НИКИЦА КОРУБИН
Пратеникот има мандат и тој го дава легитимитетот да зборува и да ги претставува граѓаните, меѓутоа не ви го дава кредибилитетот. Кредибилитетот е клучен во политиката, и личниот и колективниот
Почитувана јавност, почитувани медиуми, премиер, кандидати за министри … сега треба да кажам почитува колега и да ви се обратам вас, меѓутоа вие не се обративте ниту на премиерот, иако ви е најќесто таргет, ниту на кандидатите, туку вие најбрутално го злоупотребивте етерот и говорницата, и јас во тој дух исто така треба да се обратам само до медиумите и да зборам што мислам дека треба да зборам. Меѓутоа, со цел да го подигнеме нивото на дискусија и да бидеме малку поцивилизирани и барем да служи собранието за она што служи, јас ќе ви се обратам вас. Велите: „има податоци, излезе во јавност, текстови, индиции, итн.,, значи нешто нејасно и магловито, со цел да се шират: ред чисти лаги, ред брутални манипулации, ред перверзни дискредитации, и едноставно сите да се дискредитираат. Меѓутоа, за било што да кажете од оваа говорница, треба да имате кредибилитет. Мандат секако имате и мандатот ви го дава легитимитетот да зборувате и да ги претставувате граѓаните, меѓутоа не ви го дава кредибилитетот. Кредибилитетот е клучен во политиката, и личниот и колективниотм колективниот во случајов, произлегува од вашата политичка партија, а тука немате никаков кредибилитет.
Како се руши системот колега, како се руши системот … се руши системот кога апсолутно се узурпира и патронизира цело општество и цел дискурс; и вие зборувате во име на граѓаните, во име на народот, во име на кои граѓани? Во име на сите граѓани? Ние не претставуваме другите пратеници, граѓани? Се однесувате како обвинител, судија, се однесувате како господ бог. Еве, во согласност со вашата вера, се однесувате како да сте директна еманација на господ бог овдека во собранието и како да ја имате апсолутната вистина. Меѓутоа, ја немате апсолутната вистина.
Вие не правите елементарна разлика помеѓу јавното и помеѓу приватното. Вие ја прозивавте, надвор од деловникот, кандидатката за министер, за приватна фирма и сакавте да изнудите од неа податоци за приватна фирма. Дали разбирате вие што е приватна сопственост и дали разбирате што е јавно добро? Јавно добро … јас можам вас да ве прозивам како политичар и како пратеник, вие може мене да ме прозивате како политичар и како пратеник; и да ве прозивам и да ве прашам: Дали вие надвор од политиката нешто знаете за приватното, дали имате некакво друго искуство? И, тоа е легитимно, но не може да прозивате, затоа има институции кои се надлежни.
За жал, колега Ѓорчев вие се однесувате и сте епицентарот на дискриминацијата во ова собрание, и од она што излегувате. За вас говорницата е една обична алатка за пресметка. Ама, со кого се пресметувате, мислите дека со нас се пресметувате? Не се пресметувате со нас, се пресметувате со нормалноста во ова општество. Ама, ќе дојде нормалноста.
(Ова е говорот на на авторката на една од последните седници на Собранието на РМ)