Или… апсолутна партиска толеранција на оние во чии скутови паѓаат делови од профитот на автобуските линијаши. На ова се додава и фактто дека овој или оној „е мој“, што предизвикува и мала, но и голема корупција: од некое евро во пасошот за нешто да се превиди до разни услуги за партиите, почнувајќи да речеме од превози на разни митинзи
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Министерот за меѓународни односи Османи деновиве изјави дека кон причинителите на тешката сообраќајка која се случи во Бугарија со огромен број на жртви, ќе се има „нулта толеранција“. Министерот, кој нема многу допирни точки со настанот, освен што и самиот е лекар, просто се „претера“ овие денови, за да прикаже дека неговата партија е таа која е со својот народ, напори кои повеќе им прилегаат секако на Бочварски, Спасовски и обвинителите. Од вистинска функционалкана страна.
Тврдењето дека нема да има толеранција кон оние кои се одговорни за трагедијата едноставно, по автоматизам не враќаат кон онаа трагедија кај Ласкарци, која беше врзана за гостиварската фирма „Дурмо турс“, која по начинот на своето работење е пресликана во држњето на транспортни линии и кај „Беса транс“. Тоа се вика – политичка поткрепа, односно неказнивост за некој кој е „наш“, па затоа се создава сообраќаен башибозлук.
Впрочем, минаа три години како никако да се дојде до пресуда за „Дурмо турс“, ексклузивецот од фрефентната линија Гостовар – Скопје – Гостивар, чии жртви се на душа на газдата на фирмата, но и на оние кои го толерирале, бидејќи, тешко е да не се види, на пример дека таа фирма прави технички прием на возила а во тие рамки и на своте автобуси! Техничката исправност на возило кај некој кој врши јавен превоз е од исклучителна важност, па тука секако можело да се гледа „низ очи“ дали исправноста е карактеристика на гостиварските автобуси. Заедно со техничкиот преглед оди и документацијата која гледаме е битна за тој вид на стопанисување ама и за безбедноста на патниците, бидејќи, во спротигвно се прави кармакашија во која цехот секогаш, кога-тогаш ќе го платат патниците. И видовме на два пати во последните неколку години дека тоа се случи.
Моќта на „Дурмо турс“ беше толку силна што газдите успеаа да го извлечат шоферот на автобусот, кој изгуби свест кај Ласкарци, претрпе потрес на мозок уште истата вечер и да го префрлат на „домашно лекување“, небаре треба да биде лекуван од некоја „баба Рада“. Во болницата имаше службени лица на објектот, многу полиција, истражни органи и што се не ама „власта“ на еден обичен медицинар била поголема од се’ во тој миг! Кој е тој лекар што треба да го пупшти дома лицето со таква дијагноза што ја имало? Но газдитѕе очевидно сакаа да го имаат шоферот под своја контрола како клучниот човек во настанот, за да можат да го увбедат самиот да се товари до крај како виновник на несреќата, настрана од другите можни фактори за тој настан кои оделе на товар на фирмата.
Вечерта по несреѓата кај ласкарци јас напипшав на фејсбук нешто околу тоа а еден колега тврдеше дека шоферот не е под истрага па мора да го пуштат (!), иако и другите згрижени во „Осми септември“ не беа под истрага, ама си имаа дијагнози. Ова само кажува во какво општество живееме и дека животот и смртта зависат од нечија моќ да ги држи под своја контрола сите полуги во земјата. Во многу различни сфери.
Долгховременото судење на актерите во овој процес, кои се продолжуваа со трикови на одбраната, но како да имаа своја поткрепа и во судијката која без тоа некој да го бара еден во миг кога немаше основ за одложувања на процесот, побара ново вештачење!
Трагедијата кај Ласкарци која го обви во црно Гостивар јавноста го градот ја товареше на ДУИ (чиј министер сега говори за „нулта толеранција“) ама не може да се изземе ниту Таравари, кој, како градски татко навистина не стори што е во доменот на неговата политичка тежина, која не е мала..
Летово имав прилика да се возам на релација Струга – Скопје – Струга. Го слупшав шоферот како разговара со некој роднина и се жали на бројот на дневни тури кои ги вози и кои се одвиваат по шемата шест пати неделно. Тргнува наутро до Скопје, се враќа назад, па одново, речии без одмор го држи воланот кон Стража и Скопје, па пак назад… Колку одлуки мора да донесе на еден таков пат, кој не е едноставен и колку во услови на премор, макар и со искуство може да доведат до погрешна одлука во некој миг!
Бројо на премини на границата што ги имал автобусот кој изгоре на Авропатот Струма јасно покажува дека шоферот (или шоферите) биле преоптоварени, дека не биле за возврат ниту осигурени и биле во некаква ситуација на бесчувствителна експлоатација.
Интересно е дека и при последната трагедија имаше чудна ноншаланција кај шефот на инспекторите а во исто време за само еден ден Министерството за транспорт и врски и МВР открија доста валканици во фирмата „Беса турс“ ,што одново симулира извесно подвојување по национална линија: кај некого има нетолеранција (во дадена ситуација) а кај другј реакциите се „слоу моушн“.
Првата мерка од некој државен орган дојде брзо – беше тоа одземањето дозвола за вршење меѓународен превоз на „Беса транс“. Компанијата користела возило што не било во регистарот на Министерството за транспорт и врски. Мината недела беа суспендирани двајца цариници кои биле на смена на 18 ноември 2021 година, а за нивниот непосреден раководител „ќе следува мерка на санкционирање“.
Се виде дека возилата не се стари само три години (што ги натера бугарските обвинители веднаш да го отфрлат автобусот како фактор за несреќата!) туку 13 години, што е огромна разлика. Лажната слика за транспортерот сега се топи брзо како Снешко на пролетно сонце. Во тој контекст Царинската управа соопшти и дека за сега опожарениото возило – колективен мртовечки сандак – на четири излезно/ влезни гранични премини имало стотини премини последните години или со лажни документи или без нив. Во некој смисол тоа просто било фантомско возило!
Ова секако се случувало на Дивиот Исток, каде разни локални и повисоки шерифи ги одредуваат правилата на игра. За сопственикот на фирмата „Беса транс“ Беким Хаџиу сето што се случило е тест на Алах, како една доволно широка платформа на опис на она што било.
Она што се случило секако има своја платформа. Како што напиша експратеникот Павле Богоевски – ова е тест за нашите инспекциски, царински и гранични слуќби. Но и на другите на оние релации каде се движела компанијата „Беса“ – Косово, Бугарија, Турција… кои се дел од Дивиот Исток, инаку „Беса транс“ не би можела да функционира.