Не е спорно мислењето на техничката влада на Бугарија, како Пигмалион кој постојано прави политички кипчиња на претседателот Радев, дека нема да дозволи почеток на преговори со ЕУ на Македонија а дека ќе дозволи тоа да го направи Албанија. Ние и до сега не сме чуле дека дека Софија се противи кон напредокот на Тирана, туку на врзан прогрес на двете земји притиснуваше Макрон, кога работите стоеја поинаку, особено во очите на нациите од северот на континентот
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Пред неколку дена двоецот „харвардовци“ од новата бугарска влада го посети претседателот на Бугарија – Радев и говореше за нивните идни политики по области. По новиот образец на лидерите на Владата која треба да се изгласа во Парлементот овој петок, што веројатно е се случи, средбата беше снимана и пренесувана директно. Ова секако не му дозволи некои додатни прашања на Радев или по наше – го спречи да се „прави малку Иванов“ во однос на извршната власт. И се виде дека американските студенти одбија да одговорат на прашањето како овие идни претставници на парламентарното мнозинство ќе водат политика кон македонското прашање.
Ова игнорирање на интересот најнапред јасно покажа дека тие нема намера да бидат во хармонија со Радев и дека ќе водат политика за која нема и да го прашуваат. Во молкот секако имаше и можност дека тие имаат колебање во однос на дефинитивниот став кој Западот го очекува од Софија овие денови, заради познати разидувања околу ова прашање во коалицијата а која најнапред треба да го мине она подигнување на два прста на пратениците од четири партии, дел од владината коалиција. Потоа секако ќе се делува согласно на различниот однос на силите – на една страна социјалистите на Нинова и моќта на шоуменот Трифонов а на друга победниците на изборите Продолжуваме со промените со најмалиот сојузник Демократска Бугарија, која има многу мал број гласови, но се доволни за да се знае чиј тег повлекува најмногу. Факт е дека во четвртокот социјалистите кои го подржуваа радев и за првиот а сега и за вториот мандат, носи додатно разбранување во хармонијата на партиската коалиција, но тоа недоразбирање веројатно и ќе мине, бидејќи во мигот Бугарија стои на позиција на апсолутен „лузер“ во своето меѓународно опкружување.
Најпрвин треба да се каже дека технички гледано нема „ново вето“ – си стои старото на масатта на бугарската волја во ЕУ а потоа,и до сега, не сме чуле, дека Софија се противи кон напредокот на Тирана. Не од убедување, секако, туку од тактички причини. Кај претходниот премиер Борисов имаше видна нелагодност ако тоа се случеше, бидејќи, дел од нацуионалистите во оваа земја би реагирале на ваква поделба, но во основа излезот на Албанија од „локдаунот“ во кој би останала само Македонија серизно ќе ги намурти некои држави кои не мислат дека Албанија би играла соло во овој процес (Холандија и Данска, пред се). Ставањето на двете земји во една композиција која треба да влезе во бриселската станица е француска идеја, бидејќи Макрон секако не ја крие својата позиција на „протеже“ на Тирана! Така, се стигна до позицијата на поврзани садови на двете земји („разумен компромис“).. Технички останува можноста Софија од тактички причини да изрази воља за поделба на тој двоец – „да“ за Албанија а „не“ за Северна Македонија, ама тогаш дибидуз би заглавила во живата кал на санстефанските мочуришта, кон кои европските држави имаат силна алерргиска реакција, како грубо нарушување на основните идеи на создавање на Унијата.
Впролчем, токму во средата шерував два текст акои се сериозни индикатори на таквото расположение на земјите од ЕУ.
Првиот беше изложување на ставовите изнесени во „ФАЦ“ а пренесени во софискиот весник „Сега“. Овој текст предизвикал шок во Бугарија, според реакции од таму, но во него јасно се кажува, да упростиме, дека Германија не сака да остане осамена во историската меморија со својот фашизам и вината за холокаустот и дека Бугарија сноси своја сериозна вина за спроведување на идејата за истребување на Евреите. Во тесктот посебно се акцентира дека „фалсификувањето на историјата досега не е критериум за приклучување во ЕУ. Но, се чини, дека Бугарите сакаат да го направат да биде критериум. На такво нешто Северна Македонија не може да се согласи веќе поради самото почитување на вредностите во ЕУ“, пишува ФАЦ. Ова неволно веќе подолго време го признава и досегашното, макар и техничко раководство на нашиот источен сосед, кое истакна дека приказната за „историските права“ на Бугарија врз Македонија е плоча која треба да се извади од џубоксот и дека треба таму да се стави уште понеуверливата мелодија за непочитување на слободите и правата на оние кои во земјава се чувствуваат како Бугари, бидејќи, барем кај нас тие права не се врзувале за нечија етничка бројност. Како и кај историјата и тука радевистите влегуваат во опасна зона – државата која не признава поим на национално малцинство кај себе, за што Суидот во Стразбур сериозно ја потсетува, се обдува да и држи лекции на земјата која толку многу етницитети и нивните права ги нагласува во важните документи!
Вториот текст што го шерував е признанието на бугарската функционерка Весела Чернеева. Заменик-директорката на Европскиот совет за надворешна политика (ECFR) и директор на софиската канцеларија на организацијата во интервјуто за ТВ „Блумберг“ приознава дека Софија е целосно осамена во Унијата со своите ставови за спорот со Македонија и дека тоа се случува и во финансиската соработка со Брисел . Асоцијацијата на тоа како Полска е казнета за излез од ервопските политики пред се на финансиски план е целосно јасна.
Таа посочува дека последиците од бугарското вето на евроинтеграцијата на Северна Македонија ќе бидат директни и Софија повеќе нема да може да смета на соработката и на разбирањето од страна на Брисел.
– Фондот за обнова, Зелениот договор и трансформацијата на бугарскиот енергетски сектор зависен од јаглен се фактори на кои им е потребна помош од ЕУ. „Но, по нашето ’не’, барањата и желбите на Софија ќе бидат глас во пустината, смета Весела Чернева.
Засега Софија место пари добива само љубезни насмевки ама секако доаѓаат денови кога лутината на партнерите ќе биде уште пожестока, предупреди таа.
Очевидно е дека низ устата на техничкиот премиер во заминување Радев се обидува да ги одржи во живот своите ставови по однос на нашата земја и приемот во ЕУ, како и дека се обидува да им даде улога на кукавичино јајце кое ќе го положи во гнездото на владата на Кирил Петков. Социјалистите без сомнение ќе се трудат да бидат добар домаќин на тоа јајце а секако и Трифонов, кој ќе го има веројатниот ресор за надворешни работи.
И со последната посета на претставникот на Вашингтон во регионов Еставез, кој со непосетувањето на Софија даде на знаење што треба Софија сега да стори и со изборот на „зелената“ министерка на Германија Аналена бербок нема да ги има во себе паоочните врски со бугарската политичка сцена која беше својствена за Меркел.
Силите на таа обединета опозиција на политиката на Радев ќе се искуси деновиве, без сомнение.