Беше тоа нецели две недели откако беше претепан директорот на Загребачки улици Игор Раденовиќ, Беше тоа една од низата „штангирања“, како што во жаргонот на подземјето се нарекува претепувањето со палки. И го поставив прашањето – кој ќе биде следниот? Бев тоа јас.
ДУШАН МИЉУШ
Најдете го нарачателот.. Тоа мора да е клучниот мотив на истрагата за убиството на младиот словачки новинар Кучиак , кој ладнокрвно е убиен заедно со својата 27- годишна девојка Мартина Кушњикова меѓу четвртокот и неделата – 22 и 25 февруари – во Велика Мача, село кое се наоѓа 60 километри од Братислава.
Тоа ми е познато. И јас упатив апел за помош откако на 2 јуни 2008 година ме претепаа со палки. Бев се уште под таблети за болки ама мислев дека е поважно да се најдат оние кои ме претепаа. Беше тоа нецели две недели откако беше претепан директорот на Загребачки улици Игор Раденовиќ, Беше тоа една од низата „штангирања“, како што во жаргонот на подземјето се нарекува претепувањето со палки. И го поставив прашањето – кој ќе биде следниот? Бев тоа јас.
Искусните инспектори ја смируваа јавноста (и мене) со зборовите дека „прават се на откривањето на извршителите“, дека се ќе се реши максимално за 100 дена, ама ни после 10 години нема ни трага на извршителите и нарачателите. Пред седум години ги презедов актите кои се официјално дел од незавршената истрага иако таа практично е завршена со откажување од обвинението.
Се сомневав во оптимистичките најави дека извршителите ќе бидат најдени и уште тогаш реков дека истрагата нема да биде успешна и после 1.000 дена
Но зошто е убиен Јан? Имаше само 27 години, тој извонреден аналитичар од порталот Aktuality.sk. Брутално е ликвидиран со куршум директно во срцето а потоа убиецот испукал и куршум во главата на неговата девојка Мартина. Пред егзекуцијата се претепани.
Зошто го убиле? Што било пресудно за повлекување на чкрапалото? Тоа е секако едно од прашањата за кои размислувам. За Јан го знаев само она што го прочитав пред да отпатувам за Братислава и од оние неколку часови кои ги минав со неговите колеги во редакцијата, па и потоа од другите медиуми.
Зошто на 16 октомври минатата година на Малта е подметнат експлозив под автомобилот на Дафне Каруане Галиција, која имала популарен блог Running Commentary, каде ги критикувала многу од членовите на владеечката Лабуристичка партија и лидерот на опозициниот Десен центар, преку првото семејство на Азербејџан и картелот на еден ирански банкар, потоа кинеските бизнисмени и корисниците на офшор даночните оази како што се и Панама и Девствените острови. Во критиките и пишувањето беше остра,често немилосрдна, не штедејќи ги оние за кои пишуваше до таа мерка што во некои од квартовите каде живееле опишуваните нејзината смрт е наводно долго славена!
После убиството на Дафне Каруане Галиција илјадници граѓани на Малта протестираа а на јавните згради осамнаа плакати на кои пишуваше „Мафијашка држава“ (полицијата ги симнала, наводно заради речникот, но потоа пак осамнаа).
Дафне се користеше со материјали од т.н. Панама пејперс кои се објавени во 2015 година и кои ги дадоа моделите на меѓународните перења на парите. Иако полицијата после нејзиното убијство уапси 10 лица и покрај помошта на ФБИ, се уште нема траги од нарачателите на убиството.
„Криминалците се сега каде и да погледнете. Ситуацијата е очајна“ – се зборови со кои Дафне го завршила својот последен текст, половина час пред да погине, односно седне во автомобилот на 16 октомври лани и исчезне во силната детонација.
Каруана Галиција две недлеи пред да загине и предала на полицијата пријава дека и се закануваат со убиство. Нејзиниот син ова го прокоментира со зборовите дека „таа стоеше меѓу власта на правото и оние кои тоа не го сакаат, како и многу други храбри новинари“. Тој повтори дека Панама пејперс се едни од позначајните документи кои ги отсликуваат корупциските скандали ширум светот.
ФБИ се вклучи во истрагата за нејзиното убиство а им понуди и помош на словачките власти о разрешувањето на убиството во Велика Мача. Истата организација нудеше помош и кога јас бев претепан ама и кога беше убиен Иво Пуканиќ. Убијците на сопственикот на загрепскиот Национал полицијата ги откри, им беа изречени казни и тоа правосилни, ама никогаш не се открија кои беа нарачателите на убиството.
Да се потсетиме дека Јан Кучиак го пријави на обвинителството словачкиот бизнисмен Маријан Кочнер, за кого последната статија ја напиша две недели пред да биде убиен. Темата беше – даночна измама при изградбата на луксузните апартмани Five Star Residence во Братислава. Кочнер беше приведен и потоа пуштен од истражниот судија и тој одрекувал било какви врски со злосторот.
(продолжува во следниот број)