Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од 6.08 до 23.09.2021 на територија на државата починале 1033 лица со Ковид 19, 888 пациенти од починатите не биле вакцинирани, а само 14% примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања
Засега нови рестриктивни мерки или некои препораки нема да има освен тоа што сега е како критериум за влез на настани, угостителски објекти и се бара најмалку една доза вакцина. Од средината на октомври ќе има мерка со која ќе може да функционираат само целосно вакцинирани граѓани, истакна министерот за здравство Венко Филипче во гостување на Канал 5 телевизија.
Постојат повеќе причини за високата смртност, изјави пулмологот Дејан Докиќ во минатонеделното гостување на телевизија Канал 5.
Тој како една од причините за високата смртност од коронавирус го наведе тоа што голем дел од пациентите во болница се примаат во многу тешка состојба.
„Од 2.000 лечени пациенти во период од шест месеци, 381 пациент почина. Од кои една петтина починале истиот ден кога се примени, што значи дека се примени во многу тешка состојба и не може да им се помогне. Тоа е една причина, не е единствена. Една од причините е и самиот имуниолошки систем, доколку има пресилен одговор. Тој е наследен, но на него влијаат и други надворешни фактори“, рече Докиќ.
Вели дека помладите одбиваат да прават ПЦР-тестови за ковид-19 во здравствениот систем, поради страв дека позитивниот тест ќе значи изолација и нема да можат да го излегуваат.
Министерството за здравство ја објави анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид 19, во период од 06 август заклучно со 23 септември. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.
Во период од 06.08 до 23.09.2021 на територија на државата 32.818 граѓанин, се позитивни од тестирани на Ковид 19, од нив 22% биле целосно вакцинирани, односно 7.248 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид 19. Според статистика за изминативе недели, 25.570, 78% граѓани, од позитивните на Ковид 19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 80%, додека само 20% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани.
Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од 6.08 до 23.09.2021 на територија на државата починале 1033 лица со Ковид 19, 888 пациенти од починатите не биле вакцинирани, а само 14% примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас, како и пациенти кои се вакцинирале во странство со вакцини на Модерна и Џонсон, информираа од Министерството.
Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, при што секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна. Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2.
Комисија на Светската здравствена организација (СЗО) препорача употреба на коктели од антитела против Ковид-19 развиени од компаниите „Регенерон“ и „Рош“ за пациенти со висок ризик од хоспитализација, за оние кои се тешко болни и луѓето што немаат природни антитела.
Третманот во САД доби итно одобрување, откако привлече внимание кога се користеше минатата година за лекување на тогашниот претседател Доналд Трамп, кога беше заразен со коронавирусот.
Терапијата во моментов се разгледува во Европа, додека Британија ја одобри минатиот месец.
Во посебно соопштение, СЗО ја повика американската компанија „Регенерон“ да ги намали цените и да го дистрибуира третманот подеднакво низ целиот свет, особено во земјите со низок и среден приход.
Други компании исто така се повикани да ја пренесат технологијата за да помогнат во развојот на слични третмани
Посочи дека станува збор за мерка која ја воведуваат сите земји во Западна Европа и за патување, за влез на граници, настани, угостителски објекти итн.
– Тоа што сега следиме и според што се водиме се препораки на меѓународни тела, искуства од некои други земји од Западна Европа, САД, Канада итн. и тука се јасни препораките дека постарите граѓани, тие кои сакаме да ги заштитиме затоа што тие имаат и најголем број хронични болести се таа категорија граѓани кои после шест месеци од примена втора доза вакцина ќе можат да примат трета вакцина. Повеќе студии во светот укажуваат на тоа дека значајно се зголемува ефикасноста односно дека е на некој начин буст на имунитетот кога ќе се прими и трета доза. Затоа сега почнуваме со граѓаните постари од 60 години, понатаму сите здравствени работници без оглед на возраста, а тоа е така поради тоа што тие се најмногу изложени на ризик да заболат и без оглед на возраста и пациентите кои имаат некаква форма на имунокомпромитација, рече Филипче.
Целта е, појасни министерот, да имаме што поголем процент на опфат со вакцинација кај нашето население, кое сега е околу 37 проценти на тоталната популација.
– Граѓаните над 40 години се вакцинирани над 50 проценти, меѓутоа сега интересот е на некој начин спласнат. Можно е во следниот период согласно новите препораките така како што ќе излегуваат и од регулаторните тела и исксуствата од другите земји и од студиите кои ќе излегуваат, да препорачаме трета доза и за други категории граѓани. Вирусот се шири најмногу кај невакцинираните граѓани. Над 86 проценти од сите новодијагностицирани, тие пациенти кои се во болница се невакцинирани. Огромен број смртни случаи се кај невакцинираните. Граѓаните мора да сфатат дека ова е единствениот начин да ги нормализираме животите, да се растовари здравствениот систем, а тие да го заштитат своето здравје, истакна Филипче.
Во врска со училиштата, потенцира дека тоа што го подготвуваат е на еден начин скрининг, имајќи предвид дека можно е децата да се и асимтоматски преносители на вирусот.
– И во таа смисла сега правиме план и со директорите на центрите за јавно здравје, на здравствените домови, кадарот, начинот на кој тоа ќе се направи, како да обезбедиме доволна бројка деца кои ќе се тестираат во сите училишта во сите градови, за да имаме еден пресек на состојбата врз основа на што можеби ќе пресретнеме и некој случаи кои се асимптоматски па ќе може да носиме некакви мерки и препораки. Дотогаш останува препораката дека согласно тоа дека има малку заболени деца тешко е да се каже дали има трансмисија во училиштата заради тоа што децата и после часовите често комуницираат, се дружат, одат на спортови итн, препораките остануваат исти, рече Филипче.
Во врска со незадоволството на хирурзите во Градската општа болница „8 Септември“, кои тврдат дека немале услови за работа, рече дека намален бил обемот на работа во сите јавни здравствени установи вклучувајќи ја и таа болница, заради тоа што голем дел од кадарот бил во систем на ротација се третираат пациенти со Ковид-19.
Посочи дека разговарал со директорот на ГОБ „Септември“, ги искомуницирале лекарите кај кои има незадоволство заради начинот на работа.
– Дефинитивно има механизми сето тоа да се измени. Во текот на денешниот ден ги очекувам на состанок за да ги решиме сите проблеми. Верувам дека сето тоа ќе се реши и нзадоволството ќе спласне, додаде Филипче.