избори на штета на здравјето на бирачите“.
Во тој интеррегнум, со непозната должина, требаше да се најде Ахиловата петица за нивната пропагандна машинерија која ќе цели кон Венко Филипче. Клучна теза стана онаа дека тој и неговиот тим се неуспешни во справувањето со кризата со ковид-19. И ова имаше две подфази – отпрвин се одеше на тоа дека здравствените власти измислуваат болни, ги преувеличуваат за да „добијат на време“ и да побгнат од избори а потоа се одеше во обрарна насока – на тоа дека истите не усепваат да го скротат инфекциското станпедо.
ВТОРА ФАЗА Сега сме во та втора фаза во која е прави тактика на критика на секој потег на здравствените Власти во нивната повеќе од херојска битка со ковид-19/ Ноп бидејќи самата опозиција има повеќе од валкана биографија во тој чин најпрвин се вади осигурувачот од таблата со встите од странство каде имаме изолирање или десеткување на истите. Така земјава се гледа само изолирана од ветите од странство, особено од непосредната околина или со нивно наопачно толкување и со повремено ширење на листата за отстрел меѓу белите мантили (Караѓовски, на пример).
Оваа операција секако требаше да ги остави со „чисти раце“ повеќето клучни виновници за ширење на заразата кај нас (министерот за полиција, инаку дојден од редот на опозицијата, еден од нивните врвни извршиели, потоа заменик министерката за финансии, која исто така преку ноќ стана „перјаница“ на ВМРО ДПМНЕ која не дава потпис за користење на средства, добиени однадвор, за борба со пандемијата во висина од 90 милиои евра, потоа верските лидери кои ги отворија вратите за верниците за несопирливо ширње на заразата мѓу најшироките маси, кои не се споменуваат по ништо лошо и се оградени со ѕидови на молк од поглем дел од новинарите или кон нив се исфрлуваат стрели со кус дострел.
ФУДБАЛСКО САМОУБИСТВО Која е најдобрата стратегија за напад врз министерот Филипче покажа на пример последното интервју со новинарот на Канал 5 – Гоце Михајловски, И самиот жртва на ковид-19,тој е идеален да ја покаже својата „ранливост“ во оваа корона ситуација. Како поранешен глодур (тоа не може лесно да се заборави) во телевизијата Нова на Кочан, созддена самоо за да стане потпора на режимот на Груевски, тој се чини остана верен на истиот стар идеолошки „кластер“.
Еве некои тези на Михајловски. Србија има сериозни смалувања на ковид-19, многу земји околу нас имаат зараза на симболично ниво, во Белград се одржа фудбалски натпревар со 20 илјади гледачи а ние само бележиме зголемувања на заразените.
И ги полниме болниците….
Иако неколку пати министерот Филипче со мирен тон рече дека не сака да ги коментира здравствените прилики на соседите, Михајловски постојано инсистираше на тоа, налегнувајќи на „болната точка“ од овој тип муабет за официјален функционер – тој мора со соседите да негува една комшиска коректност и има потреба од секојдневна соработка!
Најпрвин, мора да се спомене дека Михајловски треба самиот да се информира за она што прашува, потоа да ги информира гледачите а дури потоа да отвора дијалог по тие прашања за оние моменти за кои треба конкретно разјаснување со министерот. На пример, во Србија од 11.430 случаи, измрени во денот на дискусијата прд камерите (http://globusmagazin.mk/ вистина-под-маски/),. излечиле омалп само 6.726. Затоа езависниот печат во оваа земја забележа дека еднотавно во статистиката недостасуваат 2.400 пациенти, кои ги нема ниту како излечени, ниту како хоспитализирани, ниу како, не дај боже – починати! По кусо препелкување официјален Белград призна дека толкав број на лица едноставно ги избришал, бидејќи, немало потреба да се проверува здравјето на пациентите кои се лекувани 14 дена, посебно не со две тест-проверки?! Едноставно некој одлучил дека проверки со тестови не се неопходни и дека „доста им се 14 денови лекување“. Оное кои две недели се во домашна самоизолација и таму се лекуваат се прогласуваат административно за здрави?! Чула ли нашата јавност за ова? Познато ли му е на Канал 5 за ваква маневра на белградските власти, особено пред нивните избори кои се одржаа пред некој ден? Можеби треба истата формула да се пофали или препорача? Или тоа не е згодно да се објавува, бидејќи, не се вклопува во плановите за напад врз министерот Филипче?! Да, министериот Филипче и да го знае ова нема да го спсомене, но Михајловски морал да го знае, требал да се интерсира за тоа да добие звучност и да направи разлика меѓу чесната и итроманска статистика. А на таквите како македонските мејнстрим медиуми очевидно истата не им е по волја.
Очекував, рака на срце, реакција од нашите медиуми на одлуката на белградските власти со кој 20 илјади лица се турнати на стадион без никакви посебни мерки на заштита. Михајловски го псоменува ова во дијалогот со нашиот министер, небаре ете колку Србите напреднале во војната со вирусот. А каде прочитал или го видел тоа Михајловаки дека натпреварот останал бзопасен – во некоја шолја со кафе? Па еве Црногорците само по неколку дена добија отпрвин тројца навивачи, кои заминале во Белград преку БиХ. Во Плевља во неделата наутро веќе имаше 17 навивачи заболени од корона а таа бројка секако ќе расте и затоа е затворена границата со БиХ, од каде се оди во Србија Тоа се крупни настани во регионот ама нашите медиуми не ги боли уво за тоа. И онака треба да се останеме во стаклен ѕвонец за да се изведе „баботењето“ со топлиот зајак врз Фикиопче. Стаклениот ѕвонец прави непробојноста на вестите од наведениот тип или истите ги превртуваме како што ни одговара (https://sportmedia.mk/2020/06/10/корона-дерби-пред-полни-трибини-парти/), ама во.светот владее шокираност од овој настан во Белград (http://rs.n1info.com/Sport-Klub/Fudbal/a588619/Rec-koronavirus-zabranjena-nastavlja-se-prvenstvo.html). Финалето на Адрија турнирот во тенис во Задар е откажано бидејжи е откриено дека бугарскиот тенисер Димитров е позитивен на вирусот. Еве како се поврзуваат Бугарија и Хрватска во еден балчкански георграфски клон. Но, ние немаме вест за вој спортски настан. Барем јас не го чув…
Инаку според моите сведоштва од програмата на бугарскиот канал БНТ 4 кај источните соседи се воведени квартовски карантини во дел од големие градови. (Еве и еден текст на таа тема – https://www.dw.com/mk/корона-кризата-и-ромите-заборавената-ризична-група/a-53028460). Ова за нас не е познато, бидејќи сликата мора да биде изрежирана: секаде се раат, само кај нас имаме „темен вилет“. Тоа е доста дрска техника на режирање на стварноста ама во битката за власт на ВМРО ДПМНЕ голем дел од новинарите во земјава се верни и континуирани сојузници.
Еве ја и последната вест – оние кои покажуваа кон состојбите со ковид ешпидемијата во Србија треба да чујат дека во оваа земја се криел и бројот на починатите. Колку да се знае, кога се критикува нашата статистика.