Германската разузнавачка служба ги контролирала стожерните функции во медиумите и не одела на квантитет. Особено и биле интересни редакциите кои давале меѓународни вести. Важно било и издаваштвото
Познато е дека членовите на десно-екстремистички сцена и поранешни високи нацистички службеници, кои за време на војната имале високи функции во пропагандата на одделни одделенија на Третиот рајх и по војната се нашле на многу одговорни функции, не само во медиумите.
Еден од шефовите на Вермахтот Рајнхард Гехлен (Reinhart Gehlen) на 28 април 1945 година, десет дена пред капитулацијата на Германија, тајно го напуштил неговото командно седиштето во Одделението за разузнавање Fremde Heere Ost, нудејќи им ја на Американците неговата разузнувачка мрежа и сите нејзини агенти од Советскиот Сојуз на кои им командувал. Понудата била прифатена. Така, поранешниот генерал на Вермахтот станал шеф на првата тајна разузнавачка служба во Западна Германија, која подоцна ќе стане БНД. Гехлен продолжува потоа како одличен и исклучително квалификуван организатор. Во својата позиција на првиот претседател на БНД останал до 1968 година, кога тој бил наследен од Герхард Весел, Гехенов потесен соработник од Вермахтот. Дури и во времето на Гехлен, тој добил задача од својот шеф интензивно да ги набљудува хамбуршките медиуми. Тоа бил само почеток.
И други некогашни службеници на Вермахтот многу добро котирале во новите времиња со уште помоќна позиција на Гехлен. Така, на пример, професорот Франц Алфред Секст, поранешен офицер во безбедносните служби експресно се искачил на чело на Шпигел и тоа во меѓународната рубрика.
Уште во 1960 година станал главен уредник на илустриран магазин Kristall ,кој во 1946 година го основал антифашистичката публицист Аксел Егербрехт. Kristall, благодарение на Шекст и нови луѓе (од кои некои беа неговите СС другари, како Пол Шмит) наскоро стана орган на германската радикалната десничарска сцена. Шекст и Шмит подоцна бстанале дел од платниот список на БНД. Така, СС-офицер и голем антисемит Пол Шмит алијас Карел (кодирано име) постигнал да стекне доверба кај десничарските политички кругови – во неговата вила во јужниот дел на Баварија (на езерото Теген) навратувал баварскиот политички бог Франц Јозеф Штраус. Сличен пат кон успехот имал Гихселер Вирсинг (кодно име Випел) кој еднаш се искачил на поизицијата на главен и одговорен уредник на неделникот „Христос и светот“ од Штутгарт. За време на војната бил уредник на монархистички и христијански весници, по наредба на Хајнрих Химлер,
Како и многу други лидери на разузнавачката служба на Третиот рајх и Вирсинг веднаш откако ќе заврши војната во 1945 година,во еден камп на ЦИА во Хесен е обучуван да биде корисен за новите газди. Но, најпрвин морал да биде предаден на Британците. По ослободувањето од притворот тој доаѓа под покривот на црквата, каде што почнува да се напише книга. По разбирливи пауза повторно станал активен во новинарство и веќе во 1954 година стана шеф на редакцијата на христијански магазини.
Од 1970 година, новинарите кои работата за БНД имаат приоритет според одредени медиуми. Покрај јавните услуги, има и повеќе категории радио и ТВ, илустрирани, регионални и нерегионални весници. Енбом тврди дека само во регионалните БНД весници одржуваат постојани контакти со вкупно 230 „доверливи новинари”. Целта на БНД не биле само новинарите туку и големите германски новински агенции. Иако бројно БНД не е „целосно” задоволен со покривањето на прес мрежите, сепак добива информации постојано и тие доаѓаат од мал број на луѓе кои обично заземаат клучни позиции. Така, БНД над нив имаше влијание во областа на информациите и услуги на странските вести. Истиот случај беше со научните институции и институти, особено оние кои специјализираат во Југоисточна Европа.
Особен скандал изби кога се дозна дека агентот на БНД Кристоф фон Безолд, со својата водечка позиција во Меѓународната мониторинг мкија остана во Загреб (во мисијата, се разбира, се вметнува низ врски на БНД), каде како обврзувачко неутрален претставник на Европската унија, беше вклучен во голем број разузнавачки активности, што се протегаа до патот кон шверцот на муниција за Босна.
Во 1997 година ќе биде објавено дека контролната комисија на германскиот Парламент, која ги надгледува германските разузнавачки служби, ги испитувала тврдењата на медиумите дека германската разузнавачка агенција БНД тајно и незаконски ги вооружува босанските муслимани и Хрвати за време на босанската војна. БНД, наводно, се инфилтрирал во набљудувачките мисии на Европската унија, кои требаше да помогнат да се организираат прекин на огнот и да се помогне со хуманитарна помош. Германците го искористија тоа покритие за шверц на оружје и пари за босанските муслимани. Кристоф фон Безолд, на 27 март 1994 година испратил муниција преку непријателски линии до босански муслимански џеб од Бихаќ, откако муницијата ја спакувал во пакети со млеко во прав. Очигледно ова беше само една од многуте такви пратки кои ги користеа ЕУ монитори како покритие. Покрај тоа, Германија се чини дека била најголемиот снабдувач на оружје во Хрватска за време на војната, иако тоа е во спротивност со германскиот закон кој ги забранува испораките на оружје во активна воена зона и кршење на ембаргото на ОН за оружје на Југославија. Поголемиот дел од воениот хардвер на Хрватска доаѓа од источногерманското снабдување што е застарено во Германија, по спојувањето на Источна и Западна Германија. Дури се шверцувале поранешни источногермански делови за МиГ-21 во Хрватска.
БНД, покрај сето она што е веќе споменато, често се појавува во издавачката индустрија. Понекогаш како цензор за одредување кои книги „се добри или лоши, па дури и како издавач под некоја маска. „Книгите се различни од другите рекламни медиуми, пред се, заради фактот дека еден книгата толку многу може да го промени ставот на еден читател отколку што тоа може било кој друг индивидуален медиум.”.
Така, во 60-тите години, основани се неколку издавачки куќи, кои официјално беа водени од „успешни бизнисмени”. Херолд беше името код Волкер Хансен шеф на таков издавачката куќа „Хазе унд Келер” од Мајнц. Тука Рајнхард Гелен ги објавил своите три книги. Тука е во 1986 година објавена книгата „Во центарот на шпионажата” од страна на поранешниот агент Вернер Стилер, што е, се разбира, претходно редактирана во Пулаха.. (Овој издавач, бил поврзан со БНД).
(продолжува)