АНА ЧУПЕСКА
Историјата познава многу контексти слични на актуелните ( социо-полтички кризи, напр.). И токму тука може да се опредмети нашата предност. Поточно, предноста на прогресот.
Колку и да звучи неверојатно.
Новите околности се со многу предизвици. А , тие и такви предизвиците, пак, треба да се прифатат во целината на своите феноменолошки, онтолошки и епистемолошки аспекти.
Не, од позиција на морална супериорност.
Ништо од тоа не е апликативно во денешните околности. Тие изискуваат радикално престројување на вредностите, но, и радикално восприемање на стварноста.
Без патетика, и со комбинирање на разумот и страста.
„Новите околности”, може да кажеме, дека и не се баш посебно нови. Историјата познава многу контексти слични на актуелните ( социо-полтички кризи, напр.). И токму тука може да се опредмети нашата предност. Поточно, предноста на прогресот.
Колку и да звучи неверојатно.
Ова сепак е така.
Предноста на прогресот, имено, се ситуира во предвидивоста за крајната дестинација на авторитаризмот.
Напр. ако се присетиме на социјалните и економските дисхармонии типични за предвчерието на фашизмот; или; стаљинизмот, многу лесно може да извлечеме паралели кои се адекватни и за наштите сегашни состојби. И од тие епизоди на антихуманизам имаме многу научено. Значи, состојбите се слични, но, СЕПАК, има тука ена големата и важна разликата. Од тогаш до денес , прогресот се стекна , ако ништо друго, со значаен капацитет за предвидливување на дејствијата кои ги прави црната интернационала преку авторитарните алијанси кои оперираат низ светот.
Просто кажано, денес можеме да знаеме што може да очекуваме од нив.
За разлика од претходно.
А тоа не е мала разлика.
Денес знаеме што ни претстои,и во тоа се состои нашата предност.
Или, нивната предвидливост е нашата предност. Затоа, оваа прогресвна и цивилизацска придобивка, мора да се искористи во отпорт против налетот на илибералниот бран.
Мислам дека, од перспектива на политичка сврсиходност повеќе и не е важно дали и како се случува тоа што се случува,
туку,
како да се запрат предвиливите недемократски политички пракси кои се и ќе бидат во пораст.
Впрочем, имаме искуство, и субстантивно знаење ( knowledge ) за се она што цивилизацијата, особено, она што европската културата го има проживеано како историско – политички регрес. И како демократски регрес, следствено.
Овие сознанија ќе мора да се употребат во корист на оневозможување и пресретнување на идејата за целосна окупација на хуманата свест. Оти, ноторен факт е дека низ светот постојат сеуште прогресивни енклави, кои, не поверува во големата измама и первертираната демократска апликација. А овој факт ( потврден на изборните процеси наоколу и подалеку); ни дава за право да веруваме дури и дека е можна и инверзија.
Простете, легитимитетот, вистина може да биде дискутабилен од аспект на оправдана поддршка на авторитарните политики, оти тој по сите квантитативни параметри е содржан сепак, во мали разлики на изборните победи на авторитаризмите. Но, разликите не се толку големи во смисла на апсолутна масовоност/гласање. Туку, станува збор за разлики во процентите на поддршка кои се на ниво на феноменолошка демократска ескпозиција. Ова од една многу проста причина, а тоа е дека сите демократии страдаат од извесен електорален дефект, кој дава симулакрум на полн легитимитет. Затоа неможеме и не смееме да ги третираме авторитарните појавности како апсолутна легитимација или апсолутна подршка, туку само како една природна и феноменолошка первезија на самата демократија, во време на криза. Со која, конечно, може да се справиме.
Важно е овде, дека Прогресот , останува жив, но и единствениот субјект за субстантивен демократски преврат.
На таа линија, поточно е да кажеме дека последнава година, имаме низа на легални изборни резултати, но, со авторитарни последици. И спротивно, погрешно е да тврдиме дека илиберализмот добил апсолутна подршка.
Резимирано, во новите околности во кои сведочиме и ќе сведочиме понатамошно растење на авторитаризмите и нивно екипирање и освојување долж меридијаните, особено во Европа, сепак имаме неколку клучни предности.
Прво, нивното однесување е предвидливо.
Второ, подршката за овие политики не е толку голема како што се чини, затоа што поддршкта е повеќе легална одошто легитимна.
Трето, сеуште постои прогресивен свет.
Конечно, од оваа позиција на предност, најважното прашање не е како дојдовме до тука, туку што може да се направи да се смали предвидливото демократско назадување.