Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

НОВИНАРИ: МАФИЈАТА ГИ УБИВА, ПОЛИТИКАТА ГИ ПРЕЗИРА А ПОЛИЦИЈАТА НЕ ГИ ЗАШТИТУВА (2)

April 2, 2018 Filed Under: Фељтон

Ндрагета е семејно организирана и таа парите добиени на нелегален начин се обидува потоа да ги инвестира како легален влог. За ова има и аларми од италијанската полиција до своите колеги до Чешка и Словачка, но и до другите членови на Еуропол. Тоа не е новост ама долг е патот на докажувањето и трае со години, останувајќи на ниво на шпекулации

ДУШАН МИЉУШ

ПРЕД РЕДКЦИЈАТА Душан Микља пред редакцијата на Јан во Братислава, која сега ја чува полицијата

Кочијак бил новинар кој не се грижел за заканите. Или барем не покажувал страв. И покрај тоа што до автомобилите на некои негови колеги претходно експлодирале бомби. Тој ги смирувал блиските со зборовите дека тој само ја работи својата работа. Бил воден од мислата дека неговата земја е под власта на политичко – криминалниот октопод. Тоа му давало неисцрпна енергија да „копа“ по регистрите, со цел неговата земја во иднина да стане подобро место за живот. Бил темелен и систематичен. Книгата на италијанскиот социолог Форџинеа „Ндрагета“, која ја најдов меѓу хартиите на неговата работна маса, што говори дека Јан сакал да дознае како функционира италијанската мафија. Ги потцртувал деловите од првите глави.

Ндрагета е семејно организирана и таа парите добиени на нелегален начин се обидува потоа да ги инвестира како легален влог. За ова има и аларми од италијанската полиција до своите колеги до Чешка и Словачка, но и до другите членови на Еуропол. Тоа не е новост ама долг е патот на докажувањето и трае со години, останувајќи на ниво на шпекулации. И тоа не зависи само од органите на правната држава, туку е дел од политичката волја за тоа „дали државата ќе има мафија“ или „мафијата ќе има држава“.

За ова се говореше дури и во мигот на погребот на Јан и Мартина во Братислава. Иако е необично, на погребот имаше дури и лица со транспаренти на кои стоеше „Политички проститутки – отстапите“. Пред се мислеше на оној кој раководи со полицијата – Тибор Гашнар.

Редакцијата на порталот на Јан по смртта на новинарот објави нередактирани делови од текстот каде се гледаат врските со подземјето на премиерот Роберт Фицо и неговото опкружување.

ГЛАВНА УЛИЦА Ова е селото каде е убиен новинарот и неговата девојка

Истиот ден некои од блиските премиерови соработници поднесоа оставки. Меѓу нив е и некогашната моделка Марија Трошкова, премиерова соработничка и советничка која го поврзува него со подземјето. Во кругот на оцрнетите спаѓа и Вилијам Јасан, секретар на Управата за државна безбедност кој со синовите е врзан за криминалецот Вадал. Споменатите негираа било какви нелегални дела.

Во Прага и Брно, организирани преку општествените мрежи се собираат луѓе кои сметаат дека мора да се бара правда за убиените Јан и Мартина. „Знаеме дека злосторите од овој вид немаат места во словачкото и чешкото општество, но младата двојка умре затоа што Јан не се плашеше да ги открие мафијашките структури“, порачаа насобраните.

Како што пишуваат словачките медиуми колапсот на коалицијата што ја чинат три партии може да рздвижи процес на нови избори.

ГЛАВНА УЛИЦА Ова е селото каде е убиен новинарот и неговата девојка

Околностите на споменатото убиство граѓаните на Словачка ги потсетува на годините кога со земјата управуваше автократот Владимир Мечијар. Тогаш имало блиска соработка меѓу политиката и мафијата, се потсетија новинарите кои ги следеа настаните после убиството на Кучијак.

 

(продолжува во следниот број)

 

 

Filed Under: Фељтон

ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС
ПРЕВИРАЊА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: СОЈУЗНИКОТ НА ТРАМП ВО ПОЛИТИЧКИ ПОДЕМ
ТАНЦОТ ЗБОРУВА КОГА ЗБОРОВИТЕ МОЛЧАТ – ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ ГО ОТВОРИ СВОЕТО 21. ИЗДАНИЕ

Најново

  • ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
  • ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
  • ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet