Одземањето на дозволата за работа на Еуростандард банката што се случи неодамна предзвика бран од најразлични коментари во земјата. Имаше и партиски извори на оценки на оваа ситуација кога од „мапата на финансиски организации“ се брише еден познат бренд. Со своето често јавување челниците на ВМРО ДПНЕ паѓаат во очи со постојаниот обид вината да се товари токму на оној кој го спасува банкарскиот систем
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Брифирањето на јавноста на ВМРО ДПМНЕ со кое за пропаста на Банката е виновна владеачката партија и институциите кои наводно таа ги контролира. На сето тоа му се дава и една хронолошка „фуснота“, која треба да значи дека кога ВМРО ДПМНЕ е на власт банките не пропаѓаат и обратно – кога тие како партија не одговараат во голема мерка за состојбите во општеството тоа се случува!
„Секогаш кога е СДСМ на власт пропаѓаат банки, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Зошто НБРМ го одбила барањето на Еуростандард за воведување на администрација? Со што се забрзало пропаѓањето на банката?“
(Извор: https://www.24.mk/details/vmro-dpmne-sekogash-koga-e-sdsm-na-vlast-propa-aat-banki)
Во продолжение на ваквите обвинувања се наведува дека државава во својата триесет годишна историја зад себе има неколку големи банки кои пропаднаа и сите за време на владите на СДСМ или гувернери на НБРМ поставени од СДСМ, како што е пропаста на Алмако банка, ТАТ, Експорт Импорт банка, Македонска банка, Радо Банка, Југо банка, штедилниците ТАТ, Алфа С, Лавци. А во оваа неславна статистика од пред два дена се впишува и Еуростандард банка. Со овој најнов случај се продолжува праксата на измамени штедачи, пропаднати бизниси и удари врз финансиските текови.
Во однос на ваквото толкување на работите очевидно постои намера да се збуни јавноста во однос на законските и дури и уставни поставености на работите во однос на контролата на банкарството
КОНТРАСПИН: Основната позиција за контрола на работењето на банките во нашиот систем ја има Народната банка,. Тоа било и порано и сега. И овој пат одлуката била на Народната банка, како и мерките кои биле преземани и претходно во месеците и годините пред конечната одлука. Вистински стручни замерки на одлуката на НБМ во однос на Еуростандард банка нема!
„ Гувернерката ја донесе единствената исправна одлука за ’Еуростандард банка’ во дадената ситуација. Кога би бил на нејзиното место би ја донел истата одлука“ изјави претходниот гувернер на Народната банка, Димитар Богов.
Знаејќи ја ситуацијата во Еуростандард банка АД Скопје во изминатите години, вели тој во изјавата за МИА, јасно е дека Народната банка ги исцрпи сите можности за подобрување на состојбата во Банката.
„Со одземањето на дозволата за работење на Еуростандард банка, всушност ќе зајакне стабилноста на банкарскиот систем, бидејќи се отстрани единствената слаба алка во системот. Сите останати банки работат профитабилно и имаат ниво на капитал далеку над законскиот минимум“, вели претходникот на Ангеловска-Бежоска.
„За жал, и покрај годишните супервизорски извештаи од контролите во оваа банка кои му беа доставувани на Надзорниот одбор и многуте работни состаноци во изминатите години со акционерот и целиот состав на Надзорниот одбор, на кои детално им беше презентирана реалната состојба во Банката и амбисот кон кој се движат, тие не успеаја да го подобрат работењето со Еуростандард банка и да го намалат нивото на лошите кредити“, истакнува Богов за МИА.
Притоа тој посочува дека зголемувањето на капиталот кое се вршело на барање на Народната банка, многу брзо се трошело од загубите што се правеле со нови лоши кредити.
Гувернерката ја донесе единствената исправна одлука за „Еуростандард банка“ во дадената ситуација. Кога би бил на нејзиното место би ја донел истата одлука, вели во таа изјава претходниот гувернер на Народната банка, Димитар Богов.
Знаејќи ја ситуацијата во Еуростандард банка АД Скопје во изминатите години, вели тој во истата изјава јасно е дека Народната банка ги исцрпи сите можности за подобрување на состојбата во Банката.
„Со одземањето на дозволата за работење на Еуростандард банка, всушност ќе зајакне стабилноста на банкарскиот систем, бидејќи се отстрани единствената слаба алка во системот. Сите останати банки работат профитабилно и имаат ниво на капитал далеку над законскиот минимум“, вели претходникот на Ангеловска-Бежоска.
Овој гувернер, кој е своевремено предложен од пртседателот Иванов а избран од Парламентот каде мнозинство имаше ВМРО ДПМНЕ има доволно сознанија за финансиските состојби на банките, па и на Еуростандард (беше на фунцијата вов периодот 2011- 2018). Негова е оценката дека „и покрај годишните супервизорски извештаи од контролите во оваа банка кои му беа доставувани на Надзорниот одбор и многуте работни состаноци во изминатите години со акционерот и целиот состав на Надзорниот одбор, на кои детално им беше презентирана реалната состојба во Банката и амбисот кон кој се движат, тие не успеаја да го подобрат работењето со Еуростандард банка и да го намалат нивото на лошите кредити“. Притоа тој посочува дека зголемувањето на капиталот, кое се вршело на барање на Народната банка, многу брзо се трошело од загубите што се правеле со нови лоши кредити. Низ годините, вели тој Народната банка ги презема сите законски мерки согласно Законот, но таа нема надлежност за микроменаџирање на банките.
Тврдењето за тоа дека затворањето на банките има партиска обоеност е значи класичен спин, кој се користи во дневно-политички ефекти. Впрочем, многу банки навистина, од погоре споменатите ги затвори гувернерот Петар Гошев (2004 – 2011), но само затоа што во претходните периоди во нашето банкарство владеше хаос во оваа сфера а ја создадоа владите кои во меѓувреме имаа најоглемо влијание врз економските политики, пред се оние во кои премиер беше Љубчо Георгиевски додека министер за финансии, на пример, беше и сден од следните премиери – Никола Груиевски!