Новиот состав е – што би рекол народот – за плачење. Едноставно тоа е некаков шпајз за кадрите кои не се корисни во други државни или стручни функции, па треба малку да ја „греат“ фотелјата и да ја упропастуваат вистинската функција на ААВМУ. Просто како дел од паразитскиот однос на претходниот Совет, кој мирно си одлежа 11 години

Јавноста по речиси 11 години дојде до точкас на промени кај составот на Советот на АВМУ. Пратеникот Сајкоски од ВМРО-ДПМНЕ (воедно и генерален секретар на партијата!) ознани дека е финиширан предлогот за составот на ова тело. Дел од медиумските органзиации се изјаснија дека се работи за некаков меѓупартиски договор и дека воСобранието се ќе мине глатко, како и дек по овој трет обид за промена на составот нема да се случи очекуваниоот пресврт во работата на ова тело.
Да се потсетиме дека Советот го сочинуваат седум члена. За овие места во конкуренција беа 22 кандидати. Актуелниот состав почна со работа на средината на 2014, а мандатот требаше да му трае седум години. Но, поради политички блокади во Собранието, потсетува РСЕ, тој избор се пролонгираше до изборот на нови членови.
Одлуката за распишување на огласот се најде на дневен ред пред надлежната комисија уште во октомври. На јавна седница во парламетот на 13 ноември, кандидати ги претставија своите биографии и визии за работата во ААВМУ и оттогаш се чекаше пратениците да се одлучат за седумина од нив.
Извршната директорка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), Билјана Георгиевска, рече понавреме, дека незаинтересираноста на пратениците можела да значи и дека целата оваа работа ќе се сведе на „партиски договор“.
„Стравуваме дека може да пропадне со оглед на тоа што за време на презентацијата на сите кандидати во собраниската Комисија пратениците делуваа комплетно незаинтересирани и беа отсутни, немаше повеќе од два-тројца пратеници кои во одреден период во текот на денот не ги ни слушаа презентациите, туку едноставно излегуваа. Очигледно не ги интересираше квалитетот и искуството на кандидатите што ме тера да помислам дека можеби ќе биде само партиски договор тогаш кога ќе решат да го затворат ова прашање за АВМУ“, рече Георгиевска за РСЕ.
Неуспешните два јавни повици кои изминативе години пропаднаа поради недостиг од двотретинско мнозинство во парламентот за извршниот директор на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) Драган Секуловски, се основан страв дека и овој ќе заврши неуспешно
„Дополнително, актуелните членови се во Советот речиси 11 години, иако нивниот мандат првично траеше седум, што во комбинација со законските измени од декември 2018 година – кои дозволуваат Советот да функционира до изборот на нови членови, може да создаде впечаток на институционална стагнација и да ја наруши довербата во регулаторното тело“, додава Секуловски од ЗНМ за РСЕ.

Зошто е важно да се избере нов Совет? Секуловски потенцира дека ако пропадне сегашниот обид, ќе се постави прашањето за капацитетот на институциите да ги реализираат важните процесите, а „неопходните реформи за унапредување на медиумскиот сектор ќе продолжат да стагнираат“.
„Изборот на нови членови кои имаат интегритет во заедницата и ги исполнуваат законските критериуми е клучен чекор за зајакнување на довербата и независноста на ова значајно регулаторно тело“, вели извршниот директор на ЗНМ. Како причина, таа ја додава и „комоцијата“ што може да ја создаде долгогодишното заземање на позицијата, како што е и е случајот во АВМУ каде Советот е избран пред повеќе од една деценија.
„Од една страна факт е дека со останувањето на таа позиција долго време луѓето стануваат стручни за дејноста што ја обавуваат, но може да станат и прекомотни односно може да се влијае на разни начини кај секого од нив заради тоа што се сигурни дека ја задржуваат позицијата. Во секој случај треба да се почитува она што го налагаат законските прописи“, децидна е Георгиевска.
Новинари, аналитичари, информатичари меѓу кандидатите
Да се потсетиме дека на овој трет јавен конкурс за членови на Советот на АВМУ првично се пријавија 31 кандидат. Во меѓувреме еден се откажа, а шестмина беа дисквалификувани зашто не донеле уверение за државјанство (!).
Останаа само 24, но непосредно пред седницата на 13 ноември 2024 година стигна вест дека двајца се откажеле: Миле Бошњаковски и Виктор Грозданов. Иако, Грозданов потоа во изјава за медиумите демантираше дека се повлекол и дека има таква намера туку дека воопшто не добил покана за седницата во Парламентот.
Профилот на кандидатите кои се во трка за нови членови, како што можеше да се види на седницата, е разнолик. Меѓу нив има правници, новинари, аналитичари, информатичари…

Преостанатите 22 кандидати од кои пратениците понатаму требаше да го изберат новиот состав на АВМУ беа: Сашо Стефановски, Нафије Селмани, Драгица Љубеска, Петар Џуровски, Емилија Петреска Камењарова, Шабан Даљипи, Андријана Скерлев Чакар, Лазо Петрушевски, Зоран Фиданоски, Арбен Саити, Емилија Јаневска, Давор Башоски, Даут Даути, Гордана Мајнова, Виктор Павловски, Владимир Ѓорѓиевски, Елена Стојковска, Зеријета Хајро Јајага, Цветанка Миновска, Стојанче Наумов, Афрона Верзиволи и Борис Арсов.
Кога беше нивното претставување во Собранието, дел од опозициските пратеници обвинуваа за партиска поврзаност на дел од кандидатите.
На пример, една од кандидатките кои покренаа реакции беше Афрона Верзиволи, чиј сопруг, според медиумските извештаи, е на чело на партиски огранок на Алијанса за Албанците. Верзиволи беше назначена за главна ревизорка на ИПА фондовите, но по реакциите дека таа воопшто нема лиценца, беше разрешена.
Реакции предизвика и Нафие Селмани, советничка во Општина Чаир, која до 2021 година била дел и од претседателтвото на партијата Алтернатива – дел од коалицијата „Вреди“ (ВЛЕН).
Актуелниот состав на АВМУ последната седница ја одржа на 25 декември. За 2 јануари оттаму најавија дека ќе се одржи и првата седница во 2025 година. Доколку се одржат најавите за избор на новите членови во првата или втората недела од новата година, таа може да биде и последна.
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изрази загриженост што дел од избраните кандидати во потесна конкуренција на кои им беше дадена можност да учествуваат на јавната расправа не ги исполнуваат ниту формалните услови според објавениот оглас. Воедно проблематична е и партиската заднина на дел од кандидатите што се предлагаат за гласање во Собранието. Во исто време не се земени предвид кандидати кои имаа извонредно професионално портфолио, беше речено по тој . Ваквиот начин на избор отвори простор за сомневања дека при изборот на кандидатите собранието се води од политички договори и компромиси, а не се избира според професионални критериуми, како што треба да биде при избор на членови на независно регулаторно тело како што е ААВМУ. Ова е клучно за обезбедување на ефикасноста и непристрасноста на регулаторното тело, особено во време кога се разгледуваат измените на Законот за медиуми кои предвидуваат проширување на надлежностите на Агенцијата, вклучувајќи создавање волонтерски регистар за онлајн медиумите и можност за формирање Фонд за поддршка на медиумскиот плурализам.
Прим ова се укажуваме дека работата на медиумскиот регулатор редовно е под лупа на Европската комисија и останати кредибилни организации како што се Репортери без граници и Фридом Хаус. Ефикасноста на нивната работа, освен што влијае на подобрување на условите во кои работат сите медиуми во земјата, има особено значење во евроинтегративните процеси на државава.
Само со професионален состав, со кредибилитет и интегритет ААВМУ ќе може успешно да ги исполни новите обврски и да ја задржи својата улога како независен регулатор во медиумскиот простор.

На листата на кандидати за членови на ова регулаторно тело се наоѓаат: Виктор Павловски дипломиран инженер по производна информатика од Скопје, Сашо Стефановски дипломиран по филмска уметност и ТВ снимател од Скопје, Петар Џуровски дипломиран филмски и ТВ монтажер од Скопје, Цветанка Миновска дипломиран новинар од Скопје, Афрона Врзиволи дипломиран економист од Скопје, Нафије Селмани дипломиран професор по албански јазик и книжевност од Скопје и Гордана Мајнова дипломиран економист и магистер по комуникологија.
Првите тројца кандидати беа изгласани со 10 гласа „за“ на предлог на координаторот на ВМРО-ДПМНЕ пратеникот Никола Мицески, а на предлог на пратеникот од ЗНАМ Даниел Стојчевски за кандидат на листата за членови на АВМУ беше изгласана Цветанка Миновска.
На продолжението на седницата по втората дадена пауза, на предлог од пратеникот Ријад Шаќири од Алијанса за Албанците поддршка да се најдат на листата добија кандидатките Афрона Врзиволи и Нафије Селмани.
Предлогот на пратеникот Љупчо Николовски од СДСМ магистер Арбен Саити да биде избран на листата на кандидати за членови на АВМУ не беше прифатен бидејќи доби само три гласа „за“. Неговата сопартијка Сања Лукаревска како нов предлог ја предложи кандидатката Гордана Мајнова која го доби потребното мнозинство.
Пратеничката Илире Даути од Алијанса на Албанците претходно ја напушти седницата, обвинувајќи за политизација на изборот на Советот на АВМУ.
– Нема зошто да земаме учество во оваа претходно наместена игра од страна на политичките партии. Се гледа дека добро се координирале во овој случај ВМРО-ДПМНЕ со ЗНАМ, можеби и со СДСМ и од друга страна со Левица, можеби и со ВЛЕН. За да не сме дел од сето ова уште еднаш да го изјасниме нашето противење за навлегување на политиката во медиумите, нас ни преостанува да ја напуштиме оваа седница во знак на протест, рече Даути и ги повика пратениците членови од Европскиот фронт да ја напуштат седницата.
Виктор Павловски, како прв меѓу избраните, е машински инженер и
Беше предложен од вмроовското здружение на новинар – МАН. Говорел за воцведување на објективни пипл-метри во одредување на квалитетот на програмата. По она што може да се провери има исти карактеристики за лице со исто име кое е во државна служба, типично за партијата која го предложи. Таа партија во претходниот состав го предложи уште еден информатичар, од екипата на тогашниот градоначалник на Скопје, дел од тамошниот инфо-систем ама без било каква врска со материјата која му беше доверена. Беше претседатела на Советот на ААВМУ толку години и одново си се кандидира!
Вториот кандидат на ВМРО ДПМНЕ дипломирал на ЕСРА а работел како снимател, монтажер и „се на куп“ кај екс-премиерот Груевски! Таму работел 10 години, практично целиот мандат на овој политичар што заврши во гепек, на пат за Будимпешта.
Петар Џуровски, дипломиран филмски и ТВ монтажер е следниот на листата. Работел на реклами, џинглови, спотови и документарни филмови, како серијалите на МТВ пред десетина години посветени на лустрацијата, жртвите на комунизмот и други, а моментално е советник за односи со јавност во Македонската навигација за воздухопловство (М-НАВ) и директор е на продукција. Може да се претпостави колку бил омилен таму, на место што е необично за таква државна служба.
Од кандидатите на владеачката партија преминуваме на коалциониот партнер – ЗНАМ, кој ја предложи и ја доби во Советот Цветанка Миновска, која доаѓа од државната агенција МИА. Вели дека известува од терен иако според последните извештаи таа е врзана за форумски задачи.
Спорни беа и имињата на двете кандидатки од албанскитер партии. И двете поминаа! Нафиен Селмани беше една од нив. Меѓу другото работела во кабинетот на сегашниот претседател на парламентот Африм Гаши во 2021 година,, за што има и фотографии, бидејќи била дел од екипата при посета на странци кај сегашниот спикер. Впрочем, таа била член на претседателството на Алтернатива. Потоа Селмани станала советничка во Општина Чаир, што може да се види од партиската веб-страница, на која пишува дека мандатот ѝ е до 2025 година. Но, сега пишува дека била независна пратеничка (!).
Селмани лани се најде на листата за пратеници од коалицијата „Вреди“, но не влезе во парламентот. Во собраниската зграда влезе пет месеци по изборите, во ноември лани кога се претстави како кандидат на јавна расправа за новите членови на Советот на Агенцијата за медиуми.
Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги забранува во Советот да бидат избрани лица кои биле членови на раководни органи на политички партии во последните 10 години, сметано од денот на објавување на конкурсот.
„Имам многу интересна биографија,“ вака економистката Афрона Верзиволи, втората избрана кандидатка Албанка во Советот на ААВМУ им се обратила на пратениците на ноемвриското претставување на кандидатурите. Таа навистина рагботела се и сешто – напишала дека била преведувачка, референтка во Министерството за финансии, веб-администраторка и менаџерка за односи со јавност во Стопанската комора на северозападна Македонија. „Покажав врвни резултати“, говорела самоуверено за себе, опишувајќи го натамошното лично искуство во една од комерцијалните банки. Се обучувала да биде и внатрешен ревизор во Агенцијата за иселеништво, но снемало пари, па секторот во агенцијата не се формирал. Нер кажала ништо во врска со професијата која ќе и носи добра плата, мислам некаде над 3,4 просечни плати! Во меѓувреме Владата ја именувала за главен ревизор за ИПА фондовите. По реакциите од ЕУ и притисокот од јавноста дека таа го нема потребното ревизорско искуство и ревизорски сертификат, Владата ја разрешила од функцијата во август лани.
„Можеби некој ќе праша зошто ваму, зошто таму, јас сметам дека младите треба да се предизвикаат себе, да отвораат нови фронтови“, говорела 34-годишната Верзиволи.
Накратко кажа и што планира да прави ако ја изберат за членка на Советот на Агенцијата за медиуми. Таа беше една од двете најспорни кандидатки за опозицискиот Европски фронт, поради политичката функција на нејзиниот сопруг, кој е шеф на огранокот на Алијанса за Албанците во Липково.
Се на се ААВМУ се покажува дека е простор каде завршуваат партиски кадри кои тешко дека можат да се искористат на вистински начин и според нивната клвалификација. Тоа е некакво наградно место акде треба да се „грее“ фотелјата и да се чува сегашниот небранет простор за злоупотреба на националмната фрекфенција. За завидна плата.
(Р.Г. – користени се извештаи објавени во медиумите од последните два месеци)