Дека постои посебно упатство и нејаснотија укажува и соопштението на Авто-мото сојузот на Македонија во нивниот редовен билтен за сoтојбата на патиштата. Од дента кога е пуштен во употреба новиот автопат, 24.04.2018, во билтенот на АМСМ континуирано (барем сè додека е пишуван овој текст), се наоѓа известувањето за снаоѓање на возачите
ТЕО БЛАЖЕВСКИ
Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов, за редакцијата на порталот „Сакам да кажам“ (СДК) даде изјава што ја сметаме за невистина:
„За да не излезат од автопатот доволно е да ги следат зелените табли на кои пишува Скопје-Атина. Секој возач, кој има положено и има возачка, знае дека на автопат се следат знаците со зелена боја, а жолтите се за регионални патишта…Од она што го гледаме на терен странците немаат проблем со движење на новиот автопат. Тие ја почитуваат и пропишаната брзина за движење, особено во тунел, што пак не е случај со домашните возачи“.
[Извор: СДК.мк – Знаци има доволно…, датум: 29.04.2018]
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ: Изјавата на Китанов е децидна – за да не излезат од автопатот од Скопје до Гевгелија, после делот Неготино-Демир Kапија, возачите требало само да ги следат таблите со зелена боја, тоа го знаел секој што имало положено возачки испит!? Како и тoа дека странците немале проблем… Ваквата изјава по проверката што ја изврши „Вистиномер“, според методологијата на проверка на изворите, е невистинита.
Изјавата на Китанов доаѓа по веќе забележаните реакции во медиумите дека има проблем со ознаките на таа делница, каде што завршува досегашниот автопат и каде што треба да се изврши престројување за да се приклучат на новоотворениот автопат од Демир Капија до Смоквица.
За тоа сведочи и прилогот емитуван на телевизијата „Канал 5“ ден пред изјавата на Китанов, во кој јасно се гледа дека има проблем и дека на истиот проблем наишла и екипата на „Канал 5“ која сакала да ја провери состојбата.
Вeќе следниoт ден и екипата на ТВ „Телма“ известува за истиот проблем од местотo на настанот, за што сведочи и изјавата на градоначалникот на Демир Капија, кој во прилогот потврдува дека има проблем и дека се обидуваат да го решат привремено со почесто присуство на сообраќајната полиција.
Но, проблемот останува ист, затоа што телевизјата и на 30.04.2018 објавува нова репортажа под наслов Автопатот и натаму ги збунува возачите. Од овој прилог, пак, јасно се гледа дека и патниците од странство имаат проблем со пронаоѓање на приклучокот.
Впрочем, покрај овие известувања на телевизиите и веб медиумите, дека постои посебно упатство и нејаснотија укажува и соопштението на Авто-мото сојузот на Македонија во нивниот редовен билтен за сoтојбата на патиштата. Од дента кога е пуштен во употреба новиот автопат, 24.04.2018, во билтенот на АМСМ континуирано (барем сè додека е пишуван овој текст), се наоѓа известувањето со следната содржина:
Од 24.04.2018 година од 11:00 часот, автопатот Демир Капија-Смоквица е целосно оспособен за одвивање на сообраќај. За користиње на истиот (во правец Скопје-Гевгелија) на клучката пред Демир Капија исклучете се за Скопје, спуштете се под надвозникот и продолжете само право, пратејќи ја таблата Гевгелија.
И покрај тоа, Китанов да тврди дека нема проблем, дека знаци има доволно и дека проблемот бил до возчаите. Но, во еден момент од изјавата што ја дава за СДК, самиот Китанов се демантира и речиси директно го признава проблемот:
До 15 мај ќе ги завршиме и останатите два километри од овој пат (реконструкцијата на делницата Неготино-Демир Капија – н.з.), кој е целиот со дупки, а до среда клучката кај Неготино ќе ја поместиме нагоре по патот за 4 километри и возачите нема да имаат никаков проблем да стигнат до Гевгелија. До јуни, пак, ќе заврши и реконструкцијата на 8,5 километри од стариот пат во правец Демир Капија-Неготино
Поради сите погоре наведени аргументи, оценуваме дека изјавата на именуваниот функционер на позицијата директор на ЈП „Јавни патишта“, Зоран Китанов, дека не постоел проблем со означувањето на делницата за да може да се користи новиот автопат, е невистина.
Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED – National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери. Опремата е на Глобус