Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

НAПАЃАЧОТ НА РУЖДИ Е ОСУДЕН НА 25 ГОДИНИ

May 20, 2025 Filed Under: Ревија

Матар го избодел 15 пати во образот, градите, окото, вратот и бутот. Обвинителството сметаше дека нападот бил испланиран однапред. „Имало многу луѓе таму тој ден, но само еден човек беше цел“, изјави обвинителот Џејсон Шмит пред поротата. Настанот се случи пред повеќе од две години

БЕЗ ЕДНО ОКО Ружди вели дека како некој да дошол од минатото да му ја одземе иднината

АНА ФАГУЈ

Хади Матар, напаѓачот на индиско-британскиот писател Салман Ружди, неодамна беше осуден во Америка на 25 години затвор. Судот го прогласи за виновен за обид за убиство во август 2022 година, кога го нападнал Ружди со нож во Њујорк, додека држел говор на митинг.

Ружди беше избоден неколку пати во лицето и вратот. Писателот го изгубил видот на едното око, му бил оштетен и црниот дроб, а левата рака му била парализирана поради повреда на нервот.

Нападот се случил 35 години по објавувањето на контроверзниот роман на Ружди „Сатански стихови“.

Поради начинот на кој е прикажан исламскиот пророк Мухамед, иранските религиозни водачи издадоа „фатва“ во 1989 година со која ги повикаа муслиманите ширум светот да го убијат за богохулство.

Неколку дена пред нападот, Ружди во едно интервју рече дека повторно живее нормално откако е во Америка.

Матар ја доби максималната можна казна за стореното злосторство, а беше осуден и за напад и повреда на Хенри Рис, кој разговарал со Ружди на сцената во времето на инцидентот.

Поради ова, тој беше осуден на седум години затвор и дополнителни три години.

Пред објавувањето, Матар станал и зборувал за слободата на говорот, нарекувајќи го Ружди лицемер, објави Асошиејтед Прес.

„Салман Ружди сака да се однесува кон другите со непочитување.

Тој сака да ги злоупотребува другите луѓе. Не се согласувам со тоа“, рече Матар, облечен во затворска униформа со пруги и со лисици на рацете.

Рушди не присуствуваше на изрекувањето на пресудата.

Матар претходно беше осуден во февруари за обид за убиство и напад по бурно судење за време на кое Ружди детално зборуваше за моментот на нападот, кога мислел дека ќе умре.

Тој сведочеше дека пред нападот видел човек со „темни очи кој изгледал свиреп“ како трча кон него. На почетокот мислел дека е удрен, а не избоден, изјави писателот по потекло од Индија пред судот.

Матар го избодел 15 пати во образот, градите, окото, вратот и бутот.

Обвинителството сметаше дека нападот бил испланиран однапред.

„Имало многу луѓе таму тој ден, но само еден човек беше цел“, изјави обвинителот Џејсон Шмит пред поротата.

Ендру Бротиган, адвокатот што го застапува Матар, тврдеше дека не успеале да докажат дека неговиот клиент имал намера да го убие Ружди.

Матар се изјасни за невин и одби да сведочи, а одбраната не повика ниту еден сведок.

АТЕНТАТОРОТ ВЛЕГУВА ВО СУДНИЦАТА Тој не чувствува вина а се чуди зошто јавноста го подржува писателот

„Не мислам дека е многу добар човек. Тој го нападна исламот“, рече напаѓачот за Ружди, објавува „Њујорк пост“. Матар со одобрување ги гледал повиците на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хомеини, за атентат врз Ружди.

„Сатански стихови“, четвртиот роман на Ружди, беше инспириран од животот на пророкот Мухамед и предизвика бес кај многу муслимани, кои го сметаа за богохулство.

Хомеини издаде фатва, декрет со кој се бара смрт на писателот, кој потоа се соочи со бројни закани и се криеше девет години.

Ружди во текот на изминатите години изјави дека верува оти бројот на закани се намалил.

Непосредно пред нападот, тој разговарал со едно германско списание и објасни дека чувствува дека живее „релативно нормално“.

Во мемоарите наречени „Ножот: медитации по обидот за атентат“, Ружди детално пишувал за искуството со ранувањето и долгото закрепнување.

 

Filed Under: Ревија

ШТО СЕ’ СЕ КРИЕ ЗАД ДОГОВОРОТ ЗА СТРАТЕШКО ПАРНЕРСТВО СО БРИТАНЦИТЕ?
ПОЛИТИКА КОЈА НЕ Е ЗА ЕУ, ЗЕМА И АНТИЕВРОПСКИ КРЕДИТИ
СИ ЏИПИНГ: РУСИЈА Е НАШ ВАЗАЛ ОТСЕГА ПА НАТАМУ
КАНСКА КОНКЛАВА: БРАК ОД ЉУБОВ
ПУТИНОВ ПОКЕР ИЛИ РУСКИ РУЛЕТ (129): КРЕМЉ ЌЕ БИДЕ ОБЕСХРАБРЕН, САМО УКРАИНА Е ВООРУЖЕНА ДО ЗАБИ

Најново

  • ШТО СЕ’ СЕ КРИЕ ЗАД ДОГОВОРОТ ЗА СТРАТЕШКО ПАРНЕРСТВО СО БРИТАНЦИТЕ?
  • ПОЛИТИКА КОЈА НЕ Е ЗА ЕУ, ЗЕМА И АНТИЕВРОПСКИ КРЕДИТИ
  • СИ ЏИПИНГ: РУСИЈА Е НАШ ВАЗАЛ ОТСЕГА ПА НАТАМУ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet