ЕДВАРД ЏОЗЕФ
Една од најстарите и најмоќни републики сега ја споделува посраменоста од еден насилен и неуспешен државен удар, со една мала балканска земја. Но, има две важни разлики меѓу двата инциденти: ниту еден македонски политичар нема да дојде во Вашингтон и да ги учи Американците на демократија, како што американските политичари тоа успешно го направија во Скопје
Нападот на американскиот Капитол има своја аналогија во најблиското минато на неуспешни државни удари за поткопување избори – она што во Северна Македониja се нарекува „крвавиот четврток“.
Поради страв од прогон ако ја испушти власта од рацете, бескрупулозниот автократ и македонски премиер, Никола Груевски, ги повика неговите поддржувачи да ги запрат пратениците во „кражба на нашата земја“. Бројот и гневот на демонстрантите се зголемуваше, избраните лојалисти на Груевски во Парламентот го спречија опозицискиот лидер Зоран Заев да формира влада. Кога Заев конечно ги надмина последните пречки за исфрлање на Груевски од власта, толпа од луѓе, кои себе си се сметаа за патриоти, со знамиања во рацете, упаднаа во Парламентот, предизвикувајќи хаос. Толпата го нападна Заев и останатите оквалификувани како предавници. Притоа, лидерот на опозицијата се здоби со удари по главата, крв протече по неговото лице. Полицијата сепак пристигна, но доцна и ја растера толпата.
Споредбата на нападот на македонскиот Парламент на 27 април 2017 година и минатонеделниот напад на американскиот Капитолот, колку што е исправна, толку е и скромна. Една од најстарите и најмоќни републики сега ја споделува посраменоста од еден насилен и неуспешен државен удар, со една мала балканска земја. Но, има две важни разлики меѓу двата инциденти: ниту еден македонски политичар нема да дојде во Вашингтон и да ги учи Американците на демократија, како што американските политичари тоа успешно го направија во Скопје.
Наместо тоа, САД добиваат загрижени охрабрувања од сојузнциите и злорадост од Русија и Кина. Москва и Пекинг гледат со уживање на хаосот на Капитол Хил и прашуваат како САД можат да ги поддржат т.н. обоени револуции (во Грузија, Киргистан, Украина и Молдавија) или демонстрантите во Хонг Конг, кога ги негираат антивладините „демонстранти“ кои го напаѓаат Капитолот. Луѓето со добри намери на Балканот и насекаде низ светот, вклучувајќи ја и Америка, исто така се прашуваат дали САД го загубија моралното право да проповедаат демократија. Дали Америка може да промовира демократија кога Капитолот, симболот на нејзината демократијата, е направен парампарче.
Одговорот е да. Вашинотон може и мора да продолжи да ја промовира демократијата, дури и кого го исправа својот мошне износен модел на демократија. САД не смеат да си дозволат откажување од улогата на лидер и заштитник на демократија поради преувеличена и илузорна смисла на покорност. Претседателот во заминување, Доналд Трамп, ја ослаби демократијата на земјата и, парадоскално, откри некои нејзини изненадувачко силни страни. Овие примери на отпороност покажуваат како таа се разликува од Северна Македонија, од нејзините соседи на Балканот и од оние земји на Медитеранот, Блискиот Исток, Африка или Азија. Повнимателно проучување ќе покаже дека САД, изгорени од огнот на својата демократска катастрофа, се подобро позиционирани да ја промовораат демократијата насекаде.
Како прво, Американците гласаа во огромен, досега незабележан број, не само да победат нелибералeн кандидат, туку да поддржат демократски. Кампањата на претседателскиот кандидат Џо Бајден уште од самиот почеток беше дизајниран за избор на конкретни вредности, не само политики, прогрес или компетенција. Кредо на неговата кампања или cri de coeur (плач на срцето – н.з.), беше „да се бориме за душата на нашата нација“.
Ковид-19, здравството, расната и економската еднаквост, беа најистакнати во неговиот повик до Американците, но Бајден ги постави во универзалната рамка на демократијата – надминување на поделбите.
Второ, одбивноста меѓу поддржувачите на Трамп кон него поради неговото поведение поврзано со нападите врз Капитолот, макар и задоцнета, го засилува демократскиот мандат на Бајден и ги девалвира тврдењата дека разликата од седум милиони гласови е недоволна за Трамп да биде осуден за своите постапки.
За време на дивеењето на толпата, неколкумина, но не сите, републикански членови на Конгресот направија пресврт и ги отфрлија забелешките за изборниот резултат од електоралниот колеџ. Лидерот на сенатското мнозинство, Мич Меконел, веќе предупреди дека поништување на резултатите и решенијата на судовите би иницирало „спирала на насилство“, додека повеќе официјални лица од администрацијата на Трамп поднесија оставки, во знак на протест поради насилството во Конгресот. Некои републикамци дури повикаа Трамп да поднесе оставка пред истекот на мандатот и дека неговите постапките заслужуваат иницирање импичмент.
Накратко, нападот врз Капитолот, првиот институт на демократијата на САД, постигна начелна реафирмација на американската демократија. Тоа што многу поддржувачи на Трамп не бегаат никаде и дури и ги поддржуваат нападите, е од второстепено значење. Најважно е тоа што мнозинството се произнесе – републиканците и демократите во Конгерсот ја афирмираа продемократската победа на Бајден
Клучно е и тоа што Трамп мора да понесе одговорност, а не само да му се забрани да врши јавни функции во иднина. Треба да се реафирмираат нормите против употреба на политичкото насилство или употреба на парламентарни вештини за да се поништат избори, за што предупреди и Меконел. Тој навистина е во право кога предвиде катастраофа за неговата партија ако републиканците не успеат ди ги изнесат пред лицето на правдата своите колеги.
Спектаклот минатата неделa во Вашингтон ги поттикна трауматичните сеќавања околу нападот на Парламентот во Северна Македонија во 2017 година. Сега, членовите на партијата кои се виновни за тоа испраќаат контраобвиненија и го порекнуваат незаборавниот и се уште нерешен инцидент. Републиканците кои ја негираат вината на Трамп за опсадата на Капитолот треба да ја запомнат забелешката на Гордана Јанкуловска, поранешен член на Парламентот: „27 април остави трага на сите нас“.
(Авторот е професор на Школата за напредни и меѓународни студии при Универзитетот Џонс Хопкинс во Вашингтон и долгогодишен аналитичар за Балканот. Тексот е објавен во Форин полиси – Вашингтон)